Мене па баш Симеонов ми рече да му го отварам и тоа многу мал беше дали 4-5 месеци. Јас од многу мал му го отварам мислам вториот месец. Не знам зошто мислите дека тоа е на сила, воопшто не е туку ја повлекуваш кожичката колку што дозволува, го миеш нечистото и толку. Сега има две ипол години, сам си го отвара до крај и со тушот си го мие. На нас некогаш ни дозволува, некогаш не. Ако се залепи пак е на сила, со крв, антибиотска маст. Мене лично тоа постресно би ми било.
Не не кај моето мораше да се отвори за да се види каде е отворот на уретрата , инаку немаше да чепкаат. Муабетот ми беше дека не е лесна работа тоа како што рекле малку боли, не малку многу боли се одра плачење неможевме да го додржеме
И јас му го отворам баш поради тоа што пред нас на 4г дете му отвараа и тоа беше хорор да се слуша не би сакала вп таа ситуација да се најдеме. Исто од 2 мес, во диспанзер ни кажаа и тогаш почнавме.
А до кој дел треба да се отвора? Целосно до крај да оди кожичката? @Babyboy2020 што направивте, бевте на лекар?
И мене ме интересира тоа, значи има како кожичка но отворот е тесен и тоа не оди многу надолу, дали значи дека е залепено или толку треба да биди
Кога почнуваш да му го отвараш треба до кај што дозволува кожичката, ништо на сила. После одреден период ако не гледаш напредок (самата кожичка да оди подоле) тогаш почнуваш по малку на сила, без многу форсирање. Треба да дојдеш до момент кога ќе се отвара целосно.
Немам каде затоа тука да си се “олеснам” Не сакам да го изговорам ова ама мразам да си го заспивам детево. Пишував пред некое време дека многу време ѝ треба да заспие да се смири. Сѐ применив, ред супер, рутина исто, истрчана, јадена, сѐ погодено. Ѝ ја скратив дремката денска на саат и пол и гледам дека супер ѝ е и сама почна после саат-саат и пол да станува. Ама ова заспивањево…Незнам искрено што да кажам. Ова само полошо станува, посебно последниве денови. 2 дена со ред немаше воопшто дремка. Пошто ја заспивав по 40 мин и никако не заспиваше. Енергија фул, ниту во еден момент да не ѝ се приспие. Навечер да не правам муабет, по саат и пол, два стандард. При заспивање се смирува еден период и се гледа у таван и така може 20 мин да лежи без да мрдне ама не заспива. Само што направи 2 години. Ова мене не ми е нормално искрено, немам слушнато за вакво дете. И тоа само со мене го прави, со татко ѝ малку побрзо заспива. Или мене или неа ни треба нешто за смирување ама стварно кога иде време да треба да ја заспивам коса ми се крева.
Мојата е тука некаде, за 2 месеци ќе полни 2 години, до пред некој период заспиваше брзо иако од 15 месеци си седи по 7 часа будна после дремка(која трае од 1 до 1.5 часа). Еве веќе месец време војна е за заспивање, ниту ден е ниту ноќ, секоја вечер со плачки иако пробав и со кратење на дремка и порано заспивање и покасно заспивање, ништо не успева, незнам дали е до возраста ама некако многу тежок период ми е ова, мислат дека се знаат и сакаат по нивно а уствари има уште мн да се учи. Повеќе ги разбираат работите, не сакат да испуштат нешто и затоа тешко е заспивањето. Да се надеваме да е период и да мине.
И кај нас е потешко ноќното заспивање има денови кога едвај го легнам скока по спална , се открива , си збори нешто јас си траам и по пола час и више а тој активен а му се спие , се додека не се скроз истроши и тогаш заспива. Незнам јас го упивав во 20 и 30 некаде сега преместив во 21часот за побрзо да му дојде дремката кога отидеме во спална ...
Кај мене од бебе е вака, не е период, тоа е проблемот. На прсти се бројат вечерите кога заспала за пола саат. Не сме имале проблеми со често будење никогаш. Ама еднаш да се разбудеше ноќе по 3 часа никако не презаспиваше. Денски лесно заспиваше ама навечер за заспивање душа ми вадеше. Сега и денски потешко заспива. Среќа веќе не заспива во раце, не знам дали ќе имав кичма уште до сега.
Поместив и покасно и џабе. Истото беше. Еве вчера и завчера не беше воопшто денски спиена. 40 мин лежење во спална (ѝ се спиеше ама не заспа) и вечерта пак изводење пред заспивање. Заспа побрзо, ама едно време приплакуваше во сон, иако спиеше по 11-12 саати, што ми е знак дека била преморена. Рано ѝ е да е без дремка мала е уште. Еве вчера заспа во 20, сабајлево стана во 7:30. Спие веќе 1 саат (од 12:20 почнав да ја заспивам, во 12:50 заспа) За пола саат ќе ја будам да не се преспива.
