Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
    Здраво мајки
    Дали ги јадат вашите малечки ракавите од пижами; мојов во последно се научи се гризи и го караме ама џабе и само пика се што ќе најди во уста ; буквално ни две минути не се остава сам .

    Дајте предлог какво шише да земеме за дете скоро 3 години ; последно зедовме со цевче ама го гризи како глувче и од Мам со клунче имаме и тоа го изгриза .
    Бесен е многу не знам веќе какво да земеме или кажете некоја чашка практична нешто да се научиме побрзо .

    Иначе мојов навечер се расонува до 1 седиме веќе очи ми капат а утре рано да станам треба .
     
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.382
    Допаѓања:
    18.620
    Од Зегин имаме од новите,со дупче горе под капачето.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    25.816
    Пол:
    Женски
    Од оние како спортски земи, нека си одбере сам со какви фигури сака. И мојава со цевче ги обожава, купувам на секое пошо ги прај исто пртал, сега си одбра такво шише па ќе видиме иако си го бара старото пак, иначе купувам идентични пошо друго не сака.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
    Каде има ?
     
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
    Ај прати ми слика ако може.
     
  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    1.452
    Пол:
    Женски
    Ќеркс ми пред некоја недела ми се пожали дека ја боли запче...и видов дека уствари и излегуваат петките. Еве веќе неколку недели на истото место се жали и денес бевме на забар ама за селата рече дека е од растењето на петките. Денес не можи ни да јади нешто салам од што ја боли. Има нешто да и дадам за да не ја боли многу?
     
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.731
    Пол:
    Женски
    Малиов скоро 3 приметив дека има перут го мијам со бејби лов сензитив. Инаку има дерматит тоа го држиме пот контрола со Биодерма. Што да земам за шампон?
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    25.816
    Пол:
    Женски
    Мачкај ја со маст за против болка при никнување на запчиња. Можеш дами дадеш и парацетамол сирупче и тоа даваат против болка.
     
    На MikicaBt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    25.816
    Пол:
    Женски
    Има и во ДМ, во книжариве има баш гледав комплет беа со пластично за ужинка, имаш и во Еурофарм на Twistshake.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    12.002
    Пол:
    Женски
    Дали од пискање може да се оглуви, дали ве болат ушите кога пискаат?
    Не знам шо чаре
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    5 год.слушам врескање,уште супер ме служи слухот:rofl:
     
    На dunika, elimkd и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    12.002
    Пол:
    Женски
    Дали фаќаат високи фрекфенции, силно пискање или моево има ваква "дарба"?
     
