Ќути аман, какво gentel parenting, и јас таков ум имав, ама ептен ми ги притиска копчињата со неговото пискање. Твојот колку има точно? Мојот е 2 години и 8 месеци. Во развојна фаза е, говорна, се забележува поотворено однесување, свесност за околината и учество во активности, како и свесност за себеси - јас и јас. Затоа не очекувам од него разбирање за некои нешта, и кога станува упорен да постигне нешто по негово, нема шанси да слуша, јас му објаснува, тој уште повеќе гласно вика и бара. Или почнува да писка за да постигне. Џабе разумен муабет, објаснување. Чекам да му заврши моментот и да се запре сам. Иако сакам да му помогнам, ама не сфаќа. И нас нѐ надвикнува, таа е фазата изгледа, да се осеќа слушнат, вклучен. А какви игри измислува? Машала штом азбуката ја научил и бројките. Ние имаме звучна азбука и ги има запаметено кој глас на која буква да го притисне. Или можеби местото го има запамтено, не самата буква. А бројките ги учи, и еднаш наеднаш од нигде никаде во Ваикики, одевме по скалите и самиот ги кажа 1 до 10 без грешка. Како да се издржи периодов е прашање. Како да се поставам а да не изгубам контрола. Не е лесно многу. Мора во градинка, се надевам ќе има подобрување. Досадно му е дома. И јас еднаш ги гледав малечки околу 2 години фатени во вовче, изгубенки беа, ми падна жал. Си го замислив моево во редот, и некако ко гревче се осетив. А терори какви доживува, онака како врискање сред спиење наеднаш? Кај нас така беше неколкупати, не се смируваше никако, по 10 15 минути вриштење. Не ми е проблем за психолог или барем да пишам на некој за совет, ајде ќе му дадам простор да видам како ќе биде понатака..во меѓувреме ќе се тешиме овде.
Постепено, скоро му ја фрлив, после 2 ипол. Последно воопшто не му давав освен за спиење преку ден и навечер. Кога тргна во градинка сфатив дека заспива без цуца, значи само навечер остана. А почна и премногу да ги гризе и да не ги сака гризени после. И реков готово, доста беше. Изненадувачки лесно се одби од цуцла имајќи во предвид колку е инает и проблематичен. Навечер си заспиваше без плачки, едно две утра плачеше кога сфати дека се буди без цуцла и толку.
Точно на година ипол му кажав дека папагалот му ја изеде цуцлата не му ја дадов ни за спиење ни преку ден плачеше 3 дена и на крај ја заборави.
Ке кажеш дека е за мали деца, некој ја зел, пропаднала некаде, смисли некоја финта. Три дена плачки имаш. Кога јас на 3 години го одбив од цицање, ке можете и вие.
2год. и 4 месеци е мојот. Сакаат да покажат дека и тие разбираат. Буквално во фаза како некои старо-мали се сега Ама колку се интересни, толку се и хаотични. Азбуката ја научи и ја кажува како песната од шпицата на Бушава азбука. Е добро сега, по некоја буква може ќе скокне, пребрза му е за годините, ама ја знае. Со книгата ја научи, многу сака книги. Потоа му купив табла со букви (наша азбука) и ја зема буквата и ја носи до книгата Бушава азбука и на страницата на (пример) "И" вели "И-игла. Исто!" Или гледа ремен со тока во форма на буквата "Ш" и вели "Ш-шега". А броење научивме качувајќи се по скали. Ги распознава и бројките кога ќе вртиме канали на тв, пример за 24 вели "Два. Четири." Интелигентен е многу. Книгиве што ги читаме на памет ги знае и изгледа како да знае да чита. Си прави играчки сам. Зел изолир трака од дедо му и едно метално ченгелче и ги држи и вели "Полжав!" Или става поголема и помала топка една врз друга и вели "Снешко!" Не знам како му текнува, полн е со вакви креативности. Инаку терорите се страшни. По цели вечери, по недела дена. Со гласно плачење, повторување на еден збор постојано, никако не се смирува, дури по половина час, некогаш и повеќе. Неколкупати се буди, досега не преспал цела ноќ без ич да не се разбуди. Сака да го држиш во раце, а дете големо е, висок е, тежи. Имаме рутина, легнува исто време секој ден и си спие со играчка. Откако го одбив мора да е до него за спиење, па му е утеха претпоставувам. Гледам да запазам се, пробувам на разни начини, но изгледа е таква фаза. И многу е чувствителен општо земено. Нека се живи и здрави, што да кажам... Ќе си билдаме нерви од челик, друго не останува. Доколку го носиш на психолог те молам пиши ми за искуството.
Мајки бидејки е веќе зимно време ме интересира на колку дена ги бањате ? Можеби е глупо прашањево ама чисто да споделите.
Пред половина месец мм земал од еурофарм капки витамин ц и гледам пред некој ден пишува рок до 12 месец 2022 год а не е ни до пола истрошено шишенцето, па дали да давам цел декември или да го фрлам да купам ново?
Два пати неделно, зависи ние како сме во можност, во последно ми плачи на капење и еднаш неделно одиме.
Искуство некој со колд кремата на уриаж? Малиот се намачка сам на чело целиот е вцрвен... Друга крема да препорачате за заштита од студ и ветер (на дм неможам никако д аја најдам и веледа)
Бањање 2 пати неделно,долгичка и е косата и сакам да и е чиста,а туширање секој ден пред спиење.Иначе мн сака да се бања,се молиме секоја вечер да е туширање место да шлапа во када/корито. Сеуште е со пелени,затоа толку често,кога ке ги тргне нема да има потреба.
Исто, многу сака да се бања и се молиме и ние да не ја мокри косата. Среќа па кратка му е, брзо се суши.