Сношти го однесов во игротека, детево се прерадува имаше забава полно деца, кога си дојдивме мирен, мирен не касаше воопшто си легна порано, плачеше кога си одевме спремен е за во градинка скроз му фалат деца, не само со мене дома. Вечер пак ќе го носам.
Праќај во градинка и не мисли се. Навистина му фали детска дружба. И тоа што му фали го искажува преку агресија гризење. Баш ми е мило да се смири и да има убав ред.
Мајки, колку време се пие виранто? Додека не го испие цело шише? И после тоа колку време треба пауза?
Еве и јас да се изјаснам.Денес бевме на детска хирургија и му го отворија половото органче на син ми.Малку плачеше, минута работа е и помина.Потоа се жалеше дома по малку на болки ама најнормално си мочкаше и го мачкав со антибиотска маст.Сега треба на секои 2 дена на бањањето да му го отварам и денес добро поминав дај боже и понатака да биде вака лесно како денес.
Јас давав Оли, без прекин некаде 6 месеци, почнав после годинка а давав претходно Беби тол, ама пола рипче ми остануваше на рака и затоа сменав на Молерс...и на контрола педијатар ми вика даваш уште Омега така? И јас и велам давам...ми вика на последниот конгрес на педијатри им било советувано омега да се зема до 3 години, колку што ја разбрав без престан...сега моментално паузирам, болен е има шлајм и одвај се молиме за сируп, па не сакам дополнително да го стресирам...кога ќе оздрави планирам да продолжам
Како се дава Молерс и дали е грозно? Јас уште му давам Бебитол, ама буквално секој ден плачки со тоа. Не го сака, гадно му е, и го разбирам искрено
Без прекин давам и јас омега, но си мислев Молерсот да не треба да се прекине после некое време, од него да се направи пауза малку и да се дава друга омега. Инаку, две третини од шишето има испиено досега, па дали цело да го допие и да му земам ново за да продолжи. Тоа ми беше дилемата; да не има некоја препорака да се паузира од него.
Давам јас, но до сега не сум правела пауза. Може ете додека сме на одмор или викенд па да не го влечам шишето со мене.
Јас земам шприцеви од 5 мл и мерам 2,5 мл. Му вбризгувам во смока, земам едни од Белина. Подебели се и повеќе апсорбираат, па со 2-3 смоки ја зема потребната количина. Така и со Д3 правам, само што напола ја кршам и капнувам капки колки што треба.