    На Lisandra и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,ми треба совет како да се справам со тантруми..Синчето има 2 години и 7 месеци,а тантрумите почнаа од годинка ипол.Јас и он сме по цел ден сами дома и цел ден пробувам да му угодам,секогаш си играме заедно,се гушкаме,гледаме цртани,се закачаме,секогаш ако не му се допаѓа јадењето му готвам нешто друго нешто што он сака,кога нешто не е како што сака пробувам на мирен начин да го смирам за да ми објасни што сака.Ама проблемот е во тоа што кога е љут и кога нема да му се посветиш во истиот момент кога сака нешто он почнува да фрла играчки,во тој момент најсмирено му кажувам да не го прави тоа ме сослушува и пак продолжува,наредно му објаснувам зошто не треба да прави така и пак продолжува,некогаш знае да фрла во стакла,фрла со чаши,со предмети со кои што може да се повреди самиот или некој околу него.Јас сум многу смирена но неколку пати ми се има случено да го исплескам по памперс или да добие шамарче поради тоа што со мене се однесува толку агресивно пример он мене знае да ме искубе,да ме изгребе,гризне,удри шлаканица,пред некој ден ме исшутира со клоци по грбот затоа што не му дозволив да штрака на лаптопот а јас на тоа најсмирено му се свртев и со разговор пробав да го смирам,не ме послуша и после тоа му се развикав а он на тоа почна да вришти и да ме кубе и на крај доби шамарче и пак си продолжи да се треска од земја.Значи јас никогаш го немам удрено за ситница или за некоја беља,дури и кога фрла и удира и буквално ме малтретира пробувам да го средам тоа со убаво..Е сеа единствено се смирува кога ќе се расплачам пред него,кога ќе види дека ми е тешко и ме повредил,да појаснам јас не плачам од него,плачам затоа што сум го удрила или развикала.Јас имам пораснато со родител кој што ме тепал за најмали ситници од тоа зошто сум ја откачила завесата до тоа зошто сум истурила сок ненамерно и ден денес сум љута на него и му немам простено за таквото однесување.Јас не сакам да сум таков родител не сакам да му се развикам а уште помалку да го удрам но тоа го правам кога веќе не знам како да постапам и во истата секунда се каам и се расплакувам се извинувам и сама себе не можам да се поднесам(во моментот кога ќе го удрам јас одма се повлекувам значи не го малтретирам),ако го оставам сам во соба он доаѓа по мене и вришти,ако се заклучам во соба фрла со предмети по вратата и врска,ако седам покрај него мене ме удира и сам се удира,на никаков начин не можам да допрам до него да ме послуша.Исто така што и да правам него не му се допаѓа не дозволува да се избања,да исече нокти,да измие заби,да се облече,да исчисти уши значи буквално се ни е кошмар како да го малтретирам а не дотерувам.Исто имам проблем кога сум кај моите мајка ми премногу го размазува и од нејзе не можам да го искарам ако го искарам он трча одма кај нејзе и и викам не го зимај а она на тоа ми вика ама греота е и детево уште толку зима сила од нејзе и се глупира а татко ми гази преку мене пример синчево прави беља и покрај мене тука он се дрзнува да му се развика или да го навреди и постојано кога идеме на гости јас се расправам со моите затоа што кога сме кај нив се расправам ем со синот ем со нив и сум пренервозна.Значи јас имам авторитет и кога ќе кажам за нешто не на тоа си стојам до крај ама како да го смирам синот после тоа мое не и како да им објаснам на моите дека тоа што пет минути ќе плаче е подобро од ќотек и од размазување.Извинете за долгиот пост и чекам ваши совети и искуства позз
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И ти го размазуваш, не само мајка ти.
    Децата сакаат граници и тестираат до каде да одат.
    Гледа дека му попушташ евентуално.
    Апсолутно се сложувам дека ќотек не е решение.
    За плачење пред децата немам став конкретен, избегнувам да го правам истото, памтам колку ми било тешко кога мајка ми плачела пред мене.
     
    На elenaklasik, mal.ecka и LanaDelReyQueen им се допаѓа ова.
  15. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Da,vo pravo si mozebi i jas go razmazuvam ama zarem ako go razmazuvam treba da dobijam nepochituvanje za vozvrat.Vo vrska so majka mi sme razlichni poradi toa shto jas koga kje zgreshi mu ukazuvam na toa a ona se odnesuva kako nishto da ne se sluchilo.
     
    На Lady Leona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ти болдирав каде ти се првите "грешки".
    Бабите и дедовците најчесто ги размазуваат внуците, тоа е често кај нас.
    Детето е мало, и е дете, не ти покажува непочит, него гради карактер, те истражува тебе и себе.
    Сигурно на моменти си осетила и манипулација од негова страна.
    Малце построго, полека и не нагло, ќе му укажуваш и покажуваш како.
    Смирено, објаснувачки да разбере. Верувај многу разбираат. Со тек на време и ќе применува.
     
    На 0ли, dunika, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram se nadevam deka kje nauchime kako treba a kako ne treba..
     
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Машала и двете се супер надарени:emo:
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.361
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    @LanaDelReyQueen
    Многу работи напиша како во еден здив.
    Да одиме полека малку ок? :)
    Да почнеме прво да расчистиме што се тантруми.
    Тантруми се изливи на емоции (плач, дерење, мавање од земја) од детето кои се реакција на твое одбивање да нешто направиш или да му исполниш. Ако се обидеш да го смириш и да му угодиш во таква ситуација уште повеќе продолжува со плачките. Со тек на време се почесто се случуваат и се подолго траат.
    Тантруми се нормални за период од две, три години и со тек на растењето се намалуваат обично во 4-5 година.

