Мене ми е прегрозно искрено...као демек со вкус тути фрути е ама мене ми е одвратно (го имам лижнато )..на мали му проаѓа, ама му го давам најчесто во млеко пошто моево ништо не сака, се пиеме со сила...дали смеам не сум сигурна ама или така е или никако...кога беше болен претходно вриштеше од шприц па пробиотикот на лепче му го давам..еве ја читам Оли давала на смоки па можам да пробам и така... Искрено не знам...немам прочитано дали треба да се прекинат, ама колку што го разбрав педијатарот ми рече продолжи да даваш до 3 години...мислам дека штета нема, Молерсот не е нешто различен од друга омега само има и плус витамини во него Еве што вика официјалната страна * За употреба на Möller’s маслото од црн дроб на бакалар за бебиња кои се на исхрана со адаптирано или последователно млеко потребна е претходна консултација со лекар бидејќи адаптираното и последователното млеко во себе содржи витамин Д и ДХА есенцијални масни киселини.
Со моево ѕвере однапред знам дека тоа нема да ми успее. Сум пробала бебитолот и во јогурт, и на смока и секакви финти, плука. На крај ставам малку мед на врв лажиче, истурам капсула и му давам па плаче кога ќе осети. Ќе пробам и Молерс, можеби подобро ќе прифати, ма да 2.5 мл... it's not gonna happen
Нисмо ми ти срече иначе 2.5мл е прилично голема количина...а вкусот е како да пиеш масло во вкус на шумско овошје на марс ќе се качиме, важно не измислија сирупи со убав вкус
Моиве деца 4 и 2 год.се само молерс од сите др сирупи го сакаат тој со вкус на јаболко и секогаш ми бараат уште да пијат( секако само дозата ја давам)Иначе пауза не правам освен може летно време кога одиме на одмор.
Па и не е баш малку 2,5 мл. Јас давам со вкус на тути фрути, а понекогаш и во овошна каша/смути/овошен јогурт/пудинг му ставам. Но не јаде секој ден тоа, па посигурна варијанта ми се смокиве.
33 месеци полни има синко. Што се случи од пред два дена не знам. Бевме излезени на луфтирање. Трчкаше, шлапаше во вирчиња, утоп ги направи новите чизми, чорапите цели вода, се изнашетавме многу. Се вративме дома. Време за дремка, не негодуваше многу пред спиење. Го заспа маж ми, да ме одмени. Кога, за неполн час стана. Ние вакви како наспан да е. Ајде, рековме вечер поарно ќе биде, порано ќе заспие. Вечерта со мајстор, едно друго, поручекта како внатрешна температура да имаше, лежеше и веќе накај 7 му се приспиваше, а мајсторот уште беше дома. Го држевме до кај 8 да не заспие. Од 8 сатот се растревожи, пискаше, ајде до кај 8 и пол го спремивме, го смиривме и со наша помош заспа. Вчера пак за спиење бараше помош. Вечерва исто така, а денес не ни дремна. Ич. Што развојна фаза му се случува? Знае ли некоја, упатена е во детски развој? Бидејќи јас не знам, а доколку вака некоја сподели, барем ќе се утешам. Значи ми забушава за дремки, за ноќното спиење вели не, нешто светло бара пуштено да е, приплакува, за јадење исто некако не е заинтересиран. Поминува ли ова или вака ќе си остане? А до пред три дена колку толку правевме прикаски. Сега и силиве ми се снеможени, уморна сум од цел ден, како да дотуркам... Јас го гледам, станува посвесен за работите околу, повеќе прати, зборува само, повторува, многу брзо се променува. Веројатно на тоа се должат овие работи, само дали ќе се стиши малку, дали ќе си продолжи по редот? Ајде мајки кажувајте кај вас како е/било? @elimkd , @MilaSs12 @0ли и другите со слична возраст...
Како што разбрав проблем ви е заспивањето денски и ноќно ако добро те разбрав. Нашите се само ден два разлика, немам проблем со заспивање ниту со денска дремка ниту ноќна, најверојатно затоа што многу се уморува преку ден, преактивен е буквално не застанува. Со светилка мала спиеме уште откако е родено. За јадење забушава и тоа како, на почетокот урлав се нервирав сега веќе отрпнав, ќе огладне сам ќе си побара. Какви ви се активностите преку ден? Што правите? Дали има кај да ја потроши енергијата? Земи ја во предвит и твојата состојба, бремена си, хормоните си го прават своето, мораш и ти да се смириш, да се опуштиш, децата не се машини ни роботи па секој ден исто темпо да тераат, ќе мењаваат еднаш вака друг пат така. Не е лошо и да го пуштиш в градинка да се социјализира, да промени средина, да се измеша со дечиња и за тебе полесно.
