@referentka Кај нас најискористени беа сликовниците и алал да се и пари и време кои сум ги потрошила на нив. Најдолго и задржуваа внимание, јас раскажував по слики, па препознаваше животни, растенија, ликови и сл во сликовниците, па учеше да ги изговори... На крај сама ги разгледуваше и со моја помош раскажуваше. Сега сме во фаза кога и ги читам и внимателно слуша. Мислам многу вопитно ни делуваа, плус по долго и го задржуваа вниманието. Сметам дека ни помогнаа да научиме некои ситуации од секојдневието, бои, форми, превозни средства, установи, животни исл. Па дури и во прозборувањето ни помогнаа, уште се сеќавам како покажуваше со прсте во сликовницата и викаше ,,маау,, Затоа што моето дете ептен се занимаваше со сликовници , често знам за подарок на друго дете да купам сликовница, надевајќи се дека ќе му биде интересна исто колку и на моето дете.
Исто е и кај нас најомиелна играчка ни се сликовниците . Повеќе сака да и раскажувам а таа да врти страници Во последно време песничките ни се омилени. Многу и научи со нив , да го кажува следното зборче така ја задржува концентрацијата и ме слуша па супер се кога сакаме да се смириме и за пред спиење. Сега ми е план да купам книга со повеќе приказни и секоја вечер да читаме по една. Ако имате некоја препорака дајте.
Во СП Маркет има штанд со сликовници и боенки, имаше и со повеќе приказни (и повеќе текст на страната), мислам 380 денари беа
И ние сме љубители на сликовници,имаме еден куп и тоа купувам најмногу во последно време а и бабите исто,се надевам дека ќе успеам да и ја пренесам и нејзе мојата љубов кон книгите.Често знае сама да ги земе и да дојде да ми рече да и читам,а сега во последно време најако ми е ќе и речам ајде да читаме некоја приказна и она ми ја зема книгата и вика "не ти,ја цитам сега,ти сушаш мамо" и она почнува со раката да врти,да покажува,ми раскажува во нејзин стил како ја сватила приказната и се така,па друга,не дава да ја пипнам книгата,многу ми е интересна,или јас кога читам книга ми доаѓа и ми вика "мамо учис",ова дека кога го спремав правосудниот и велев дека учам.
Мајки пред 3дена керка носето почна да и тече после еден ден почна да поткашлува онака суво и прашав во аптека ми дадоа сируп но од синока почна д кашла мокро и носе сеуште тече..Матичната е отсутна денес и утре незнам дали да земам сируп што одсекогаш ни помагаше за шлајмови и мокра кашлица или да ја носам на дежурен..Кашла често вчера кашлаше синока немаше да кашла само утрово кога се разбуди за млекце почна да кашла и спиеше мирно и сега на пладне спиеше но еве кога е будна кашла многу често..А и незнам дали може и давав еден сируп сега да прекинам па друг..
Рефка од која возраст почна позаинтересирано да те слуша. Мојава уште не ја држи газено. Граба и вика тама читам и ке ја преврти 2, 3 пати и ја џитка. А книги колку ти душа сака имаме и сликовници и прикаски и се. Мм фркна 50евра на една огромна од младинска книга со многу приказни само што се во многу опширна верзија. Со синко после 4г од таа читавме ама пак тие приказни што беа до кај 2 до 3 страни, подолгите не можеше да ги дослушува до крај. Со него мн читав само не ми текнува од која возраст баш почна баш онака по цели книгички.
Од пред една недела.. Реков,да пробам да ја анимирам пред да легне,малку да ја "смирам" ,зашто обично кенка и плаче од што и се спие. Сега сликовнициве како ритуал ни станаа.Повеќе од 10-тина минути внимание неможам да и задржам,ама мала е..ќе ја научам. Битно,гледам дека приказната ја знае,јас ја потпрашувам кој е кој на сликата,па каде се скриле прасињата...ја стимулирам да збори и размислува.. За почеток сум задоволна. Иначе,и помина периодот на збеснување. Едно време се уплашив што му стана на детево..ама добро е..кратко траеше.
