Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    2.924
    Пол:
    Женски
    Освен на @0ли што прочитав дека не сака коса миење има ли некое друго дете и како се справувате?
    Моето до пред два месеци трчаше во туш и не можевме да го извадиме, цел бојлер само за него трошевме. Сега ако коса му намокриме тоа е врескање мислиш го колиме. Ај што плаче во туш па и после едвај се смирува. Ич не сака коса миење, затоа и еднаш неделно му ја миеме. Туширање е секој ден, но со пикната глава меѓу нозе кај маж ми, случајно да не го допре вода на глава:rofl:. Пробавме со играчки демек и нив ќе ги бањаме, ништо. Сега чекам од Али да стигне капа, се надевам интересно ќе му е, цела надеж ми е во тоа.

    Фаза ли е? Некој друг пристап да пробаме?
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    12.652
    Пол:
    Женски

    Период е, го поминавме и ние. Траеше некои два месеци, сега сам си ја мие. Ова децава како по книга :D
     
    На azelea, mal.ecka, 0ли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Со среќа со капата :D

    Мојов уште не сака коса да му се кваси, со дерење поминува секое миење.
    Секоја вечер пред туширање, стои и кажува дека сака само тело да миеме, да се осигура дека нема коса да се водени. Па ајде му повторувам дека нема коса да фаќаме.
    Инаку обожава да се тушира, нема шанси да легне ако не го поминеме и тој дел од ритуалот пред спиење.

    И за шишање тоа со триста маки, ми се темни кога треба да го шишам :@
     
    На azelea, Cherry333, Lisandra и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Не сака да ја воденам косата кога потурам ептен се треси од страв, затоа на крај оставам коса набрзинка мијам и плакнам. Пробајте со капа но мојов ни капи не сака:D
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    7.466
    Пол:
    Женски
    Кај нас трае сигурно над година фазава. Не сака глава миење, уствари плакнење не сака, плаче кога го плакнам. Најбрзо што може го мијам, нека плаче.. најчесто 2 пати неделно му ја мијам главата, се дешава и еднаш. Туш на 2 дена најчесто.
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.583
    Мајки како го мина малечките ваши коксаки вирус?
     
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    3 дена темп па се нафрли, не беше страшно само одбиваше да јади, давај витамински сируп, мачкај кај шо се има нафрлено, во уста ги болат инаку многу не се чешаше, лесно поминавме
     
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Исто. Од година и неколку месеци, еве 25 месеци е сега, кога ќе дојде косата на ред со тушот да се помине, со врескање како на колење да е. А долга коса има мора убаво да ѝ ја измијам. Ја учам да мижи, да се наведне наназад ама џабе. Исто и јас еднаш-двапати неделно ѝ мијам коса.
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Дајте играчки споделете со шо си играат децава, купивме кујна се загина изеде од неа, само ја превртува и жива вода се прај ако ставиме вода. Купив гаража само ја растура крши расклопува не знае да си вози на неа. Коли трупаме ги поигрува два дена па само фрла по соба зад кревет сите гуми ги изеде. Не можам играчка да погодам. Со бојци не знае да бои, со пластелин си викам е мал ќе го јади. Сликовници имаме не го интересират многу. Животни диносауруси така стојат од ко се купени. Дури бебе му купив го отепа од мавање замислете да беше живо. Имаме камионче порано многу се возеше сега слабо ептен во видик да му е. И не знам шо да купам друго да си игра оти само пред телевозор цртани бара.
     
    На Heleny и elimkd им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ќе си играш ти со играчките и така ќе научи да си игра. Трпение и малце посветеност. Земи и играј си сама, ќе те види и ќе те имитира.
     
    На azelea, Kolache na mama, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Дали пеете песнички со децата ако сакате споделете, некои интересни подетински од порано. Ништо не ми текнува две рачички ја вртиме и виалс он да бас:)
     
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Мишел Матич-Кап Кап :)
    И нормално Бејби Шарк
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    12.652
    Пол:
    Женски
    Рам сам сам - играјте заедно на кореографијата :D
    Кап кап
    Зајче без опавче
    Поточиња
    Ало амбуланта (јас му правам кореографија, ја обожава песната)
    Дарко биберко - добро утро
    И има една clovnii пиши, дечиња играат како кловнови облечени ептен е забавна
    И има многу, многу други интересни зависи увцето што ќе му фати :D
     
    На azelea и Lisandra им се допаѓа ова.
  14. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    2.924
    Пол:
    Женски
    @Lisandra Само што направи 2г. Многу сака да игра со картички меморија и со животни. На пример ќе седнете со него на под и прво животните ќе ги учите, диви, домашни и дино. Па секое какви звуци прави. Потоа пред секое од нив по една картичка од меморија. Со тек на време ќе ги групира животните и картичките кои се дупликат ќе ги става едни врз други.
    Многу го сака дрвеното вовче.
    IGSP53-1-600x564.jpg
    Ќе научи што е круг, квадрат, петоаголник....a, покрај тоа и боите.
    Превозни средства што ги имате наредете ги во линија и почнете да се тркате. Потоа сам ќе си прави така.
    Сложувалки со прстофат.
    Во врска со боењето, најдобро е да има свое катче, масичка и столче. Земи му од нетоксочните бои за боење со прсти.
    20221205_075304.jpg
    Покажи му рачиња да прави, потоа ќе си шлака секако.
    Ротирај му ги играчките да не му се здосадат.
    За книгите, нека ви биде ритуал пред спиење. Раскажување, покажување кое што е, ќе му стане интересно.
    Најбитно е се заедно да правите. Со тек на време сам ќе си се заигрува.

