Шестките кога излегуваат? Мојата има 20 заби, 2 год и 8 месеци е скоро. Деновиве кога јаде ми се жали дека ја боли долу на крај и на лева и на десна страна, ја фаќам жлњбинката како набабрена ми делува па викам да не и идат шестки да растат. За расипан заб не верувам да е...
Не се, околу 6 години излегуваат. Ја читав @Annath дека се случува често родители да мислат дека се 6ки ама на оваа возраст тешко.
Афта некоја да не има, или гризнала нешто тврдо од типот на чипс, семки, двопек... Шестка нема шанси, најрано на пет години може да излезе.
Нема. Не се жали секогаш, еве сега 2-3 дена се нема пожалено дека ја боли. Инаку жлебинките се тврди и како набабрени ми се гледаат или така ми се чини? Штом е рано за нив тогаш не знам што друго би било...ќе ја следам ваш. Фала ти за одговорот
Нормално е да се ко набабрени и повисоки местата зад петките. Коската се спрема, се формира забот внатре иако уште е рано за излегување.
Мајки, за инхалација со физиолошки, колку мл. да извлечам со шприц за малиов (2 и пол год) и колку време да инхалираме, а колку за мене? Прв пат ќе употребувам па не ми е баш јасно.
За мали 2мл околу 5 минути инхалација, исто и за возрасни, ама за мали ако ставаш ампули пола ампула се влече со шприц, а за возрасни цела ампула.
Не знаев каде да пишам, можеби има и посоодветна тема ама овде возраста се поклопува. Вчера имаше настан во градинка кај син ми и беа и деца и родители таму. Децата трчкаа еден период низ дворот на градинката и тогаш едно од групата на синко му пријде, додека овој се симнуваше по скали и го турна. После некое време пак дојде, јас мислев дека сака да го гушне само, ама детево го зграпчи и го собори на земја. Јас се запрепастив! Родителите му свикаа ама детето не реагираше никако. Син ми избега подалеку ова тргна по него и силно го турна на земјата. Мислам дека и не му беше јасно што се случува ниту пак знае дали и како треба да изреагира бидејќи прв пат се соочува со вакво нешто. Секако денес разговарав со негувателките бидејќи ме интересираше дали тоа се случува секојдневно. Тие негираа, но рекоа дека е познат проблемот кај тоа дете и дека самата мајка се жалела дека покажува агресија. Јас уште сум под шок и не ми се верува дека може 2 ипол годишно дете така да се однесува. Како вие би постапиле во ваков случај? Не сакам син ми да стекнува такви особини или пак да се учи да враќа на ист начин.
Како можеш да постапиш освен да му кажеш на твоето дете дека тоа однесување не е добро и дека тој така не смее да прави? Ништо друго што би имало било каков ефект не ми текнува.
Истиот распоред го имаме со јадење и спиење. После кога ќе стане од дремката тогаш руча, па му давам ужина накај 6 одручек и вечера 8. Заспива 11. Најмногу апетит има за доручек што и да му дадам ќе го изеде па тогаш гледам да му вметнам тоа што мислам дека треба да внесе. Навечер многу немирно ми спие, 100 пати се превртува, турка кебе, а не е премногу топло во собата, не спиел многу на дремка преку ден, не е наоблечен.. не знам што е работата. Тоа е веќе си се навикнав за навечер. Пред 2 дена наполна 2 години и уште навечер си се будам за да го покријам.
Здраво може да прашањето не е баш за во оваа тема ама ми се виде најблиску Сакам да ми препорачате добар детски офтамолог се работи за дете од скоро 5 години. Ви благодарам.
Како ги облекувате сега децава навечер, ние се топлиме со клима на 24 степени си работи цела ноќ, носи тренерки и боди без ракав и се открива цело време, дали да го ставам во вреќа или е рано, дали да му ставам боди со долги?
Боди моево одамна не носи, му купувам како долна облека маички на рамки. Ние грееме со клима и дома е околу 23-24. По дома е со тенки долни тренерки и маица на куси. Во собата каде што спие не грееме над 20 степени. Во поладно е поубаво, околу 19 степени е. Му облекувам маичка без ракави, пижами и вреќичка.
Ние боди ставаме ама пак со куси, да почнам со долги не знам шо е вреќичкава ич не ја сака, треба облекување од ко ќе заспие а му зедов шпикозни памучни како пижами, сега си спие по тренерките шо си ги носи преку ден, да не го преслекувам насекое
Претопло е 24 степени за спиење, вреќа нема да ти треба. Ако сакаш да користиш вреќа, симни ја температурата ноќно време под 19 степени, 15-16 најубаво. А може и пониско, за да спие пораат и да не се открива. Плус нема да му се суши грлото од климата.
Мајки, кога малите престанаа да ви преспиваат денски? Мојов од кога ја откажавме цуцлата лажачка, му се поремети спиењето. Не оди во градинка , доцна легнува, тешко преспива. Му се приспива кај 19 часот, ама станува околу 21 и после забава до 2 наутро. Многу лошо...И наутро доцна спие. Вчера го оставив да не преспие и заспа после 21 часот и спиеше до 10 сабајле. Не знам дали е рано да е без дремка воопшто, 2 и пол има. Кои се вашите искуства?