Ах колку си го сакав тој ритуал пред сшиење со брат и. Не заспиваше без да му прочитам книгичка. Па имаше периоди кога со недели една иста сакаше да му ја читам. Кига се рпди малово продолживме беше мирно бебе нон стоп спиеше имапе време. Ама како почна да расте почна некзиното заспивање да ми одзема доста време и он некако веќе се одвикна и често засппива во исто време. Мн ми е жал затоа сакам и со неа да почнам па може и ќе се заинтересира и он пак па на двајцата заедно да им читам. Голем е веќе може не му се интересни тие некои прикаски ама пак е дете шо знам. Се надевам дека кога ќе научи убаво да чита дека ќе си ги потчитнува и сам. Ќе пробувам да го навикнам ама ќе видам како ќе биде
Одлично е 10 мин да задржува внимание 2 г дете...со секоја год +5 мин максимум се додаваат. @M&M почнете прво со слики што има на сликата, што прават ликовите, што носат на себе, што има во позадина или вака со по една реченица што се, дури се зголеми речникот..потоа постепено на подолги. Читав на интернет во врска со зголемување на речникот најпрво со една слика да се објаснува, па со две и тн. Може нешто на интернет да се најде под "приче у сликама" , ама пак слабо...нешто што бендисав симнав....Исто од една страна бесплатни е-книги ако ве интересира некој (има и бесплатни и со пари), teacherspayteachers.com...само на англиски што се. За книга со пократки приказни... 101 приказна за животните ја имаме...ама не стои да и допрочитам иако се кратки врти страници дека секаде слики да види на следната страна што има (не е стрплива), ме тера да читам и уште не допрочитано ќе ми сврти пак страна . И од книгата Моите први зборови, мојата прва книга, има приказна така во слики е мечки каде што градат куќа...по 50 пати во денот ме тера да и ја раскажувам ...ама неа ако видам дека е нестрплива ја забрзувам оти секако со мои зборови и ја раскажувам.
Мајки како ви спијат дечињата у кола..Утре мора рано да кренеме па керка спиејки ке ја ставам у кола но некако не ми е баш да спие не седиште..?
Ние обично тргаме околу три четири. Дете си го заспивам нормално, во пижами во кревет. После го префрлам вобседиште, седиштето спуштено едно ниво за да му биде удобно. И тој си продолжува да спие по пат.
О јас баш и не можам да ти помогнам. Ова зверчево мое не сака баш да спие во кола и уште ао цицање заспива. Ние го утнавме седиштето и не се спушта на полулежечка положба така да јога ќе заспие ми спие во раце што мене баш не ми е во прилог. Синко си заспиваше сам во седиште и уште некогаш знае да се убута и да заспие. Пробај заспан да го префрлиш ако ти е добро седиштето за спиење или држи го во раце додека спие како мислиш дека поубаво ќе се наспие
Е сега ми реши една дилема да знаеш. Имено сега гледаме за уште едно седиште да купиме и дилемата ни беше дали да биде од 0 до 25 кила со три позиции за подесување(такво имаме и сме многу задоволни) или од 9 до 36 без опција за местење на наслонот. Демек за поголемото дете во него. Ама дефинитивно уште едно до 25 ке купиме. Син ми обавезно заспива кога се вози. И ни се има случено во моментот да не е навалено седиштето и главата му падне на напред. Па застануваме да го навалиме. Инаку и он дур цицаше заспиваше исклучиво со цицање, па кога патувавме прв пат беше околу година, ноке патувавме, па кога се будеше се навалувавав и без да го извадам му давав да цица, за да продолжи да спие.
Немој да се зезнеш земи си со позиции подле 25кг веќе можат и само врзани да седат. Не ми де даваат ич пари пак за седиште ионака не сака да се вози многу. Преска до влае едвај издржа само викаше готпво мама колата демек да излеземе од кола За 3 недели одиме за грчка весело ќе биде. Само песнички и цртани не спасуваат
Да Ве прашам до која возраст ги капевте децата во корито ? Девојкава моја има 2 г и 3 м и несака да чуе за туширање. Исклучиво корито, да си седне и да си игра со пластични чаши. Мислам дека се плаши од тушот, од млазот што го испушта.