Сега ви текна да пишете сите со деца што спијат повеќе дење, откако се пресекирав начисто Не бе па ти какво поназад за возраста, тамам си е.
Хаха мојов да не го разбудиш и 4 саати ќе спие, попладне го будам обавезно. Што може да му е, и јас да немам обврски цел ден би си спиела преку ден
Спанкулко Па што знам, се секирав нешто намалено железо, нешто друго да не му е што спие некогаш и 3 часа
Дефинитивно пробај со промена на рутина. Сигурно ќе имаш позитивен исход. А јас да ве прашам. Како се поставувате кога на некој начин диктираат, шефуваат? На пример, седната сум на тросед во дневна, по некое време ми вели тргни се тргни се. Носам жолт елек, вели не ова слечи. Или за косата некогаш сака да ми е собрана со штипка. Неколку дена наутро кога ќе ме видеше со пуштена коса, да рика да плаче да ја соберам. Имате вакви шефувања?
Во такви ситуации зависи од односот или дозволувам удоволивам или каживам не може заради тоа и тоа и крај ако скаа да плаче слободно тука сум за утехаама не добива тоа што наредил или замерил или сеедно
Ќе пробаме секако се надевам за во градинка ко ќе почниме, таму и порано е дремката па ќе се навикни. Има шефување нормално, ме влечи ме трга кога сака некаде да седам, ептен ми е интересен не таму ваму обично сака во близина да седам до него, а косата кога ми е собрана ми ја трга сака пуштена да биди. Некогаш го оставам да е по негово оти ќе плачи, па му удоволувам. Иначе во последно време само ги соблекува чорапите јас облечи тој слечи, не сакам цел ден да е бос, како се справувате со ова.
Дали постои некој начин да се затворат прозори и врати да не може детето да ги отвори? Малиот има врата кон тераса и прозор во детска и сакам некако да го заштитам да не може сам да ги отвори. Го приметив дека добива интересни идеи за качување. Вчера превртел играчка, се качил врз неа и се затворил во горниот дел од плакарот. Можете да ја замислите агонијата додека го најдам Сега си викам да не му текне да се поткачи прозорот да го отвори.
На прозорите и на вратата имаме залепено неколку штитници за да не може да ги отвори. И мојов се качува и отвора прозорци, умирав од страв. Најгоре имаме залепено и не може да отвори. Што погоре, да не може да ги дофати бидејќи знае, се испраксира да ги откопчува.
Имавме такви ги откорна од лепакот Си викам може постои нешто појако. Едно време си мислев рачките да ги извадам. Ама имаше таква фаза и помина тоа, мислев готово созреал малку и сфатил дека може да падне. Не знам како толку се бестрашни и не сфаќаат што е опасност, јас сум била тотална спротивност како мала.
Побарај се продаваат рачки што можат да се заклучат. Ние сакаме да ставиме таква на балконската врата.
И кај нас еден период заборави и сега пак почна. Си носи работи и се качува секаде. Ставај ги повисоко, убаво стисни, и стави 2-3 едно до друго, посилно ќе држи. Стави плус лепак од цврстите, како тој што е на самите штитници, би требало на места како Хубо, Меркур да најдеш.
Ух Плиз совет, загрижена сум. Дали сред ноќ, првата половина од ноќта се "будат" со вриштење? Вчера имавме епизода таква пред полноќ, прво липкаше и после почна наеднаш. Читав за ноќни терори, можни се на оваа возраст. Ама пискање опасно, немоќно се осеќаме, не дозволува да го кренеш, клоца ептен. И прекина после, го крена татко му. Утрово пак истото, во 6 и 20 со плачење и припискување. Многу се загрижив, да го носам на психолог или нешто друго, ми е страв реакција од вакцината да не е. Или некоја фрустрација, незадоволство од преку ден му се враќа. Пискаат и вашите сред ноќ?
Немој да ме разбереш погрешно нормално е да се грижиш но сите вие шо паничете од вакви работи имате мирни деца шо немале проблем со спиење или имале ама онака нормално не знам како да кажам кога е во скок или регресија. Е вака не знам колку си ме читала моето дете од коа е родено нема врзано ноќ. Имаме поминато буквално се од седење со саати до вриштење по цели ноќи. За мене е нормално да се случува нешто да кенка да бара да плаче да се врти да зборува, многу е темпераметна и има доста енергија иако гледаме максимално да е искористена во текот на денот. Вака да плачи и вришти во сон се нема случено долго време но се е минливо и се зависи од карактерот на детето. Викаш примило вакцина може самиот процес му бил стресен па сега така го искажува. Кога се будеше со вриштење и клоцање не помагаше гушкањето само смирено и тивко и зборувавме додека сама од себе не се смири. Стресно е да си го гледаш детето така и се осекаш безшомошно ама смирено и без нервоза ке помине.
Не се нема случено уште таков нокен терор или кошмар, но вака порано пискаше кога вадеше забче, дали излегуваат 5ките или е рано?
Сѐ извади, 20 заби има веќе. Кога вадеше заби, не беше вака. Лани исто имавме период кога после дремка, попладне се будеше со врискање. Помина за некое време. Сега истото во сличен период. Мислам дека со говорот најмногу има врска. И последниве дена како поразвиен му е.
Моето писка после дремката секој ден сега во таков период е, а колкаво е твоето, ние немаме 5 ки уште
2 години и скоро 8 месеци. Лани кога пискаше после спиење, буквално со вриштење се будеше и се виткаше како тантрум, имаше година и 8 месеци. Ние со крупниве заби немавме мака. Повеќе ради развојот имаше реакции.
Еве нешто повеќе за ноќни терори и кошмари и нивна разлика https://www.facebook.com/1304285719...4ghKysw3hZXb4vGmKWCGXG1nsiUw9Jjz45iqT1NNFh4l/ Не знам дали ќе го отвори на dr.goodnight