Рано ѝ е мислам..Само што наполна 2 години пред 2 недели. Сабајле денес пред 7 стана (а синоќа во 9 заспа), во 12:30 веќе убаво изморена брзо заспа и спиеше саат и 40 минути, ја разбудив за да не се преспива и да си легне вечер порано, инаку ќе продолжеше. Кога спие 12 саати ноќе нема да преспие денски, ама ако спие помалку, барем 1 саат мора да дремне. Ќе си дојде веројатно само по себе да не дремнува.
Изгледа таа е возраста кога некои денови имаат, некои денови немаат дремка, само кај мојава порано почна А некои дечиња гледам и на 3,4 години уште имаат дремка. Лажички имаш убави во dm метални, јас ги имам и оние на Mushie од Kids and Co тие ми се најубави, oнака таман за оваа возраст. Ги имате ставено ревакцините што се на 18 месеци? И јас не ја имам вакцинирано за морбили ама ги нема примено ни тие на 18м. Примаат без нив во градинка дали знаеш, или морбили е најважна? Другите до година сите ги има примено освен рота.
Мислам дека му е време за градинка, како и за мојот досасно му е дома, сака цело време внимание а не можиме цел ден со него да играме, се вадиме со сила надвор, не сака да облечи вентијага не сака патики, кога сме надвор му оди на децата сака да си игра но како се погодени никое не го заигрува сами си играат сите, но трча по нив, писка и плачи дома на толку играчки не му интересно, сега почна и да каса, секој ден сме модринки ако нешто не му е погодено, сака да си играме но многу се лути пример со коли или нешто не дава играчки сака да го играш ама кај него сите да се и почнува со касање, сакам да го пуштам вградинка не знам како ќе се прилагоди, ќе ни го врата ако каса ако плачи таму
Па мојот тргна на година во градинка тогаш си беше мирен. Единствениот период кога беше неподнослив беше кога паузираше од градинка летово. Брзо се навикна што знам, за две недели си спиеше таму без проблем. Јас мислам прво досадно му е, второ тестира граници. И јас порано објаснував, зборев, го смирував и на глава ми се качуваше. Сега еднаш објаснувам, втор пат на повисок тон и после го тргам на страна и оставам да се исплаче. Сега веќе знае дека џабе плачењето (дерење е поточно, без солзи) ама пак ќе проба кратко, почнува и за секунда како ништо да не било. Со градинката секако си има и ред на јадење, спиење, учи песнички, има другарчиња, е сега научи и да се тепа ама и тоа е составен дел. Може си ме читала, само што ги тргнавме пелените овој месец, досега си носеше и во градинка.
Мојот уште ја нема примено 3 доза превенар, во градинка мрп ја бараа, а откако оди немам баш услови да го чувам изолиран после вакцината.. Ако можеш стави ги сите зошто после се комплицира, а за примање, моево дете го примија во градинка без проблем
За што е таа превенар? Мислам мојов дека воопшто ја нема примено, немам проверено. Не го однесов воопшто на 18 месеци. Не знам кои се ревакцини, ама тек сега го однесов за прва доза мрп. Инаку рота ја има примено. А за во градинка колку што знам за морбили ја бараат.
Само мрп ја бараат во градинка, за другите не прават проблем. Мојот сега ги прими ревакцините што се за 18 месеци, после цела година. Превенар е за стрептокока, задолжителна е, сигурно ја има примено може под друго име. @elenaklasik
Јас мислев за пневмокок е превенар Таа мислам и уште една да не беше со неа. За ДТП да не беше, ревакцина. А може и грешка сум, може само превенар да беше. @elenaklasik не ти спомнаа следно кои вакцини се и кога?
Мајки дајте ми идеја за роденденски подарок за 3 годишно дете во ценовен ранг од околу 1500 ден и некоја идеја за едукативна играчка како подарок за нова година.
За роденден ѕирни во Зара имаат убави чизмички или патики за таа цена. Јакничка, комплет капче, шал, нараквици.. А за едукативни играчки разгледај го @montessorytoys на инстаграм имаат многу убави дрвени играчки што не се многу скапи
Дали сте соочиле со касање на децата, еве една недела секој ден не каса по раце по нозе , кога го преслекувам, на секој збор не дури и кога е најрасположен од нигде никаде ти иди те каса и силно е боли имаме модринки, зборуваме дека така не треба, дека не боли и сл ќе дојди ќе напрај бац и пак за еден сат продолжува.
Мојот го касаше маж ми, ама кога беше најсреќен, буквално како од љубов. Мене два пати ме касна, лелееее болење, касап. Цело време му зборевме дека боли и дека не е убаво така да прави. Тоа траеше околу 2-3 месеци. Ова кога беше помал се случуваше, некаде 16м. кога имаше.
Дојдов пак на форумов после толку месеци за да се пожалам од истото. Вистина било кога велеле дека се terrible twos. Неподнослив стана син ми. Последниве две недели ми се чини се правиме со врескање. Јас пак воопшто не можам да поднесам повишен тон. На секое мое прекорување враќа со удирање, на предмет, на личност, што му дојде. Објаснувам со убаво, дека боли, дека умните деца не прават така, не ме перцепира. Мора да дојдам до точка да изгубам контрола и јас да почнам да се дерам, а не сакам да го правам тоа. Gentle parenting, my ass. Инаку исто не оди во градинкa, ама мислам дека е редно време да го пуштам. Некако срце не ми даваше кога ги видов како плачат сите кога отидов еднаш да го запишам, ама дефинитивно мора да се научи на ред и меѓу други деца, затоа што ептен стана разгален (не од мене, јас сум строга). Внимание има постојано за се, меѓутоа претерува во последно време. Понекогаш не надзборува дома, не дозволува меѓусебно муабет да си направиме. А инаку е многу, многу паметен и креативен. Знае сам да се заигра, поретко ама знае. Си прави сам играчки, многу сака да читаме книги, пее песнички, ја знае азбуката (за секоја буква кажува збор), брои до 10. Кога ќе најде некоја трошка на под оди ја фрла сам во кантата. Кога ќе му кажеш команда слуша, не дека не. Не прави бељи по дома. Ама ако нешто не е по негово, како што тој замислил... немал тантруми што е право, ама затоа има врескање (често пати со преправање), плачење со крокодилски солзи, повторување фрази. Не можеш да му го завртиш вниманието на нешто друго, тежок инает е. Има енергија за 5 деца и не претерувам кога го кажувам ова. Мислам дека лекот е само да се исцеди од трчање дента и да спие ко бајче ноќта, ама па не можам секој ден со тоа темпо, имам работа. Спиењето пак, катастрофа е веќе долг период. Терори, терори... преживување на денот, нешто ако се побунил во текот на дента, рачунај дека истото ќе го преживува навечер во сон. Денското спиење е пак океј некако, ама па спие по 3 саати. Многу е, знам. Ама ноќново... Матичната ми препорача да му давам по половина магнезиум директ и Б6 и после неколку дена користење го смири. Теравме така месец дена и океј беше, се наспав после 2 год. и јас. Ама откако беше болен пред 2 недели, редот со јадење, спиење, шетање, се` ни фати удолница Сега ни советот од матичната не помага. Не знам дали е во некоја развојна фаза или што ли е, ама лудница ми е дома. Се мислев и јас за психолог, ама не сакам да му создавам трауми.