Мојава ќерка има 2 и пол години и пред некоја недела имаше конјуктивит..ни дадоа капки тобрадекс и неколку дена и ставав и и помина...ама од тогаш ми се жали дека ја болат очињата и трепка повремено...гурелки нема повеќе..некој слично искуство?
Мафини јас правам еднаш на две-три недели, како проја со сирење и спанаќ, или интегрални со овошје. Ги замрзнувам и по потреба одмрзнувам. Овие со овошје супер се и за ужинка. Ако сака поблаги оброци можеш банана лебче да направиш, исечи го на парчиња и замрзни ги. Ги мачкам со грчки јогурт и путер од кикирики, обожава.
Здраво, пробајте со сируп на бекутан б комплекс, кај нас има ефект кај малата 2.5 години е. Во однос на крајниците син ми имаше природно големи крајници и исто мака мачевме со нејадење кога беше на возраст од 2 до 4 години, после повеќе консултации и еднакви мислења од тројца доктори му ги извадија на 4 години. Од тогаш е се во ред околу исхраната. Незнам дали да поврзам со крајниците или периодот пројде како и да е тоа е нашето искуство , барајте повеќе мислења пред било што.
Ќерка ми во последно време многу се гади од храна. Значи секојдневна храна што пригптвувам, дали за неа, дали за нас, знае да ми рече дека не мириса убаво и добива нагони на повраќање, исто и нешто ако проба, што го јаде редовно и прави нагони или во некои случаи повраќа.. Јас сум загрижена, да не има некој проблем со желудникот, маж ми смирен е, нормално било пребирлива била... како да не е ништо страшно. Имала некој ваков проблем?
Мојава се гади од храна ама не од таа што обично ја јаде туку нешто ново ако види, пример чајна и краставица не јаде, ако види дека некој јаде одма добива нагон за побраќање, исто беше и со пченка варена.
E да, и од нова храна и се гади. Сирење , ајвар да не види.. бега во друга соба, многу и мирисало..а нема пробано.
Колку време им треба да заспијат на вашите деца? Не знам дали претерувам или така е кај сите, ама по минимум 1 саат се успиваме секоја вечер. Денски немам проблем заспива за 15 мин-пола саат ама навечер не знам што е проблемот. И вака е од кога е родена. Никогаш не сме имале проблеми со често будење ноќе, ама заспивањава вечерни ми се многу напорни. Па и како што е поголема и потешко е мислам. Има 24 месеци. Имаме иста рутина секоја вечер. Вечера, раскреваме играчки, облекуваме пижами, миеме заби, одиме во спална, читаме книги 15-20 мин и се смирува. После гасиме светло и ајде велам да спиеме. И она почнува салта да прави по спална, песнички да пее, јас не реагирам никако само одвреме навреме ќе речам ајде тишина треба да спиеме. Па заќутува и продолжува да пика глава под перници, да се превртува, мава со нозете… и така 1 саат минимум некогаш и повеќе, не застанува. Гледам да е активна кога е будна колку што е можно, попладне шетаме со неа низ населба да се умори, тв не гледа, благо не јаде, сокови не пие, внимавам на часови на будност, ја носам во спална порано зошто знам дека нема за брзо да заспие. Стварно не знам каде грешам. И дали воопшто грешам или кај сите е вака. Од дремка се буди околу 15:30, во спална одиме во 20:00 и до 21:45 некогаш и 22 часот, не заспива. Последниот пола саат како да се мачи, како да не може позиција да си најде. Ѝ се спие и не се предава. После спие до 7:30-8 сабајле, дремка од 1:30 до 15:30. Се мислам дури да земам некои витамини нешто за полесно заспивање. Предложете ми од кои сте задоволни.
Премногу е долга дневната дремка. На некои деца на таа возраст им се многу 2 часа. Мал е прозорецот на будност до вечерно спиење. Пробај со 1 час спиење денски. Пример од 1 до 2 или прво 1 до 2 и 30. Кај син ми на 2 и пол години во зима и - час му беше многу. Откако ја исфрли целосно дневната дремка си спие по 12 часа ноќе и му одговара. Заспива брзо, 15 минути максимум откако е без цице, а на цице 2 минути беа многу.
Некогаш спие саат и пол, некогаш 2 ако спие повеќе ја будам. Баш ќе пробам со 1 саат како ќе е. Пред месец дена, имаше еден ден без дремка го помина и во 7 веќе клапната за спиење беше ама ја додржав барем до кај 8:30 зашто ми беше страв дека ќе се разбуди во 5 наспана. Е тогаш заспа за 20 минути.Инаку издржува, да не ја однесам во спална мислам дека до 12 без проблем ќе седи
Доцна е дремката. Значи наутро ја стануваш во 7 и 30 пример и легнување за дремка во 12. Ја оставаш да спие до кај 2 максимум, ќе си видиш неколкупати дали така е во ред. Ама таман за вечерта во 20:30 21ч да е изморена за спиење. 3 и пол поручек е многу многу доцна, не е доистрошена за тие 4 часа. Пробај од утре.
И мојот тешко заспива, станува во 8 и 30, дремка од 17:00 до 18:30 си легнува дури во 23часот одвај заспиваме, си игра на спалната се врти со кебенца се покрива, не знам витамините колку помагаат за да заспие, пие б комплекс не гледам разлика таков му е ритамот за спиење и тој дури не се измори, не се изврти кога веќе му е досадно заспива.
И вие сте за поправање на дремката. И јас да спијам во 5 попладне, вечерта нема да можам да заспијам. Малце поправете ја дремката, хигиена на сонот, рутината подобрете ја. Детето нема осет за време, дали е 2 5 8 навечер. Вие како родители давате насоки и време кога што се прави. Сигурна сум дека ниту детето не сака така, ама препуштено е да прави како што ќе дојде моментот. Будење порано, дремка до 2 2 и пол максимум. Игра малце дома со тоа што сака, малце шетање надвор попладне до кај 6 и пол, и вечерта со некое ритуалче, дали читање книга, пиење топло млеко, некоја приказна раскажување, за да го асоцира на спиење, и ќе си заспие како бајче. Пробај така.