1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Сега му зедовме баланс точаче од енци менци многу е убо, згодно малечко но има страв да се качи и мислам дека е мал требаше на 3, може зависи од дете.
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Оставете му го да му е во видик, сам ќе се заинтересира. Кога онака ќе му се доближеше на тоа првото, малото, ќе речев леле какво е убаво точачето, па ќе го погалев. Секогаш надвор кога ќе видевме дете на баланс, му го вртевме вниманието кон него, па леле како вози точаче баткото/дадата, и ти имаш дома да си возиш бла бла. Дали тоа имаше врска или само му дојде, не знам.
    Прво стоеше и така го туркаше, не сакаше да седи, па само му дојде да седне.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Какви се тие картички за меморија?
     
  4. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.924
    Пол:
    Женски
    Има повеќе, ние оваа ја имаме. Нема утка со ова.
    Screenshot_20221205-164342_Samsung Internet.jpg
     
    На Осе, sani99 и Lisandra им се допаѓа ова.
  5. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Има сложувалки две една со животни какп магнетна другата исто со животни сортирање, одма ги научи ќе ги извади стави два пати толку. После ги кријам ги гриза и фрла.
    Можи за сортирање форми да земам такво немаме. Дека по цел ден сме дома му е здосасено, сега и зимава некако да ја поминиме на пролет вградинка.
     
  6. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство со калма Б сирупот? Или некој друг препарат за полесно заспивање на дете? Етерично масло некое, нешто не знам кажувајте не можам веќе вака.
    Не знам веќе по кој пат пишам ама очајна сум веќе. Нема нешто што не пробав. Од гледање на саат, до минута точно исто секој ден да се буди и да заспива. 1 саат се врти во кревет се нервира не може да си зафати позиција за спиење. Толку по нерви ми оди ова заспивањево пред некоја вечер ја скубнав за коса и ѝ се развикав, после јас се убив од плачење и пиев лексилиум. Страшно се нервирам што не знам како да ѝ помогнам. Педијатарот вика помири се такво е детето. Ама јас за ваков случај немам слушнато. Да не сака да заспива да, ама да сака и да не може, како да ѝ помогнам незнам ;(
     
    На mal.ecka и Осе им се допаѓа ова.
  7. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Ја оставаш сама да заспие? Некои деца едноставно не можат. Мојот е таков и си го прифатив тоа отпочеток. Верувам дека кога ќе пораснат поголеми ќе се надмине. Сте се обиделе со читање книги и/или нишкање? Ние така се заспиваме. И спие со плишана играчка до себе. Или со тивко пеење песнички да пробаш.
    Инаку 2 месеци го пиеше Калма Б (кој ептен тешко се наоѓа по аптекиве, често снемува залиха), но не постигна некој значаен ефект. Кај нас маката е повеќе целокупното спиење, а не заспивањето.

    Има етерично масло (на Белина) во ДМ го има, но не се осмелив да користам затоа што пишува дека за поголем ефект се става на кожа директно.
     
    На Lovebug01 и Lisandra им се допаѓа ова.
  8. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Исти сме сега овај период ли е не знам зошто смена толку и за дремка и за на вечер тешко заспива. Станува 8и30 дремка дури во 17 18 часот и тоа јас да го легнувам и спобудалев јас спијам тој не, станува игра пак се врти, веќе неколку денови не ни преспива повеќе ни да легни ни да одмори цел ден уште повеќе е засилен со енергија а му се спие нервозен е. Навечер тешко еден сат и пол додека да заспие, сменет е скроз, тивко е во спалната но ќе си најди играче било шо, со перници со чорапи игра само да не спие, некои деца шо ги знам му се спие и сами си легнуваат без молење. Бара млеко вода сокче пред спиење само нешто да се барало. Шета секој ден ќе се истрча, некогаш и навечер си викам да се измори за да спие, имам пробано и со капење пред спиење ништо не помага. Овај период и каса многу се лути ми се смени дете скроз.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    3.680
    Моево е такво, многу тешко заспива. Понекогаш со саати лежиме, ние заспиваме, тој не. И ќе се вознемири толку многу од што не може да заспие, па почнува да плаче неутешно. Мене понекогаш ми помага, ако го погодам вистинскиот момент, пред да почне да се вознемирува, да му пуштам песнички тивко. И тоа го смирува и заспива. Или му пеам тивко или му шепкам некоја приказна, ама кога ќе осетам дека се вознемирува, не пред тоа. Ако пуштам музика пред тоа, превртува се, го бара телефонот, па се успиваме + 3 саати :rofl:
     
