Исто и претходно имав пишано, еве повеќе од месец од ко ја тргнавме цуцлата многу му се поремети дневната дремка, инаку ќе ја земеше цуцлата и веднаш заспиваше. Сега толку многу е разигран, го фаќа криза околу 6 часот и ако заспие после ќе си стани и седи до доцна. Гледам да не преспива за вечерта да си легни во нормално време ама понекогаш штом го фаќа дремка станува многу нервозен и плачи за секоја ситница, и жал ми е кога се мачи така. Скоро секој ден спомнува за цуцето, некогаш си го бара кај што му стоеше ама не прави проблем штом му речам дека го загинавме
И мојов задолжително плаче ама само ако му отиде вода преку лице, па се учиме наназад да ја држи главата што не секогаш успева пошто ја држи наназад 2 секудни и исправа па пак плачки. Сега во последно време му давам он со тушот да се плакне и тело и коса и така ептен сака дека се чувствува способен и голем. Иначе ја виде и една песничка the Bath song мислам дека се вика и трча накај тоалет да се бања како батковците во песната и вика „бад(т)е бањ бањ“
@mariz @NarCis@ @joy1 Во оваа тема ве читав. Малава има 5ипол години и скоро 2 години проблем со хроничен запек. Последниот месец каката станува потенка по должина и ме асоцира на рак на дебелото црево. До сега пие мовикол раствор за омекнување на столицата и ехо имаме направено повеќе пати и секогаш е истиот одговор дека треба да пие раствор и здрава исхрана. Железо проверивме еднаш беше ок. Никогаш го немам прашано педијатар дали може рак да е ама во четврток имаме термин ќе го прашам. На интернет читам колпоскопија треба, а во темава прочитав за ириографија или нешто така рентген. Не знам што друго може да и биде. Вика дека ја боли кога кака и понекогаш вика дека мисли дека има топче на крајот од анусот. Не знам што да мислам веќе, премногу сум испаничена. Колкави се шансите за рак на дебело црево кај мало дете? Ми излезе и кронова болест на гугл ама ги нема тие симптоми. Пред 2-3 месеци беше многу ослабена во лице 2-3 недели ама потоа се врати во нормала. Ослабена не е. И кога беше во лице имаше иста килажа. Не ни сакам да помислам на рак на дебелото црево ама не знам на што да мислам веќе. Не јаде се ама не јаде ни многу нездраво. Во градинка не оди воопшто за какање вика дека не сака друг да ја брише. Тоа што најмногу ме загрижува е што каката е потенка од порано. На ехо не може да се види рак нели?
Леле не бе каков рак, пострашни симптоми ќе имаше не само запек или тенка столица. Не внесува најверојатно доволно растителни влакна. Храна со повеќе влакна, храна која не прави запек, па ако треба и лекови за да се активираат цревата. Мојов има мрзливи црева и долго време беше на Ефекол кој добро се покажа и почна да оди секој ден. Сега веќе не пие, знае да скокне денови ама не е страшно. Кај ти дојде на памет рак. Мојов имаше обилно крварење во столица, анемија, запек, пролив, тенки столици, болки во стомак, повраќања, ракови не ми дојдоа на памет. По ова што кажуваш дека и осеќа топче, може и хемороиди да има и затоа тенка излегува столицата.... Гастро доктор треба да ја види, па он ќе провери се што треба. Кај моево точно не се дозна што беше, но фала богу се среди само, а што не испитавме тогаш. Дојдовме до колоноскопија за која не се нафаќа да ја направат на толку мало дете.
Рак да има 2 години и нетретиран да нема гајле, не може Немам искуство со ова, но јас би барала специјалист да ја види, да се провери дали е хронично, акутно, автоимуно и сл. Кога сѐ ќе се исклучи, останува на тоа да внесува балансирана и здрава исхрана, зошто може има таков организам и ќе мора повеќе да внимавате.
Од што излегваат вакви на јазико? Имаше два пати го мачкав со метиленско плаво и поминваа за два дена, сега еве трет пат пак на исто место се појавува, матичната не ми кажа од шо е само како да третирам.
Кај вас не се откри што беше и помина? И за колку време помина? Јас мислаев дека сте откриле дека целијаклија има така како да те имам прочитано. Педијатарот ми рече дека сигурно немала хемороиди ама сепак не сум сигурна. Ефекол и давам кога сме Мк и мн добар е, додека тука е Мовикол и не кака од него толку многу како од Ефекол. И колку долго пиеше Ефекол сакам да те прашам?
