Исто и јас правам слично вака. Приметувам не се тепа да јаде благо, не ги кријам чоколадите се е на дофат. Жив царство си ги отвара и ги вади сликичките, некогаш го јаде некогаш не. Кога и да му донесат му давам, внимавав до 12м после тоа прекинав.
@Bubish26 знам многу добро како ти е, која нервоза и секирации. Моето имаше таков период со буквално ништо в уста, скапав молење готви фрлај… го однесов на педијатар ме советува ништо ич да не му нудам, да јадеме дома со игнор, почна да врти околу маса неколку дена, виде не виде сам си побара. Пак не е тоа тоа со апетитот ко порано ама колку толку ќе стави в уста. Кај нас градинката не помогна, дури и полошо ништо в уста не ставал, дома го носам и го ранам
Мајки ќе полудам... детето има 2 год и воопшто не јаде има добри 2 недели .. денес јадеше 2 лажици малечки ориз и 3 парчиња месо малечки, леб воопшто не сака. Млечни производи никако.. нема нешто да сака.. толку јадеше денес.. и вода тоа.. се плашам да не му се случи нешто еве спие го гледам и плачам.. инаку доле му растат 2 петки .. само наоѓам некоја причина ама нема.. го носев на педијатар ми даде вит ц и пико витамини ама џабе
Моето како читам е најнејадач од сите деца и се што прочитав тука.. земав витамини пико ама џабе.. мојот од кога престана да цица воопшто млеко и млечни производи не сака.. и кога цицаше не јадеше и пиеше нешто млечно.. незнам што да се прави.. многу ми е тешко. Толку ослабна што се му виси а вака е здрав трчи има некоја сила
Не сака ни мојава млечни, и правам несквик као кафе пиела иначе бело млеко никогаш нема вкусено, пошо исто вицаше предолго и шише одбиваше. Едино со мусли пие млеко и тоа купувам за неа козјо (она во тетрапак и не се ни познава дека е козјо), јајце и сирење јаде само измешано со макарони и тоа е тоа. Ни јас бело млеко не сум пиела и ужасно ми мириса и затоа и не ја терам ама бо била најсреќна кога би изела еднаш во денот цел оброк.
Го вакциниравме со Мрп. 2 години и 8 месеци наскоро. Се надевам добро ќе поминеме, страв ми е од промени во однесување. Многу ме плаши оваа вакцина, одбивна ми е станата. Ама возраста си е таман да прими, нели? Плус зборува, има контакт, весел е како дете. Со Господ напред
Втора доза прими мојава на 12 месеци. Можеби се различни ама Австрија ги дава тогаш. Немаше ни температура, ни омалаксаност, ни па некоја несакана подледица.
На 10 месеци. Прво и јас се прашував оти е различно ама можно е да не се ни иста фирма оти за рота кога прими малава прва доза, за втора бевме заглавени со короната во Мк и кога отидов во Јане не сакаа да и на стават им беше страв оти друга фирма била во Мк, без разлика што беше исто за рота.
Ние супер поминавме со мрп немаше никаква реакција , баш тој период после вакцината беше многу мирен и послушен а обично е по хиперактивен еве тоа само што го забележав ама тоа може така ми се поклопило не дека е од вакцината
Здраво, сакам на детево да му давам киндеримуно но пие антибиотик. Дали да го допие и да почнеме или нема врска тоа? Фала
Фала многу на одговорот. Премногу се нервирам, од здраво дете периодов многу често се разболува и слабо јаде.
Да прашам за вечера шо давате, моево освен чоколино и палента друго ништо не сака. А сакам да сменам малце и друго да се разјади. Еднаш одвај тост со сиренце и путер изеде, некогаш шпагети но повеќе си игра со нив него шо јади.
Тарана , јуфки , гриз со бананче или вишна , кисело млеко со лебче , млеко и бискоти , јогурт и корнфлекс или овес ...Тие комбинации ги вртиме , некогаш ако имам време некоја мафинка или проја но тоа поретко немам време за вечера да правам додека спремам ручек после работа па за вечера немам баш време ...
Ќе пробам со јуфки и тарана и ова со гриз може ќе ги јаде.Кисело млеко не сака со леб. Малце павлака ставам во палентата не сака кисели работи. Не сака ништо мачкано со лебче. Ни јајце не сака варено.
На 14 мес прими 2ра доза ќерка ми,немаше апсолутно никакви реакции.Знам дека е озлогласена вакцинава,ама не постојат медицински докази за поврзаност со аутизам или некакви подледици. @Lisandra она што останало од ручек,мафини,двопек и густ јогурт,тост со путер и маслинки,зеленчук свеж на ленти,палента,тарана,гриз…ништо комплицирано,гледам само да не е благо,да не збеснува од енергија пред спиење.