Стварно не знам каде да го поставам прашањето,па ајде тука Малата е 2год,спие со нас во спална ама бидејќи детската соба им е спремна,сакам и двете (големата е 4ипол) да ги префрлам да спијат сами во нивната соба. Колку време им требаше на вашите дечиња да се адаптираат на промената? Имаа промена во спиењето кога ги преместивте во посебна соба? Ја преспиваат ноќта,кога спиеме сами јас и она на спална не се буди воопшто,кога спие мм со нас тесно и е само не бутка и кенка во сон.. време им е за преселба
Од прва вечер немаше проблем. Си ја преспиваше цела ноќ туку јас не спиев додека се навикнам, само ми се причинуваше дека плаче, го проверував дали треба да го покријам
Кај нас во спална нема место за кревет за дете, имаме класична мала спална во новиве станови. Плус ние по мерка ја правевме и душекот е најголем што може да го собере. Ке има место уште некоја година. Го прашува татко му, дали сака да спие во неговата соба, виде еден кревет на тв како автомобил, кажа сакал таков. Му објснува дека ке спие сам, вели епа ке дојдете ти и мама со мене.
Заедно можеби ќе им биде интересно и побрзо ќе се навикнат, приказна една како нова рутина за спиење и ако некој пие млекце и може ќе прифатат побрзо. Јас не успеав вака ама пробај може ќе биде кај вас. Кај мене една недела спие во ред, другата се буди секој ден во 03 часот како аларм и сака кај нас на спална. Стварно не знам што да направам и како да го навикнам. Од 2ипол годинки пробавме.
Па обично кенкаат и се будат кога не им е добро,немаат мирен сон, не верувам дека ќе се промаши таква ситуација, не дај Боже. Јас имам вклучено камера цела ноќ.
И ние се спремаме пролетва здравје да ја уредиме детската и да спие таму. 2 и пол ќе биде тогаш. Е сега спие во креветче залепено до нашата спална, ретко да се подразбуди и да дојде меѓу нас на спална и да продолжи. Спие во вреќа, а кога ќе ја префрлам на голем кревет планираме со јорган да спие, ама не знам како ќе оди тоа, дали ќе се отскрива. Како е кај вас, се отскрива ноќе? И дали мирно спие, пошо мојава ептен знае да се изместува во спиење и некако ми е страв да не паѓа од креветот.
Ич не спие мирно, некогаш се буди со главата доле кај нозе. Се отскрива секако и меѓу нас кога спиеше, таков е не трпи топло и затоа си станувам по 100 пати ноќе. Можеш и со вреќичка да ја ставиш да спие, сестра ми до голема спиеше во вреќа ама не можеше да си стане од кревет, па мајка ми ја исече доле кај нозете За паѓањето, му земавме ограда од бебе хоум, долга е. Има простор само да се качи на креветот, нема шанси да падне.
И јас сакам истото да го знам. Како што изгледа, ќе биде како со многу други работи кои само прашина собираат и место зафаќаат.
Моето до сега еднаш какаше и 2-3 пати мочкаше во шоља со адаптер. Нокширот не сака да го погледне, го вози низ соба со играчки. Не е сеуште во фаза на одвикнување, сам си изрази желба за да седне таму. Може пак и време му е? Некако не сакам да го форсирам. Корисна работа е адаптерот. Јас пак се мислам за писоар дали да земам?
Во почетокот кога се одвикнуваше не го сакаше, но сега веќе извесен период си кака на шоља со адаптер а си мочка во писоар.
Внука ми не ни седна на нокшир, одма на адаптерот ја ставија. Многу добра работа е. Така планирам и ја со дете.