    На Осе и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.862
    Допаѓања:
    12.629
    Пол:
    Женски
    Ние си фативме некоја шема за заспивање, го планираме утрешниот ден. И секогаш додавам по нешто интересно, на крај завршуваме со ‘темно е надвор, ајде да спиеме за да се раздени побрзо’ и за 15мин заспива. А се вкупно од легнување до заспивање трае 1 саат. Од кога почна да спие сам во соба некако полесно е, порано едвај го легнувавме, не сакаше ни да се доближи до спалната.
     
    На 0ли и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    11.914
    Пол:
    Женски
    Сѐ уште немате пробано со промена?
    Почни да го стануваш порано. Многу му е доцна во 8 и пол верувај. Детскиот биоритам е таков да функционира од утрина.
    Дремката премести ја одма порано, во 13 или 14 часот и само час и пол остави го да спие. Ако заспие брзо, ако не, да пробаш да не преспива, па вечерта уште во 8 и пол 9 да е легнат?
    6 поручек е предоцна да спие.
    Тоа му доаѓа на 9 10 часа од станување. А можда пак, нема потреба од дремка.
    За колку време се успива на дремка, а за колку на ноќното?

    Ако си веќе беспомошна, побарај помош од доктор гуднајт.
     
    На Lisandra и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Читаме книги прво. Се смирува, чиниш ќе заспие секој момент. После пуштам тивка музика класична и светло изгаснато. Лежи до мене на спална. Ме “шета” по цела спална лежејќи, како се поместува, по неа да одам да ме гушка. И џабе. И со плишана играчка имам пробано, прво ја гушка па ја фрла после некое време. Сака да заспие ама не може. Се превртува, нервозно прета со нозете, па клоца, па со главата мафта лево-десно, па се качува по мене….Она од кога е родена е тешка за заспивање, особено навечер. Имам пишувано и во други теми за ова. Еднаш се будеше ноќе како бебе и по 3 саати не можеше да презаспие, а ѝ се спиеше. Сега барем спие цела ноќ, ама ова заспивањево…Од 24 часа 2-3 часа во успивање ни поминуваат. Еднаш за денска дремка пола саат еднаш за навечер саат и пол. Имам пробано и да нема дремка, и да е преморена, и да не е преморена, значи како и да правам тешко заспива. Кого и да прашам вака од блиски немале ваков проблем, најдолго успивање што сум слушнала било 20 минути. Секогаш ми викаат “ќе смени” ама еве 2 години колку што ги има не гледам дека ќе смени.
     
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    11.914
    Пол:
    Женски
    Да исклучиш прво таа музиката и да ја земеш во раце?
    Да пробаш со нишкање, ама во скут да ти биде, не да си станата.
    Јас така син ми за дремката го заспивам.
    Во скут го држам, го покривам со ќебе и го галам на лицето и позади на вратот. Држи и некое играче или мече. Претходно сакаше количе, сега едно срнче. И така ја галиш, со ногата нишкаш и би требало да се заспие.
    А ако само лежите и чекаш на неа да попушти, ете покажува дека ѝ е тешко.
    Дали гледате телевизија преку ден повеќе? Да не има улога и тоа. .
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Нашиот распоред е вака отприлика:
    07:45 станува
    13:00 ја носам да спие, 13:30 заспива до 15 часот максимум спие
    Вечера во 19 и од 20 одиме во спална. Миеме заби, облекуваме пижами и читаме книги 15-20 минути, значи до 20:30 тоа. Конечно заспива во 21:30-22 часот. Тој 1 саат додека да заспие буквално се мачи, дури и по дишењето се познава дека се мачи. Како да крева тешки предмети, е така дише. И се преместува од перница на перница, па на мене, па тропа со нозете..итн. Тоа ме мачи зошто е така, не знам како да ѝ помогнам
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Може да има, сега последниве денови бевме повеќе дома и повеќе гледаше тв, ама без разлика, до пред 2 недели тв беше исклучен нон стоп и исто беше. Денски последниве 3-4 дена така ја заспивам, седната на стол и ја галам по лицето, така побрзо заспива иако и тогаш се мачи, ја префрла главата од едното на другото мое рамо, мафта со нозете… само што пократко трае. Како некоја нервоза да има
     