    Сосема друго е однесување на детето заради одреден стил на воспитување на родителот/родителите.
    Имаш обично препоспустлив стил на воспитување или премногу строг стил на воспитување. Ниеден од нив не е добар. Првиот прави размазено дете а второто прави послушно дете кое во даден момент ќе врати со бунт револт и обратно однесување.
    Најдобар е т.н. демократски стил на воспитување или позитивно востание (кој воопшто не е ист со попустливиот).
    Дали во твојот случај не се работи за попустлив стил на воспитание?
    Велиш ти си имала престрог родител кој за се опоменувал и карал па сега се обидуваш да не отидеш во тој правец со детето. И ќе отидеш во спротивност и ќе бидеш премногу попустлив родител. Не е необично да е така..

    Прво зошто му угодуваш на желбитеи го размазуваш?
    Зошто сервилност толкава кон него?
    Не викам дека треба на пример да го тераш со сила да јаде храна која не ја сака, но зошто и да се малтретираш да готвиш одма нов оброк? Дали детето тоа го јадело претходно, па сега решило да пребира или е нешто што стварно не го јаде? Ако е првиот случај не би требало да му попушташ. А ако е вториот случај тогаш џабе си готвела ако знаеш дека не јаде тоа..

    Конечно, ако сакаш воспитно да делуваш можеш вака:
    Прашај го детето што му се јаде пред да зготвиш. Кажи му денес ќе се договориме и тоа ќе јадеме. Мислам дека ќе ти каже општо...Моите на таа возраст знаеа да кажат што сакаат пр. Месо, ориз, макарони и сл. Кога ќе јаде ако изводи и одбива ќе му кажеш дека така одбрал и дека сега нема да може да правиш друго. Може ќе се буни ама ќе си стоиш цврсто на одлуката.

    Лошо однесување се казнува.
    Тантруми се игнорираат.
    А не обратно!

    Дали не ја правиш оваа грешка?

    Казната се дава за лошо однесување како што опиша-мавање, гризање, кршење и било кој друг чин на агресија. За мало дете како на оваа возраст доволна казна е зборот не и да види дека го мислиш тоа не. Да види дека стварно ти си налутена и со фаца и со гестови.
    И самата велиш дека те жали ако плачеш ама не треба да плачеш навистина пред него зошто не треба да дозволиш да те контролира емотивно. Ти си возрасната и ти треба да ја имаш контролата.

    Детето има само една задача а тоа како да добие што сака и кога сака од тебе. Цел ден го има да пробува да смислува и да те тестира. Што упали кај тебе тоа ќе го применува и понатаму.

    Кога казнуваш не со ќотек.
    Ќотекот има контра ефекти. Мали деца башка и не го разбираат. Некои дури и како игра го сфаќаат.
    Но сосема добро разбираат и читаат фаца, промена во тон, во расположение или во држење на родителот. Дури и од зборот подобро (зборот те вербално објаснување е за поголеми дечиња и за тинејџери)

    А најбитно во казнувањето, поточно во наградувањето и воспоставувањето, е да сте доследни и редовни.

    Тоа значи - едно лошо однесување секогаш е лошо и секогаш добива соодветна реакција од вас за него. Секогаш ќе повлекува од вас казна. Доброто однесување секогаш ќе биде добро и ќе повлекува награда (пофален збор, и сл).
    Ако не сте доследни и реагирате на манифестираното однесување само понекогаш (кога сакате, кога не сте уморни, зафатени и сл) тогаш го учите погрешно. Не може еднаш за фрлен предмет да биде казнето, а другпат не на пример. Детето не добива јасна порака што е дозволено, а што не е.
     
    На azelea, 0ли, Izzy_0504 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ќе научиме сите.
    Малце смени си ја позицијата дека си родител. Играјте, закачајте се, ама ручекот е ручек и тоа се јаде.
    Ти си родителот, не сте другарчиња.
     
    На LanaDelReyQueen му/ѝ се допаѓа ова.