Специјалист соодветен би бил тој на колпоскопија? Гугл ми преведува едно како анална фисура или пролапс, испукнатина на крајот, педизвикана од запек и после во круг се врти од неа пак запек. Има ли нутриционист онлајн да ни направи план за исхрана и само до тој план строго да се држиме? Цели ноќи кака сонувам, хронично ненаспана сум, полудев веќе.
Многу време траеше и испитувањето, едно по друго (башка кај нас се знае како е со чекањето низ ходници за една работа само). Сниман беше и на ириографија и сцинтиграфија, генетски тестови, крвни анализи куп. Држевме диети разни.. од 2ипол год до кај 5ипол год. На 5ипол почнав да му давам се да јаде и еден месец бевме во камп во Охрид и тогаш му прекина крварењето и за 1м крвта после 2г анемија му се оправи скроз сама без никакви суплименти. Јас мислам дека беше некој колитис, некој ршум во црева од антибиотици (башка што имаше лежено на 1ипол год во болница со салмонела труење, тогаш какаше исто крв ама малку). Целијакија ген има, ама мирни антитела и тоа не е. Еве го јаде се, океј е веќе 2г. Повремено знае да има болки во стомачето (ама пред да му се кака). На ириографија него му најдоа и дека дебелото црево му е подолго од што треба (долихосигма вродена има), па кај него најверојатно и затоа не е редовно празнењето. На антибиотици уште неубаво реагира, одма е со проливи... скоро му дадоа, абе експлозивни столици имаше, газето жааар рани му се направи... За ефеколот не ми текнува точно, ама пиеше месец па престанавме и како престанавме пак не одеше во тоалет, па уште месец да пиеше. После почнавме сакал, не сакал, да го натераме да си седи на шоља еднаш во денот и почна да оди. Минатата прваче беше, па секој 2,3ти ден ми јавуваа да го земам, го болело стомак (а го болело дека му се кака).. Оваа година немаме таков проблем. Инаку колпоскопија е друго, колоноскопија се прави на дебело црево (со камера одат преку газе), но за таква процедура се нафаќаат само ако е многу итно нешто. Хемороиди како виде матичниот дека нема? Тие може да се и внатрешни. И тоа проверуваа кај синчето 2,3 пати. Малку незгоден е прегледот, ама среќа мало беше и се надевам не се сеќава на ништо.
Може да се види.Впрочем од ехо секогаш се гледа нешто сумљиво па се препраќа понатака на испитување.Нема рак детето,не кревај паники.Мајка ми имаше рак,губеше крв внатрешно па поради тоа имаше црна столица,железо скроз паднато,пре висока седиментација и жолта беше на цело тело(ова да ти посочам дека детето ти нема вакви симптоми).Избалансирајте исхрана и физички нека се вклучи во некоја активност(спорт,гимнастика,повеќе пешачење).Секако штом се плашиш ке си консултираш специјалист ама не брзај со изнавзивни методи како колоноскопија и сл.И секако обрни внимание на психолошката страна.Некогаш децата од претрпан стрес не одат во вц подолг период.
Уште ова прашање. Кога се породи ти со второто дете? Дали во отприлика ист период започна проблемот со првото? Кога видов тенка столица бев убедена рак дека е. Ме смиривте сега барем трезвено да размислам и да помогнам. Ни за мочкање не сака во тоалет, за тоа се е проверено и уринокултура и специјалист за бубрези, и психолог, ама со психологот малку беше еден саат, пак ќе одам за две недели. Сабајле станавме и не сака да оди во вц. Неколку пати и се прооде и се стиска и околу 10:30 јас на раце ја однесов, ја соблеков ја седнав.
@mariz Не успеав да допишам. Педијатарот рече штом нема крв нема хемороиди. Неколку пати каката по должина има по неколку празни дупки, барам слики на гугл не наоѓам од таква столица. Кога седи вика мисли дека има кака на газот. Тоа од 3 години си го викаше ама јас мислев до гаќите е, па купував различни, па сечев етикети, баш и на форумов пишував. Ако има хемороиди ќе осеќа и сама? Ич не сум запознаена за хемороиди што и како, сега ќе изгуглам. Во фамилија има само една личност што има проблем со стомак ама лекарите сеуште не знаат што и е, дека читав може и наследно да е. И читам бебе со хемороиди од мало плачело, а малава до 2 години само плачеше и сите викаа нормално е.