Бојат ли вашите деца?И убаво или само шкртаат?Купив и боички и боенки,објаснувам и ништо.Инаетлива е и смета дека не треба да се бои убаво ами само да се шкрта по листот .
Шкрта како ќе и текне без ред. Еднаш и купив боенка и ја учев да не излегува од линија ама џабе беше и се откажав. Кога бојат во градинка ги носи листовите дома, и еднаш дури воспитачката и вика пред мене:" покажи му го листот на мајка ти да види како шкрташ на него" тоа му доаѓаше како нр знаеш да боиш. Не изреагирав никако но неубаво се осеќав.
Шкрта и тоа се додека не успее да го исшкрта цел цртеж. Единствено знае да пишува 5-6 букви,вклучувајќи ја и неговата,знае да нацрта сонце,облак... А има голем интерес за пишување,татко му од странција донесе цел куфер боички.
И кај мене шкрта,и од градинка цртежите им ги гледам секој ден ги става воспитачката на табла и сите така бојат. Еве едно уметничко дело ми се најде во тел
@joy1 за прецизно боење, односно боење во секоја смисла е рано. Мислам дека некаде околу 4 или 5 години се развива смислата за боење. Мојов црта од две и пол, три години, ама со боење почна некаде околу 5 години. И сега на 6 години знаат да му бидат шкртаници боите... особено кога бои позадина на цртеж, и најчесто одбира фломастери за тоа, а ликовите со боички. Кој контраст е тоа, не можеш цртежот некогаш да го разбереш.
На малата мислиш претпоставувам Ма јок шкрта безвезе и ги расфрла боичките на сите страни. И големиот не ми беше нешто по цртањето еве и уште не сака мн да црта. А за жеМскиве мислам дека се уште мали баш да покажат интерес за боење и цртање . Јас се надевам дека понатака ќе сака повеќе јас мн сакав да цртам како дете, не дека имам некој талент ама бар имав желба. Имам една голема табла од една страна со лустови др со табла за креди и секој ден паѓам во искушение да и ја отворам ама мислам да ја причекам уште малку вака се бргу и здосадува а ние пак некогаш и мн форсираме играчки. Вајда сама ќе пројави желба
Да,за малата.И викам вчера дај мама да ти покаже како убаво да боиш,ми го грабна фломастерот од рака и вика неможе,бојам сама јас Веројатно ке се научи.Инаку сите бои ги знае која е,се нервираше што немало бел фломастер
Другарка мија која работи во градинка во америка и заврши таму постдипломски за ран детски развој ми јажа дека според тие некои методи по кои учеше дека не било правилно да џртале т.е. боеле децата во боенки бидејќи со тоа што треба да бојат во затворени линии им се ограничува имагинацијата. Подобро било да цртаат на празни листови. Не дека јас не им давам боенки Инаку и јас порано мислев фека син ми ич не го бива за цртање ама кога ѓи гледав цртежите во градинка забележав дека според возраста горе доле беа сите деца на исто ниво со цртежите. Може да имаше по некое кое се истакнуваше и тоа повеќе меѓу девојчињата. Гледам и сега во школо исто. Инаку да пробам да ви најдам слика како ги црташе количките до скоро да ве насмеам малку
Син ми тргна во градинка пев пат на 3 год.и 8 месеци. После еден, два месеца откако тргна, учителките ми нагласија дека боел нај убаво од целата негова група, многу пажливо, сконцентрирано и не излегувал од линијата. Пред некој месец, имавме родителска и повторно ми го кажаа истото Обично се развивала смислата за боење после 5 тата година од животот. Така да, тоа ми е еден плус да се гордеам со син ми уште од мали нозе што се вика, а да не набројувам дека секој ден ми кажуваат како е нај мирното, нај послушното дете од цела градинка (приватна е градинката каде што оди) никогаш не опоменуван од никого и за ништо. Не цимоли, не се лигави за нешто што го сака во моментот, секогаш прашува пред нешто да земе/направи......едноставно се гордеам со сиве овие особини што ги поседува моето каубојче, иако дома пола од тие работи ги прави, што е и нормално нели, дома си е дома, а во градинка си има правила и прописи кои ете ги почитува тој.
Мами керка до вчера немаше ништо а синока неможе да дишее и утрово уште рано стана плачејки носе ко вода течее на пладне само малку отспа..Инхалациии не дава да и правам солзи и течат мислиш плаче и на нос цело време збори..Како да и помогнам се мачи цело време..?
Мојот кога не даваше инхалации да правиме јас со сила држев. Нема жал,еден држи дете,друг инхалатор. Баш дека плаче подлабоко дише. Сега сам бара,зошто знае дека тогаш цртани ке гледа. Кај нас многу помага топла солена купка. Во добро затоплено купатило го бањам во кадичка, а во водата ставам и морска сол. Да поседи,тој игра со играчки. После го плакнам со туш. После бањање носот му се пушта. Исто така за затнат нос шприцам физиолошки раствор.
е фала ти ама неа и тече носот само преку вечер и се затнува дали дека леже затоа незнам..сепак фала ти на советот
Мајки синко од вчера попладне има температура 38,5 39 никако не се симнува нокеска мм го носеше на одделение во брзата помош и крв му провериле се е ок и леукоцити се а дете гори од тт.што би можела за тт да му давам,не сака ни да јаде ништо,ке фехидрира
Сигурно е вирус,ништо давај нешто за тт,ефералган чепче или сируп далерон,блокмакс,што имаш дома,за јадење нека не јаде не го терај ,само давај повеќе течности вода,чај,сок,јогурт што сака тоа нека пие,исто можеш супа,кисело млеко.
Може вирус,може црвено грло. Кај син ми црвено грло дава толку висока тт и не ја симнува. Јас за тт блокмакс дадов,оцет разреден на чорапчиња,туширање, масажа со разреден алкохол . Не е страшно што не јаде, течности да внесува е важно. Ако глесаш дека дехидрира носи на инфузија. За грлото и прополис капки давам. Мене од парацетамол сируп ми поврака, па затоа блокмакс. Имаше периоди со даден блокмакс пак крева над 39,е тогаш после 4 саати и чепчен ефералган. Кога ми крена скоро 40 со даден сируп, од страв третина чепче диазепам ставив.
Погоре прочитав дискусија за боење... а баш периодов се прашував дали е нормално да не знае да бои воопшто. Штом кај повеќе деца не е развиена способноста да бојат, ваљда нормално е. Кај нас играта со боички и боенки и фломастери тече вака - постелуваме мушама, вадиме опрема, седнуваме на столчињата во детска ииии ,,обој ми го мамо сонцето со жолта боја,, Значи Она наредува што да бојам и во која боја, а јас си се занимавам и си бојам. Не сака она да проба, некогаш чкрта ама ништо посебно. Па дури и тоа чкртање е ретко. Ги знае сите бои на македонски и англиски, препознава фигури, форми и сл... ама не знае да бои, нит сака нит има мерак да проба. И така.
Ние и купивме сликовници. Тртите прасиња, Црвенакапа и Малото срнче. Па сега читаме.На страната има една реченица и убаво сликовита случка, па сликовницата се чита за 3 минути. Вчера незнам колку пати ги свртевме од ново Добро е, не ги кине...внимателна е. Затоа од 35 денари сликовници купив...реков ако ги прави парче барем да не давам поголеми пари