1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Како ќе реагирате ако немирно дете се закача со вашето и со други, а родителот седи и се смее, не мрда со прст ни да го искара ни ништо.
     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Имаме таков пример и не се дружиме веќе со нив
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Знам да можи да се избегнат ама не можи, му зборам јас ама родителот треба да го скара, или на мајката да и речам не сакам да се карам за глупости.
     
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    11.906
    Пол:
    Женски
    Укажи му ти на детето дека не може така да прави.
    Во стилот не е во ред да се чепкаш, остави го детето да игра итн.
    А колку време така прави? Што конкретно прави детето, а како твоето реагира?
    Се случувало и кон моево такви случки, и секогаш се вртел и барал моја реакција и заштита.
    Секогаш да го заштитуваш и да му покажуваш дека си тука за него.

    Мене не ми е важно што ќе помислат другите за мојот однос кон син ми.
    Пред некој ден едно комшивче му грабна нешто од раце, ама погрубо (не ја следев случкава од почеток) и син ми му возврати, го плесна со рацете како му дојде и некако се изнервира од начинот на детето, па списка силно. Имаше некои измешани емоции, во очите му се гледаше, како бес, како немоќ, потреба за граница, за да покаже став... И ме погледна што ќе направам. Одма го гушнав и гледав да го смирам. Мајката на другото дете беше тука, ама небитно за мене, таа нека си коригира кај нејзиното, јас кај моето.
    Нема грубо да го карам моето дете пред други, за да не испадна "лигава", побитно ми е емоционално правилно да го смирам, отколку да задоволам нечии критериуми.
     
    На MinnieM, nevermet18, Kolache na mama и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Му зборував на другото дете кое е поголемо малце но не се плаши од мене и пред мене го турка, а моево иди и сака да си одиме. Станав си заминавме. Не знае да врати, плачи и сака да си одиме.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Не е ништо итно. Дали некоја мајка се соочила со прекумерно лачење на плунка кај детето(лигавење) по 2ра година? Дали знае некој каде треба да се носи на преглед , логопедите дали прават процена на голтањето и сл поврзано со говорен апарат но не мислам на процена за зборувањето.
     
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.831
    Допаѓања:
    18.663
    Пол:
    Женски
    Не се заби?
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Крајници на ОРЛ.
    Колку многу лигавење?
     
  9. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    И мојот се лигави има 3.5 години, преку ден не многу, ама затоа кога спие перницата е мокра. И никако да ја прашам матичната што може да е.
    А зборува перфектно, сигурно и кај вас не е до зборувањето.
    А и многу почна да рчи додека спие, и постојано се преместува на мојата перница, сака на повисоко да лежи.
    Прашањето ми е каков проблем би имале со крајниците?
     
  10. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Па еве сеа излегоа 5ките,ама веќе скроз се излезени.
    А за колку постојано му е мокра муцката или блузата не премногу ама има, 10 мин чист неможе да го најдеш на блузата, особено ако јадел па и нешто чоколадно да речеме откако ќе заврши со јадење уште 20 мин чоколадни лиги течат, знае и да му се растече ако се наведне со глава на напред истекува како рекичка се слева и паѓа на блуза или ако држи нешто или на земја. Инаку зборува нормално сврзува реченици од над 5 збора, јаде нормално не се дави не кашла ништо такво. Исто наутро ако спиел на страна цел образ, вратот пижамите и перницата се мокри. Ретко рчи неможам да кажам дека таков проблем има. Го слушам еве од утрово подголтнува нешто на грб лежеше, не сум приметила порано најверојатно не сум обраќала внимание. Има 2г 4м.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.361
    Допаѓања:
    108.009
    Пол:
    Женски
    Ова не е проблем што ќе ти го решат искуства мајче, појди до кај матичен или уште подобро специјалист. Може да е и воспаление некое на жлездите па со малку терапија да се среди. Да не се исплашиш може и невролог да треба да го види, тоа чисто зошто под нивна проблематика е ова.
     
  12. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Зборував со педијатар од болницата кај нас, рече дека пошто сега излегле 5ките да почекаме малку би требало да се стабилизира. И секако дека не барам тука решение туку ако има некој искуство каде се обратиле кај кој специјалист за оваа проблематика, и слично, што се гледа уште во првиот пост ако сте го прочитале убаво. Сепак Фала за советот.
     