Засега во мисла нѝ е градинката, утре сакаме да доставиме документи за упис. Една мала надеж ми е дека ќе му помогне. Само разговараме со маж ми што му се случува. За спиење немавме мака, само пследниве дена почна фазава. Вика навечер не нано, па се убедуваме, ама до кај 9 и пол мора да е во кревет. За дремката исто вика не нано, а уморен е. И маалце потешко заспива. Нешто дефинитивно му се случува. Мислам дека и активности му фалат. А и развојна фаза е изгледа. Твојот оди во градинка? За колку време се привикна, ако оди? И тоа ми е мисла, јас ќе ги запишам ете ќе почне, ама за колку време како ќе ја прифати. Инаку гледамр да го извадиме надвор бар 2 часа. Дома што прави твојот што е толкѕ активен и се уморува?
Колку имаш до пораѓај? Само да се умешам, кога ќе дојде бебче е многу лош момент да го пушташ. Башка вируси, башка и за него треба адаптација со нов член дома.
Уште еден месец влегувам во 9ти. Знам колку е напорно за него почеток во градинка, плус таму тренирање за пелени. Затоа и ми е мисла што да правам. А сакам да има бар промена на средина, со дечиња неколку часа, му треба едно такво дружење. Бар така јас мислам, можеби поинаку ќе покаже. Или пак да го пуштам во дневен престој во игротека? А да му давам б6? Можеби и мене што ме гледа залежана му влијае. Ама еве деновиве се чудиме како да постапиме. Значи му се руши некој концепт во глава и почнува да писка. Сега за ручекот, сакам јадам вели, го седнувам на хранилка почна да писка, да плаче, да се корне. Го слушавме 15 минути и после му реков аман прекини не можам веќе и прекина и го гушнав. Којзнае емоционално што му се случува. Како дс му помогнам, а сепак и да се поштедам од напнување?
Достави документи и не се мисли, моето многу сака дечиња да се дружи уште од мало кога го носев по игротеки, по паркови само околу нив се моташе, сфатив дека местото му е в градинка и не погрешив, таму убаво и брзо се прилагоди, го оставам до 12часот, беше проблем јадењето ништо таму не јадеше но и тоа се среди. Пред спиење само за в градинка зборува што правеле, како си играле..Уште е в пелени но не прават проблем стално чист преслечен ми го даваат. Маката е што една недела оди и две недели е дома болно е дома е преактивен, имаме огромен двор ќе се растрча, куќата ни е пространа секаде топло и трча од една соба во друга, во спајдермен фиЛм е го облекува костумот и се пушта во погон знаеш дека сум сама овде без роднини, секој втор ден доаѓа внука на маж ми малечка е или ние одиме кај неа исто игра, трча со неа…. Поминува денот. стварно не знам зошто со сопругот сте толку растревожени кога е нормална фаза од развој на детенцето, башка не си сама тука ти е цела фамилија, што да речам јас Друго, зошто да мора во 9 да е вкревет? Ќе му се приспие само ќе побара, не сака да јаде океј игнор, сам ќе побара
Во право си. Ама толку ми дојде навала од тешкотија, тој по цел ден со мене, бара внимание секако, потоа со татко му, патем писка лудо човече, уф, ми се собира, се трудам да трпам, да сум релакс. А за спиење ноќе, 9 затоа што сакаме да здивнеме и некој ред да се држи. Него ако го оставиме ќе побара можда во 11, а во меѓувреме ќе цимоли, ќе се пентери од умор итн. Твојот кога легнува?
Малце има промена, не каса толку и не пишти, но му е досадно низ дома, излегуваме околу 40 минути во паркот нема деца се досадува ме трга за дома, во игротеки ќе го носам сега околу празнициве па да го запишам вградинка.
Зависи Во денови кога оди в градинка 21.30 најкасно 22 е заспан со тоа што денски го легнувам од 13h-15h Во денови кога е болен и не оди в градинка знае и 23h да заспие па да си спие до 10 часот и денски еден час да си дремне
Мајки на женски деца на оваа возраст, имам прашање за вашите деца. Дали и женските се груби во игра, дали знаат да фрлаат предмети во одредено расположение, дали ги фаќаат силни тантруми? Особено на возраст до кај 3 години ме интересира нивното однесување. Или сепак се помирни за разлика од машките? Бидејќи, често во споредба слушам дека машките се погруби и поагресивни, а женските се нежни и фини. Ајде ве очекувам со по некој коментар.
Познавам едни братче и сестриче, машкото 4, женското 2 години. Девојчево е колку 3 машки деца да чуваш дома значи страшен збеснитис. Братчето мирно, мирно само диносауруси го интересираат, енциклопедии, оваа оди му ги граба, го мава по глава со книгите…До детето е, не до полот дефинитивно.