    Нека ме дополни некоја мајка.

    Сега јас да прашам. Во градинка возат од оние колички - туркала. Кога и да го земам покажува накај нив и дома се качува на камионите и сака да ги вози така. Сакавме да му купиме ама секаде евтина пластика најдовме. Предлог каде да му земеме некое квалитетно? Исто, од која возраст е добро да му земеме баланс точаче/тротинет?
     
    На mjay.yyy, Maca Macka, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Babyboy2020

    Babyboy2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2021
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Тротинет/точаче има моето од кога наполни 2 години и го вози по дома интересно му е.
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Баланс на моево му купивме кога имаше околу 1,5 година од прилика. Од Либерта вакво прво му купивме за да се навикне. На почеток не го интересираше, не сакаше да се качува, но му го остававме во дневна и полека се ослободи и шибаше после.
    Кога му се смали ептен, му зедовме на две тркала.
     
    На Skyler и Kolache na mama им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    12.652
    Пол:
    Женски
    Баланс точак после 2 години, а квалитетна пластика има во една продавница во Буњаковец, Панда мислам се викаше. Од таму се што имаме се уште не е скршено.
     
    На Kolache na mama и 0ли им се допаѓа ова.
  18. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Мајки, во последно време заприметувам малиов во играњето само се чепка де во носот, де во увото, па лицето си го чеша, па косата над челото си ја трга. Косава не му пречи в очи, нема секрети од нос или појма немам што, ама некако често го прави тоа. Не знам дали му се некои тикови, некогаш вели дека го чешал носот ама сето ова го прави само во одредени моменти, најмногу кога ќе се умори или ако игра брканица.
    Сте заприметиле вакво нешто? Се мислам дали брис од носот да му направам....
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    Барав тема за да го поставам моето прашање поврзано со алергија на деца на лекови и правење на алерготест за алергија на лекови ама таква тема не најдов па се надевам овде дека ќе најдам некој кој ќе ми одговори.

    Малото имаше алергиска реакција на вакцина ама според испитувањата (иако докрај не сме откриле, се уште се маткаме со термини ) испаѓа дека е алергиска реакција и дека е можно понатака да јави алергија и на одредени лекови. Ме интересира каде се прават тие алерго тестови за лекови, да знам совреме недај боже се се дешава. Инаку малото е 3ипол години
     
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    11.945
    Пол:
    Женски
    @Lisandra еве нешто ние што слушаме. Оваа компилација е на хрватски, случајно вртејќи канали едно утро, да не е само Пикабу каналот, ја наоѓам хрватска 3 со интересни цртани, програма детска, со убави бои и цртежи.
    Овие песнички се од таму


    Друго. Порано му пуштав Учиме да читаме зборови. Така пиши на јутуб и има на македонски видеа со слика и изговор на зборот.

    За навечер му пуштам некогаш нешто тивко смирено како ова


    И стандардните песни од Поточиња
    како оваа на пример.

    А за играње. Како што пишале веќе. Ќе застанете бар пола сат во денот за заедничка игра, без многу твој удел.

    Можеш да почнеш од форми круг квадрат триаголник. Можеш да купиш камионче со сортирање форми со дупки да ги става. Ние го зедовме од Чико лани за Нова Година, кога маж ми глумеше Дедо Мраз :rofl: тогаш малиот имаше година и 9 месеци. Немаше абер од форми. Летово после вториот роденден, на 2 и 3- 4 месеци се заинтересира и ги научи да ги става. Алелуја! Многу се израдував, зш бев како разочарана дека син ми не игра многу логички игри, дека само количиња го интересираат. Баш како ти што пишеше.
    Сега му врзав конец на камионот и го влече дома.

    Друго. Застани од али експрес види играчки едноставни, ќе добиеш идеја.
    Јас му зедов штипалки за да фаќа меки пом пом топчиња и да ги става од едно во друго.

    Потоа можеш пластични топчиња 10 во паковка, да му дадеш калапи за мафини онакво тепсивче и да ги реди.

    Можеш и сложувалки со онакви форми да ги реди во вдлабнатина. И тоа мојов пред некој месец научи.

    Му зедов и пикадо од Али експрес со три топчиња да се лепат на него.
    А сложувалки обични абер нема да мести. Не го интересира.

    Исто можеш и табла пиши бриши со пенкалце. Сега баш деновиве ѝ се нафрли малиов и ја игра. А купена од одамна.

    Ама најбитно е да му ги сортираш. Не сите наеднаш. Туку денес една ќе му покажеш, и таа два три дена. Па друг ден друга. И да знае дека играчките се прибрани и си имаат свое место и се враќаат назад.

    А за книги, навечер земете некоја интересна од нашиве автори. И како ритуал нека ви биде. И да нејќе на почеток, малку по малку ќе привикне па сам ќе бара.

    Ако имам уште нешто, ќе пишам.
     
    На azelea, Skyler, doubleinfinity и 1 друга личност им се допаѓа ова.