Јас имам хемороиди, ама немам крв. Кога има крв, тогаш значи дека хемороидите испукале и крварат. Уствари, самите хемороиди се проширени крвни садови. Некогаш болат, некогаш чешаат, а кога е полоша ситуацијата, крварат. Не сакам да те плашам, секако треба да бидеш смирена, ама да бараш специјалист да ја прегледа и да испита сѐ што треба. Не знам дали сте направиле копрокултура досега. Да се види дали има кандида или можеби некој паразит, па тоа ја мачи.
Немаме тоа направено, ќе однесам во четврток. Ќе видам сега на гугл колку време претходно треба примерок да земам.
За кандида се носи само еден примерок. За паразити три дена, а најдобро и целофански брис да се провери истовремено. Овие испитувања ние ги имаме правено и вака ни кажаа тогаш. Едит: нема врска времето, само ако не носиш одма, да го ставиш во фрижидер. Се разбира, во чашка за копрокултура, па после во ќесичка.
Не знам, мислам не. Јас лично немам. Едино што некогаш кога се активирани, а тоа е при јадење понездрава храна, тогаш ме болат.
Многу работи се случија тогаш и се ми дојде на ум, па дури и тоа да не е, стрес од новото бебе дома. Он на 1г и 3м салмонела 7 дена болница, на 1г и 6м операција на кила и неспуштен тестис, од тогаш почнаа алергии страшни по цело тело. На 2г и 5м се роди сестра му, а на 2г и 8,9м прими ммр. Месец после ммр веќе ја приметивме крвта во столицата (немавме приметено пред тоа), а од тогаш се полошо стана... Многу ја сака сестра му од раѓање, не покажа никаква љубомора ама што знам... На снимката од сцинтиграфијата имаше страшна задршка на контраст низ цели црева, цел дигестивен систем, што сепак укажуваше дека има некое заболување во цревата, некое надразнување на цревата ама сите испитувања, се живо беше во ред. Измет се живо проверено беше, од токсини, до паразити, бактерии, кандида. Кронова испитано беше, Мекелев дивертикулум, се тоа океј си беше. Инаку вчера баш си размислував кога престанаа болките... дека крварењето го нема веќе 2г, а болки имаше. Март годинава уште една операција на кила имаше и уствари си поврзав дека детево нема болки од тогаш. До тогаш секој 2,3ти ден го зимав од школо со болки (кои беа за какање, дури и на шоља кога какаше го болеше). По операцијата не се жали на болки уствари, ретко ептен... Закажи си гастро доктор, кој ќе те упати и на хирург и секаде каде што треба.
Од што цел гугл го поминав и тоа ми излезе дека од вакцина е можно, а ммр ја прими три месеци пред да се породам, после долго одложување од страв, и баш тогаш и проблемов почна. Што не значи дека од вакцината е ама ете не значи и дека не е, никогаш нема да се дознае тоа. Година и пол трае ова, може и назад да ми е зимата и да потрае. Ќе се потсетам и јас точно редоследот на настани како беше.
Сменете малце во исхраната, нека биде богата со растителни влакна. Не верувам да е нешто сериозно. Нека јаде повеќе овошје нека пие вода, овесни снегулки, авокадо, круша, јаболко,сливи, грав, леќа, бадеми,чиа семе Избегнувајте бели пецива.
Пред некое време имав пишано еве уште го имаме тој проблем со синчето, каса многу, за се почна така и боли модрици сме по рацете и кога му давам да јади и кога се лути, кога му е досадно напад со уста. Пробав да му укажам со арно дека не треба така цело време за тоа зборуваме, дури и плачам му велам дека боли да не прави така, со карање ништо не помага. Како да го научам дека тоа не треба да го прави. Да го казнам некако ама да разбери.