Имаме поназад пишувано за истото Во тој период имаат регресија на спиење, при што ги зголемуваат саатите на будност. Издржете, период е и ќе помине. Ќе се вратат како што си биле Кај нас најстрашна регресија беше таа на 9 месеци. 2 недели спиеше само во раце и никако поинаку, не можевме да го ставиме в кревет, а да не се разбуди истата секунда. Како зомби бевме две недели и го држевме в раце да спие на смени, а после сè се смени преку ноќ исто како што почна
Аман веќе од тие регресии од кога е родена во регресија е мојава. Цело време се надевам дека ќе смени. Еве и сама гледам дека денски помалку спие, а ноќе подолго. Не ми е тоа проблем, проблем ми е да легне да се смири и да заспие без да прави салта 1 саат во кревет. А најјако е што ѝ читам книги пред спиење, се смирува тогаш и кога ќе ѝ речам ајде сега гасиме светло и нанаме, тогаш почнува журката
Како се справувате со јадењето, дали сами си јадат на ова возраст, пробав секако не јади, се е со сила, да му оставам сам ништо не каснува, барем за ручек да јади сам, манџички му правам супа леќа гравче компир манџа месото му го мелам оти бавно џвака држи во уста , не голта ко да не е свесен дека јади, плус со цртани многу ми е напорно, не учествува во јадењето, сега со се почна да држи во уста, некогаш ориз со пилешко давам и тоа оди бавно по еден сат, шо можам да давам за да се научи сам да си зема, нема интерес никаков ова ко со сила лапни голтни ни соџвакано така само, плус со викање сме само не сака да голта, шо да давам за ручек пример шо за вечера но за сам да си јади, за поручек овошни каши јади со овесни снегулки, банана јаболко крушка бадени лешници, правам палачинки не јади, тост одвај каснува, за вечера само чоколино и палента, од гриз се грози, не знам шо да давам повеќе, како јадат вашите дечина? Исто така само млеко бара тоа без проблем го пие, јади овошје зеленчук само јадењава не ги јади, дали да намалам на млеко во денот да не пие.
Не пие млеко преку ден мојот, другото како јас да сум го пишувала. Совет немам само сакам да ти кажам дека не си сама
Контактирај ја @majkatakata на инстаграм. На сите им ја кажувам царица е жената. Мојата од нејадач и што не сакаше ништо да допре сама во уста да стави, во јадач се претвори дури се чудев. Сѐ испадна како што ми кажа Катерина. Ама она беше 9 месеци тогаш, има сигурно голема разлика на 9 месеци и на 2+ години, затоа најубаво консултирај се. Мислам дека зема 3000 од 2 часа сесија, мене ми зеде 1000 за пола саат и доволно беше. Ама секој денар вреди според мене. Сега веќе јаде како голема, не пребира (нормално има работи што не ги сака и што не сака да ги проба), не јаде со сила, сама одлучува кога е најадена, нема молење, терање, цртани. И солидно јаде вака количински.
@Lisandra за почеток намали со млекото,го заситува ако пие количински повеќе и почесто,па нема место за друго,а не ги задоволува дневните нутритивни потреби. Вклучи го во готвење/спремање заедничко,ем ке се занимава,дај му да избере сам помеѓу некои продукти или топинзи за пица на пример.. Отидете ако имаш можност сам да набере јаболки,или до пазар,па испечете ги нека ги јаде со сецкани ореви/лешници и мед. Телефон јас би тргнала,го дефокусира и целиот процес го прави пасивен,а треба да ужива. Пробај да јадете заедно,да си разговарате,и без притисоци.
Пробувам, му зборувам му покажувам, сам го оставам со лажичка 0 заинтересираност, а без цртани е хаос и плачење уста нема да отвори. Пример правиме пица и цел кефој вика пица бара да му дајме, му даваме не каснува ни еднаш. Исто кога јади во уста го чува, па викам ајде ајде голтни тој ќе отвори за уште а јадењето во уста му е ко да не знај дека треба да голтни, некогаш ќе ми исповрати така добро се само за да не изеди и тука е крај на јадење обично, или ќе кашла нарочно пример.Пие бекутан б комплекс не дава некој аперит. Не јади грицки нешто да го заситува, млеко во ден едно пие и едно во чоколино оди а навечер некои две шишиња од 210 пред спиење и во текот на ноќта. Ова навечер мора оти плачи и бара ама си велам пак и тоа го заситува. Инаку живци кинам со јадењево негово многу стресно ми е, си велам па можи толку му е доволно пошто и млеко сака, не знам шо да мислам, само сакам малце онака ќеф да му биди дека јади тоа да го видам, да ужива малце , не на сила да одиме.
Исти се значи по еден сат се успиваме де за дремка де навечер, пример денес не ни заспа преку ден а ме измори ептен јако.