  16. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Го носам во другата соба ќе стани и ќе си прилегни, плачи му се спие не сака да стани. Можи треба порано со дремката да го навикнам некако ако го шетам порано со количка и заспива, го оставам ако не заспие пак 11 и 30 не фаќа навечер за заспивање, еден сат или повеќе заспиваме. За дремката толку шо е доцна почна од ко ја тргнав цуцлата и потешко е од тогаш. Дали има врска шо гледа повеќе телевизија?
     
    Последна измена: 8 декември 2022
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.831
    Допаѓања:
    18.664
    Пол:
    Женски
    Вака син ми ми правеше кога дневната дремка му беше вишок.
    1 час спиеше ама му пречеше за ноќе. До 23 не сакаше да влезе во спална.
    Кога ја отфрлив дневната дремка се препороди.
    Кај мене беше лесно затоа што беше цицалче и си заспиваше за 2 минути. Некогаш и 30 секунди.
    Пробај некое време да не спие денски. Ама внимавај да не е пре пре преморена.
    Син ми сега спие од 9 до 9, долго време е вака и му одговара. Не е идеално, малку подоцна станува од препораките, ама ако се разбуди во 7, во 7 мора да е во кревет.

    Да не е случајно хиперстимулација во прашање?
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Имам и без дремка пробано неколку дена. 2 дена супер беше, третиот ден стана порано сабајле и ѝ се приспа веќе попладнето. Гледам дека уште ѝ треба денска дремка барем 1 час. Ја гледам дека е уморна, по тоа познавам. Можеби ќе ја исфрли за брзо, што знам. Ама и без дремка и со дремка исто е заспивањето. Инаку со мм исто вака заспива ама со него за нијанса побрзо. Може е тој посмирен, мене нервоза ме фаќа. Внимавам на прозори на будност.
    Дали можеби би имало врска зборувањето? Точно е 2 години а многу зборува за возраста, сложени реченици кажува, дури и чисто ги кажува зборовите, можеш да си правиш муабет како со возрасен.

    @Lisandra јас ако не заспие до 14 часот не ја оставам ич да заспие за да не легне доцна вечерта. Ако не заспива денски обавезно лежиме 1 саат да мирува.
     
    На Осе и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.826
    Допаѓања:
    202.847
    Пол:
    Женски
    Ако е можно, попладнето да го поминува надвор, мислам дека ќе ти заспива навечер без проблем. Ама што повеќе време да биде надвор, да трча, да се заигрува, да се активира истражувањето на околината. Секако доколку е изводливо, ако работите и двајцата со мт, тешко е, и мене ми е јасно тоа. Ама пробај два три пати да видиш дали нешто ќе се промени со заспивањето.
    Моиве секогаш лесно заспиваат кога поголем дел од денот го поминуваат надвор, ако седат дома, знаат и покасно да заспијат независно од возраста.
     
    На mal.ecka и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  20. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Немам совет само да те утешам ,еве исти сме. Јас заспивам она фризури ми прави. По совети од овој оној млеко пред спиење пробав -џабе. Пробав да и отфрлам дремка ама тогаш е полошо не може да заспие од преморена иако сме лежеле дента за да одмори. Е кога почна во градинка цел месец без прекин во 21 ч сама бараше ајде нанеме. Ама се разболе остана дома и пак иста песна тераме. Пробав и пред спиење да се измори пробав и со потивка музика и да имаше ѕенѕање и пеење така да и тоа џабе. Пробав со книга и имаш тука јас читам и ми ја влече па се игра со книгата ништо и од тоа. Така да изгледа треба да се навикнеме ние :wasntme:
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.