@Lovebug01 ако дење спие до 15:30 џабе ја носиш во спална во 20ч.Нема шанси да заспие,баш ко што си пишала,тек кај 22 ке заспие најрано. Пладневна треба да е дремката,кај 12-1 максимум,со времетраење од 1 час,па вечерта да заспие на време. Значи пробај само да ја поместиш порано,па види дали ке има разлика.Би требало да е лесно,сега рано се стемнува. @MilaSs12 од кога исфрливте дневна дремка?
Не сака да спие, легни стани цело време, пробувам да го заспијам и тоа почнувам од 14 часот мене ќе ме измори ама тој никако не се изморува. И тоа го вадам на шетање кај 12 си идиме идтрчан преморен јади па млеко колку за да спие но на сила не може тоа е шо е.
Абе се пробав од носење порано до оставање да видам до кога. Е само порано будење од пладневна не можам бидејќи тоа време не е со мене ,два часа е кога е во градинка и колку сака е кога е дома...
A ручек кога им давате? Пред дремка или после? Мојава имам приметено попладне повеќе јаде. Тогаш и руча, и ужина и вечера. Сабајле не сака одма да јаде кога ќе стане, тек после саат и пол откако ќе стане доручкува и после има една ужинка пред дремката.
Абе за истото дете да не зборуваме ? Еве сабајле ја премолив да јаде нешто од се што понудив по залче.. Кога стана си јадеше и ручек и ужинка и бараше пак за ,,грицкање " ( јаболче најчесто) и вечера. Само еве уште не е заспана
Хахах заспана е мојава пред саат и пол. Мислам попладне може уште 2 оброци да изеде. Сабајле некако и помалку количински јаде.
А зошто ја носиш толку рано во спална? Може не и се спие, си заспива кога ќе и се приспие. Мислам дека дневната дремка не ти игра улога или барем зависи од детето. Можеш да пробаш само порано да ја поместиш, пример да спие од 12 до 14 (или колку и треба сон) и вечерта во 21 да ја носиш во спална. Пробај во дневната да ја направиш приспивната атмосфера и кога ќе приметиш дека и се приспива одма префрли ја. Ние така функционираме. Мојот е 2 ипол години, спие 3 саати денски (12-15h), навечер заспива 21-22h и спие до 7 сабајле. Ако се разбуди порано од тие 3 саати неподнослив е, цело попладне е нервозен. Ручекот му е во 15 кога ќе стане тогаш сите заедно јадеме, а пред дремката има овошна ужина или супа ама доручекот му е секогаш покалоричен за да го држи до ручек. Така и самиот си бара.
Ако ја оставам да ѝ се приспие, до полноќ ќе седиме и ќе играме турбо. Темпераментна е, колку и да ѝ се спие кога знае дека е време за легнување ми вели “не нанеме мама” Еднаш бевме на фамилијарна прослава во кафана и ајде баш ја земав пошо немаше кој да ми ја чува и реков ќе седам да видам колку ќе издржи. Без проблем до 23 часот издржа и веќе почна да клапнува во раце ама никако не заспа. А сабајлето во 8:00 кукурек. Си велам деца имам гледано и по столови заспивале ама мојава не е таква. А летоска пак, бевме на детски роденден од 19 часот, една мајка со две мали девојчиња беше, приближно колку ќерка ми и си отиде во 20 зошто веќе почнуваа да заспиваат девојчињата. А мојава абер немаше како мотор во газот да има, скока ли скока. Да не пропушти нешто Ќе пробам баш да ја поместам дремката порано да видам каков ефект ќе има. Јас кога ја носам во спална веќе гледам дека ѝ се приспива ама после се мачи 1 саат положба си бара за да заспие. Тоа е проблемот.
Те разбирам, не дека и мојов секогаш заспива одма ама како расне се помалку време му треба. Исто можеш да пробаш наместо да читате приказни со запалено светло, да и ги раскажуваш со угасено светло. Јас така го гушкам залепен до мене и прво почнувам со нормален тон да зборам, па постепено почнувам да шепотам, да успорувам со речениците и изгледа му станува досадно и заспива Во право беше Сашко Коцев во една емисија вика трите прасиња не е добра приказна, ти треба некоја како али баба и 40 разбојници да има што да раскажуваш Што повеќе, тоа подобро.
