Мојов обично од станување сабајле до дремката буден е 5 саати, а од дремката до вечерното спиење 6-7 саати. Така да, станува околу 6:30, дремка 11:30, дремката трае околу 2 саати, навечер легнува околу 20h.
Ние до сега се заспивавме... истрчан, изигран, пак касно заспива и се буди 2 - 3 пати навечер... во последно време и постојано како да е гладен, убаво ќе вечера и пак додека заспива бара да касне нешто. Јас не се потресувам толку, ама мачно ми е будењето навечер и тоа што бара да го презаспијам. Сега во бременоста па ептен имам потреба од добар сон...
На недоволно уморно дете спротивно му е хиперстимулирано и преморено дете. Треба да го натемпираш спиењето според детето. Освен ако не е некоја регресија, говор, тогаш можни се отстапки.
Да не се измести од рутината, изгледа тоа ме плаши. А ехее колкупати имало скокови... Ама откако фати ред во спиење и спие цела вечер (бебето кое се будеше на два сати ) не би сакала да си го поремети. И затоа се стресирам кога има подолга промена. Туку, кошмарите од кога се на ред?
Па знајш, доживуваат и комшари во ноќта , мислам дека после 3 години да не беа? Ај нека пише некоја мајка или да видам на нет
Исто најголем стрес ми бил и ми е спиењето хаха незнам зошто.... Исто цела година може и више мн лошо спиеше тогаш бев уште попотресена а сега сум порелакс ама пак знам да забегам со лесно нека ни е и за второ здравје порелакс
Колкаво е твоето? Мојов солидно спие веќе. Има година кајшо е вака, со повремени отстапки. Особено се подобри ко престана ноќе да цица. А за второ, со Господ напред, којзнае како ќе биде.
2г и 2м скоро исто скоро година некаде е добар ама спие со мене, и откако почна да спие со мене по годината почнавме да спиеме сите дома . За второ мислам колку и да се трудиме да контролираме се нема да може здравје само
Страв ме фати кај што ве читав дека не чинело 3 часа да спие. Еве моево денес спиеше скоро 3 часа. Стана утрово околу 7, активен е цел ден, надвор е секој ден на трчање или дома нешто постојано прави. Надвор одиме и наутро и попладне. Стана од дремка и не застанува со активности до легнување. Сега вечерва околу 21 (од прилика) ќе биде заспан. Спие мирно, не се буди цела ноќ и за време на дремка исто така. Што е толку лошо ако спие ноќе 10 часа, а понекогаш има дремка до 3 часа? Што им пуштате на телевизија на оваа возраст?
Воопшто не е лошо, поголемите дечиња често спијат по 3часа и моето спие 3часа дневна дремка .... Немаме проблем. Е сеа ако заспие покасно од обично помалку му доаѓа зошто го будам стално во исто време.
Оли,се чини многу,но ако не му го ремети ноќното спиење нема зошто да се грижиш. На тв и пуштам песнички,главно ретро од мое време,’90ти,сите ги знае. Симнав и ЈуТјуб кидс,цртани неќе да погледне,само ја привлекуваат видеа со деца,Диана и Рома,Влад и Ники,Настја…мене ми се очајни,децава квичат,не се ни разбира јасен говор,родители исто се снимаат како се глупираат заедно,као нешто поучни се ама не можам да разберам што им задржува внимание,милиони прегледи имаат..
Засега е океј со ноќното, но не спие секогаш толку дење. Завчера, на пример, спиеше саат и пол, ретко е ова 3 часа. Досега гледав на тоа дека има дремка колку што му треба бидејќи кога баш е активен и физички и со едукативни игри, тогаш знае да поспие повеќе. Дома вози точаци и коли, сите книги што ги има мора да ги поминеме и да ги разгледа, надвор задолжително ни е да излезе, сложувалки мести, игра и со глупости. Тоа ни е утрински распоред и кога ќе се врати од прошетка, веќе клапнува и едвај чека да јаде и да си легне. Да не треба нешто железо да му испитам? Песни сака од фестивали и деца да гледа, Стела и Сани ги сака, Биби да не ја види (мене гласот ужасно ме иритира и не можам да слушам). Цртани исто не сака, плаче да го исклучиме телевизорот. Понекогаш знае да погледне ако се пуштени серии од порано - Умни глави, Големи и мали и сл., важно да има деца. Многу ни ги сака видеата на коишто вежбаме со мм и секое утро бара да пуштам да извежба. Сега не го дружам, па сам вежба и си нема гајле или со татко му. Тоа повеќе смета отколку што вежба, но има омилени вежби и редовно ги изведува кога ќе дојдат на ред. И денс кардио обавезно за да имитира играње. Ќе ги ѕирнам тие што ги спомна, баш да видам за што станува збор.
Познато.. Цело лето го помина во една маичка јас му викам валкана е се пере не чиста ми е и ја пазеше са не му се исфлека само за да ја носи таа исто и едни чорапчиња со лавче само тие ги бара