    Последна измена: 28 декември 2022
    На lovely91 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.361
    Допаѓања:
    108.009
    Пол:
    Женски
    Прочитав, не се нервирајте, знам дека е нервозно. Муабетот ми беше дека совети може да добиете многу дијаметрални, од Заби се до Невролошки е треба да се третира, ви кажувам од искуство на многу блиска другарка не од памет. Кај нив се среди со мала интервенција, на максилофацијална, што не мора да значи дека ќе биде и кај вас. Јас не би чекала, би одела на максило одма, па од таму да ме препратат кај треба зошто е голем за заби да му ствараат толку плунка, ама вие ќе си одлучите. Секако сега празници нема да одите, ќе почекате, па таман ќе си видите како ќе биде. Со лесно, стварно немав лоша намера.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Што беше причината кај нив се откри ли? Може и јас лошо изреагирав ама не барав лек тука туку искуство и насока за специјалност. Јасно ми е дека тука секаков одговор може да добијам. Читав и на медицински сајтови од ништо до најстрашното е опишано. А прва реченица немало да ми го решат проблемот искуствата не ни го барав тоа, triggering ми дојде (facepalm). Затоа така напишав и може звучело нервозно. Фала :hug:
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.361
    Допаѓања:
    108.009
    Пол:
    Женски
    Нема гајле, ние родителите сме често преемотивни и пресензитивни, се разбираме. Кај нив излезе камчиња во плункови жлезди, буквално со локална анестезија го решија за 15мин. Поише време од заб поправање. А дијагноза прва добија да не ти кажувам, од рак до церебрална парализа, затоа ти реков може да е ништо а да се исплашиш. И најчесто е ништо, ситница, Бенедети тогаш ги реши одма, штета што почина човекот, прекрасен доктор е. Мислам дека ласерски ја решија маката, немаше ни крв, ни раничка, ништо. И јас синко го имам носено на максило кај Бенедети, за подврзано јазиче, френулом се вика тоа (и тоа може да биде една од причините дури за неможност да се аспирира плунка) и за минута го сецна, повеќе плачеше од што траеше интервенцијата, ни конец, ни анестезија, ни ништо, имаше крвче ама не беше страшно, за 1 час веќе спиеше и беше мирен.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Знам читав и јас ама нема никаков друг симптом или потешкотија освен тоа , некогаш повеќе лачи некогаш помалку ама си има а веќе е голем . Фала ти, ќе го однесеме на лекар па ќе видиме.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.274
    Допаѓања:
    6.771
    @0ли баш исто сме со редовиве и навикиве на децава, и јас гледам да запазам кога јаде и кога легнува да спие и тоа секој ден во исто време. Исто, ако го чува баба му или татко му им кажувам кога која активност да ја прават и си почитуваат. Го ценам тоа што почитуваат за да избегнам нервози и јас и тие оти знаат дека ептен се нервирам ако му дадат некоја закуска пред вечера или ако не не го заспијат навреме. Секоја пофалба за маж ти, за тоа што е вклучен во доста активности со детето. И мојот е ама нема да го најдам како бришат прашина макар и игра било. :D
    За излегување преку ден и на поладно време го изнесувам ама еднаш во денот. Ако му речам да ме земат од работа со татко му тогаш и два пати излегува:wasntme: Летото излегувавме по 2 пати. Сега одиме до парк или еден круг низ маало да пуштиме нога малце. После тоа и поубаво јаде и спиењето е послатко.
     
    На Panovic и 0ли им се допаѓа ова.
  18. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е за овде прашањето, но незнам каде да се обратам во случајов.
    Син ми (3годни) има фобија од машинка за стижење. Прв пат на 1ипол год. е стижен дека немаше многу коса, после уште два пати ама со плачење, сега поголем и уште повеќе став има. Пробано пред него да се стрижи татко му, бебето, јас ама нема фајде. Косата му е голема и многу му се поти во спиење, играње. Исто кога го бањам не се суши, а и со фен не дава. Купувме омилени играчки како награда ако се согласи ама не сака ништо. Ве молам со слично оскуство како на убав начин да се убедиме.
     
  19. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    4.871
    Пол:
    Женски
    Јас на моето му давам да ја фати вклучена да си поигра пред тоа да види дека не е страшно дека нема да се повреди и потоа нема мака, исто е и со други работи што се плашел на пример од сечење нокти со тек на време се опушта и еве сега немаме проблем.
     
  20. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Му ја давам ама не сака да ај допре одма бега :D дури и бебето ја држи за да види тој дека не е сташно ама џабе...