Секоја вечер ми се врти во глава изрекава од Сашко Некогаш читам, некогаш раскажувам со угасено светло ама си има она 4 омилени приказни за заспивање и по редослед ги сака. После знае дека треба да заспива и молчи ама си “работи” по спалната, легната. Зева 737389 пати. Затоа и ја носам во спална порано, зашто знам дека нема да заспие додека читам. Тоа само моментално ја смирува. Ако после ми побара нешто друго да ѝ раскажувам, ѝ кажувам дека е време за спиење, ќе покенка 2 минути и продолжува да молчи. Па едно време скроз се смирува ама така неколку пати мислејќи дека е заспана зашто 15 мин не мрднала, пробувам да станам за да ја префрлам во креветче, светам со телефонот накај неа да ја видам и -ја гледам уште ококорена, ми се темни. Често се случува веќе скоро заспана, успана цела таква, вода ми бара само за да одложи да не заспие. Со мм секоја вечер ливче влечеме кој да ја успива зошто напорно ни е психички толку долго успивање. Со него за нијанса побрзо заспива, а често ни се случува и мене и нему пред неа да заспиеме
Леле ти бар вртиш приказни, ние само трите прасиња ја вергламе. Еднаш од умор наместо да речам двете прасиња се сокриле кај третото прасе, јас реков се сокриле во твоето креветче. И кога ококори очи со таква исплашена гримаса ‘Иииии мама, ја се плашам’ абе урлав во кревет. Сега со бебево имам нова финта, седнувам во дневна да му дадам млеко и му викам легни ми на нога додека го нахранам, па ќе ти кажам приказна и додека чека заспива, па го префрлам во спална
Господ здравје да ти даде што пиша, ептен ми олесна. Кога читам многу е 2 часа дремка, касно е 15 да станува, стварно почнав ептен да се грижам да не нешто не е во ред што спие подолго и да не треба нешто да го носам на испитување. Дури и си велам да не треба да го будам, па ќе си речам не бе си спие колку што му треба. Мојов исто како твоето спие 2-3 часа попладне, не секој ден 3. Пред дремка обавезно е надвор да се истрча и да игра по улици, на лулашки. Доручекот му е така покалоричен и го држи, не сака ужинка, па руча пред дремка и заспива во 13:00-13:30, најчесто спие до кај 15:30-16:00. Станува, по дома нешто ужинка, гледаме цртани, слушаме песни. Редовно, секој ден два часа е излезен од 17:30 до 19:30. Го вадиме надвор да потрча и потоа со кола до некој маркет, мол, кај баба му и таму се изморува. Се прибира дома во 19:30, вечера, па собирање играчки и чистење, усисување, па одиме во спална да мести сложувалки и да листаме книги. Не сака читање, нема шанси, сум пробала Потоа следува бањање и во 21 часот е во кревет. Последниве две недели веднаш заспива, максимум за 10 минути и спие до 7-7:15. Знам тука ми пишуваа дека не е страшно ако спие попладне толку часа ако не му влијае на ноќното спиење, ама сепак црв ме јадеше бидејќи немаше никој да пише дека детето им спие и до 3 часа попладне. Шубе ми стана и се убив од преиспитување да не треба да сменам нешто иако гледам дека потребно му е толку да спие.
Буквално исти ни се активностите освен вечерните зашто јас немам сила навечер да средувам. Активни деца се, со премногу енергија и мислам нормално е кога го носиш да се истрча повеќе и да спие. Вака е кај нас за викенд само, инаку кога оди во градинка само попладне правиме нешто. Сега почна и порано да се стемнува, порано се прибираме и малку напорно е дома додека легне
Ни јас не средувам, тоа навечер двајцава машки го прават заедно Ај тоа што се стемнува рано нам не ни е проблем, шета и трча и по темници, не можеш да го прибереш во кола. А често се случува и да истрчал, и со кола до некој мол да бил, и пак кога ќе стаса дома бара да продолжи со трчање надвор, па со триста плачки се прибира, тажи по дома како непрошетан. Сега со дождовиве што ќе се прави, ќе збесне ако не излезе. Кај вас полесно е барем претпладне, оди во градинка.
Не знам како ќе ме сфатиш, ама детето касно ти станува. Дете до 7 треба да е станато, до 8 појадокот да е завршен, во 9 да излезе надвор ако дозволува времето. До кај 11:30 - 12 да е изиграно, да јадело ужинка, таман да се отспие, после спиење ручек, па пак надвор, после вечера и кревет најдоцна до 8, еве 9 нека е. Тоа е правилниот биоритам, особено со зимсково сметање на времето кога рано се стемнува, греота е касно да стануваат, а треба денот да се искористи максимално, да се истроши енергијата. Во денешницава, родителите си ги прилагодуваат децата на сопствениот биоритам, наместо да биде обратно. Редот за спиење се поставува уште кај бебе, и да, има отстапки, ама генерално да си имаат ред со спиење и оброци, не како што му одговара на родителот, туку како што е најдобро за детето. Не е лесно, ич не е, ама кога ќе се воспостави редот, со растењето е полесно.
@dunika околу 2 и пол. Во јули наполни 2 и почна да спие по 1 час. Сам се будеше. Кога се затворивме дома се будеше во 8, ке поспие 1 час околу 13 и навечер до 23 беше свеж за игра. Немаше каде да се истрча. Надвор загадено, во игротеки не го носев. Престанав да го успивам и си спие од 9 до 9. Се случуваше преку лето кога е поактивен, а не спие 12 часа ноќе, пример на одмор, или ако се бања во базен (има кај моите) да преспие 1 час, ама по спиење обавезно одиме во парк да се дотроши.
Враќање од надвор и одма миење рачиња. Му ставам течен сапун, затворам чешма и го оставам да ги трие. Си се тргнав, татко му го пратеше што прави. И малиов со сапуницата на рачето пуштил чешма и со рачето шмрка вода. И сега маж ми почна "леле што правиш, а бе што е работава со детево како година и пол да е, а тој накај 3 оди...." Се чудеше како детево не му текнало дека сапун ставил. Мене пак ми е долично ко за дете, нели? Прават и вашите такви ситни глупирања, непромислени или пак мојов е ко поназад за возраста со вакви постапки?
Легнувај ја малку подоцна, јас мислам дека е научена да заспива тогаш и џабе се мачите порано. Инаку сличен табиет е мојот, легнува 10, станува 7 ипол, за викенд после 8 го будам. Сака да спие 2+ саати дневно (градинка спие од 12 до 2, дома уште покасно за викенд). Има 3 приказни, по ред ги сака и нема шанса да заспие додека не му ги кажам сите. Гледаш сличен број на саати им требаат отприлика за спиење, ако сакаш навечер порано да легне, скрати некако дневна дремка. Мада моево дете сака преку ден да си спие повеќе и го оставам, во декември 3 ќе прави.
Хахах смешки е маж ти. Ако изгледаат како човечиња, не се, деца се. Никако не си помага ни себе, а ни на детето со таков став. Прават нормално непромислени работи, затоа сме ние тука да им објасниме како треба