Мајки, дали син ми ако сега ја прими вакцината за морбили би ми пречела сега по развојот на плодот? Бремена сум 6ти месец. И дали пред примање треба нешто да е јаден или на гладно? Еден ден пред вакцина, ќе му правиме крвна слика, доволно е така?
Какви смоки се тие? И јас сакам @elimkd не грешиш за кајганата, прај му по две, па колку јаде - на здравје нека му е.
Баш вчера читав за ова на мала беба велики гурман. После наполнета една година може да се дава по едно јајце на ден. Ако некој ден детето изеде две јајца, тогаш наредниот ден не му даваш ниту едно. Така што, ако не јаде јајца секој ден, тогаш е во ред да даваш омлет од две јајца.
Здраво, Имам едно прашање,ве молам за совет. На малата стомачето константно и е надуено или да објаснам подобро има големо меше. Нема никакви симтоми, стомакот и е мек, ја стискам нема болка, столица има нормална меѓутоа мене некако ми боде очи што и е мешето големо, како пивски стомак а инаку таков и е константно.Крвна слика супер. Дали некој има искуство?
Таква и е конструкцијата. Исто така ко вас имам комшиче од Украина се, 18 месеци е и е толку ситно малечко, слабичко, а стомачето на на пред како да изело цела лубеница изгледа. Мајка и вика многу јаде затоа и е големо стомачето, по цел ден вика мјам мјам ама јас и викам ако јаде многу ќе е дебелко, полно насекаде, а не само во мешето, а тоа е ситно слабо, кога го фатам сите коски му ги фаќам мислам ќе се скрши. Здраво право си е инаку и такво си е, така си е родено со испакнато меше.
Мајки, дали некоја од вас се соочила со проблем крајници на толку мало дете? Хорорв почна лани т.е кога имаше година и 7-8 месеци. Буквално големината на крајниците и се како две сливи, на вечер грчи, константо затнат нос ама и знае од време на време да качи темп. што секогаш ја препишуваат на крајниците. За година дена се случи 5 пати да има воспаление на крајници, темп се движела најммогу до 38,5 и се спуштала после ибупрофен одма. Во јануар месец, јас сама дома маж ми странство, момичево доби фрас, темп од 37 нагло и се качи ма 40,7, со брза помош бевме итно однесени на доктор, препишаа само антибиотик и 3 пати на ден ибупрофен, за среќа се спушти брзо и се беше во ред (од тога морам да имам дијазепам за во газе секогаш со мене). Бидејќи не знам ни сама како се справив со тој шок, сега имам фобија од кревње на темп. Вчера од 37,5 за 15 мин крена 39,7, одма отидовме на детско. Урина уредна, брис за бактерија негативен, уво супер, плуќа одлична, се спушти темп не пуштија дома, ноќта помината супер. Денес сабајле беше омалаксана, зеде сила посче ручек играше пееше и вечерта кај 9 крена пак 39 темп, дадов сируп и од тогаш е 38 нон стоп. Знам дека не препорачуваат под 38,5 ништп да се дава, а и треба да поминат 6 саати од сирупот, не знам искрено што измеѓу да и давам за да и спадне, ептен имам уплав да не го до доживеам повторно тој стрес, таква глетка ми ме доктајчила. Тука кај што живееме не прават операција под 4г. , Мк ми рекоја мора третиот да се вади и да пие кортико значи ова со кортико за мене беше одма никако. Некој искуство? Иначе одбивам и антибиотик...
Сакам да прашам за со детево имаме проблем со ставање во уста и лижење се шо му е при рака, ова со месеци трае од мало има таква навика, никако да се смени, го карам за по 10 мин пак го гледам дека со друга играчка така, ова не е еднаш два пати цело време е така, сега во градинка ко ќе го пуштам се ќе излижи таму ќе закачи бактерии. Пробано е и со добро и со карање останува да го плеснам за да разбери ама не ми се тепа. Нема друг начин. Не знам како да постапам.
Бактерии ке фати во градинка и без да лиже предмети. Секоја мајка ке ти потврди. Ке збориш збориш збориш и ке помине. Какви темпераментни деца, треба модри да одат по твој памет ако се водат родителите.
Не сакам да го тепам скраја да е. Само не разбира од викање. Да го гледаш само како цел ден во уста нешто има и ти ќе реагираш.
Го поминав јас тоа. Орална фаза е и мора да помине. Ке збориш. Од викање само ке го плашиш, ке го оддалечуваш од тебе, ке му направиш трауми. Триста глупости излегуваат од дерење.
Порано мислев е заради забите шо излегуваа сега сите се излезени. Кога му викам го фрла предметот веднаш, по 10 мин заборава, сите играчки се излижени и изгризани со заби. Знам дека џабе викам. Ама тое.
Џабе ти е и да го плеснеш мада не ни треба да се плеска дете, посебно не за ставање во уста. Така го запознаваат светот тие. Ќерка ми 2год има и сега знае чат пат оние тестата за играње да ги става во уста, до пред 4 месеци на лулашки обавезно кога си игра во песокот го ставаше во уста, секој предмет до пред неколку месеци прво во уста одеше за да се испроба, оние фломастерите на вода 100% што се за играње ги шмука. А шише вода до неа си стои ама водата од фломастерот ја шмука. Кога си играме дома со бои знае четката да ја лижне. Тогаш тргам се до наредно боење друг ден. Па тогаш пак го прави истото и такс во круг. Ќе чекаш и ќе помине. Бактерии и вируси на градинка ќе ги помине секако, ставало во уста или не.