Велиш кога му е досадно. Може од фрустрираност да е поагресивно детето. Ако имаш идеа што го фрустрира гледај тоа намали го- изворот на фрустрации. Понуди му нешто што ќе го интересира ако му е здодевно... Инаку да, треба да изреагираш на начин на кој ќе види дека сериозно си му лута, значи малку и пореално да одглумиш дека така не му дозволуваш. Мрштење, сериозен глас и израз на лице, или сл.
Смена многу во однесување, вака пример многу зборува работите шо си ги знае цело време ги повторува клима, кај е клима, врата кај е врата чао врата. Скали скали. Цел ден зборува да не е некој скок во развој.ова сега од ко почна и да каса. Цело време бара нешто. Цртани кога гледа не му се погодени сака да му менуваме насекое. Кога играме се лути не дава играчки и тогаш каса. Кога треба да спие а ние намалуваме со игри и му станува досадно тогаш најмногу за да му обрниме внимание. За секое не пример за раче го носам ваму таму тој ако не сака одма ќе не касни. Ако не не каснал пример ќе не штипи и стиска со забите го гледам се стега сака да не боли. Сношти од нигде никаде кога требаше да спие се беше во ред, лежеше и ќе ми го извадеше окото со ноктите наеднаш дојде. Му се лутам, викам некогаш иди ќе напрај бац кај шо те каснал или удрил исто и кога лежиме сака да скока на нас со цела сила со нозете не шиба ужива да не боли или мисли е интересно најчесто се случува кога треба да спие и за 10 минути повторно го прави истото.
Мене ми личи дека му е досадно. Знам праевме ама не памтам, зошто не оди во градинка? Да го носите во игротеки како алтернатива или нешто слично? Сакав да ти речам 5ки да не вади ама викаш и на друг начин напаѓа.
Сакав на пролет сега дека вируси се во тек, одма ќе се префати, кога одиме во игротека седи само пола сат иди кај нас на маса не сака да си игра и игротекава шо е поблиску нема ич деца ни играчки многу 3, 4 камиончиња топчиња и ја направија по 300 од час и пол, плус кафиња ќе порачаш некако многу не знам кај вас колку се. Знам дека му е досадно но не може цел ден да го играме и пред спиење, а шо ако и во градинка ги каса многу неубо ќе ми биди , не знам како таа навика да се смени.
Ќе ви се уклучам во муабет зимата полесно пројдовме во градинка него пролет. Под 0 ст кога ќе падне темп нема вируси, а на топлото во пролет бетер. Лани почна во јан до април малтене раат бевме. Летото есенва хаос, мада сега веќе како да нема сезона за вируси. Мене да ме прашаш би ти рекла да го пуштиш воедно и за проблемот горе и мојот знаеше да гризне ама во градинка ќе го скара, друг е авторитетот имаат начини да се справат. Еве кај него таа фаза некако помина со карање и зборење. И тој ќе каса и ќе дојде каснат неминовно е ама ќе се среди по мене подобро таму него дома. Искрено, ако го чуваш сама јака ти душа, детево ми е толку бесно и сака да игра и брзо се му здосадува што едвај го занимаваме за викенд.
Најубо и да го пуштам порано, збеснува веќе не знам шо игри да смислам за да ги свати и да си играме мало е, преѓе само му реков ај пелена да смениме и ме удри силно по нос неочекувано не знам шо му се случува во неговата глава, како одма реагира неубо.
Ако не се мешал со деца многу секако ќе се разболува ама дека поголем може и полесно ќе поминува. Мојот тргна во мај, па глава не можевме да кренеме од вируси и бактерии. Кај тој болен, па уште нас не префаќаше цело време од него, колективно болни бевме. Нема таму така да се однесува, ќе проба да гризне и ќе му вратат, учителките ќе го искараат, ќе се постават граници. Друго е таму, учат песнички, си играат, рутина за јадење и спиење, па и за тебе одмор 8 саати да си дојдеш при себе и да имаш енергија да го играш до спиење.