Пробај со одвикнување како ке оди. Можеби е спремен. Дава знаци. Мене син ми неспремна ме фати. Јас мислам мал е, тој фрли пелени за еден ден.
Мајки на дечиња 2 години пикот на тантруми кога е? Си беше баш смирен ама последниов месец е трескање од земја за било што што нема да му дозволиш тоа драми па се затвара во друга соба ко тинејџер да имам... Го прават ова ли вашите некогаш се чудам што му стана по 5 пати дневно драми прави ако нешто го искараш брзо поминува ама претерано е
Не се нешто да речиш големи пари, околу 100ден се до 150 отприлика. Со се сум опремена и ништо не му фаќа око освен пелена
И малава моја така правеше и тоа највеќе се трескаше кога најмалу ми требеше. По транваи ми лежеше на под, во продавници застој правеше... не сум сретнала до сега друго така да прави ама не сме се погодиле изгледа. Иначе и сега на 3г наедаш почна да изразува незадоволство на таков начин.
Не не е до тоа буквално е лут зашто не е по негово и сам кажува дека е лут или тажен зашто не е добил што сакал ама му требаат неколку минути да се истреска што до сега не правел така или да фрла по нас со нешто од лутина
Здраво мајки. На колку време какаат вашите дечиња? Мојов есеноска супер си одеше секој ден (дури и по 2 пати), а сега последниве 2 месеци некако почна преку 2, 3, па дури и 4 дена да кака. Јади се', и разноврсна храна, и овошје и ме чуди што вака. Млеко пие само наутро, банана во последно време намерно не му давам, и не знам. Некои искуства ако имате да споделите би ми значеле мн. Позз.
Не смее да фрла по вас работи. Може да се повреди и он и вас. Јас, во зависност од ситуација или го игнорирам или само ќе сс симнам на негово ниво и го гушкам. генерално ако се треска за глупости е на игнор, ако ептен е вознемирен го гушкам. Вчера на пример во сред гтц почна да се треска дека сака да јаде сладолед од џино. Тоа беше солзи и викање сакам сладолед, сакам сладолед како навиен. Продолжив да одам во друга насока, после 5 минуто се смири ко ништо да не било. Јас немам против јадење сладолед во зима, и ќе му купев да не се трескаше, ама мора да научи што е НЕ. Ваљда проаѓаат после 3г тантрумиве
Ако не поминат до 3, до 4 сигурно само после тоа можда следува нешто друго. Не знам од 4 натака однесување кај децата, нека кажат мајките. Кај нас имаше таков бурен период со секојдневно трескање. Или гушкање или чекање да заврши самото, трето нема што да се прави. И сега има нервозни испади, особено дома, кога ќе се запне за нешто не попушта. Или прајме компромис или не попуштаме ниту ние. Сега со бебево дома е уште попредизвикувачки, молам Бог за сила ментална да ми даде, да издржам.
Со гушкање не пали бетер се нервира а да го игнорирам баш за некоја минута сам се смирува и ќе дојде вика извини и бара да се гушне но со фрлањето незнам како да излезам на крај во тие 5 мин од мал го карам да не мава никого и да не фрла мислев фаза му е ама сега а е нервозен одма фрла со што му дојде незнам како да постапам искрено сп викање бетер мислам правам со игнорирање не сфаќа дека не треба разговараме после тоа го учам дека не е убаво но пак е на исто... се надевам само фаза е
Не поминуваат ни после 3. За после 4 ке ви кажам летово. Уште знае да ми фрла тантруми, ама сега ептен испланирано и манупулаторски.
Од кој дигитален топломер сте најзадоволни? Јас имам за во уво, живин и дигитален и сите покажуваат драстично различни температури. Барам да купам обичен дигитален за под мишка ама која марка?
И јас од никој,безвеза ми се сите:/ Користам дигитален за во уво,Braun ThermoScan 7,задоволна сум многу.
Мајки детево ептен е невозно, по цел ден прави се шо не треба не знам дали за внимание но прави нешто и не гледа како ќе изреагираме, обично фрла со играчки низ цела соба, турка постелнини алишта се шо ќе најди е на земја, ова е секој ден хаос ми е дома ај тоа, ама отвара релна пика играчки веќе сите фиоки ми се затворени оти се вади од нив, оди во вц буричка во шолја пушта вода, ги отвара сите врати почнав и да заклучувам два пати си излезе од дома, фрла мава со играчки, касапе долго време сега не каса штипи ситно буквално секој ден ќе дојди и ќе штипни цело време. Надвор кога го шетам растрчува на сите страни раче не дава, собира се од земја ништо не игра само глупости ќе пикни нешто во уста, не сака да се крла ни да се пушта по лизгалки, во игротеки го носам нонстоп плачки си одбира играчка и на никој не ја дава, сака само тој да ја држи во раце ко на некој натпревар да е за ро кој ја има играчката кога ќе му ја земат пишти корни иди кај нас и најчесто си бегаме кога ќе дојди тоа, не игра со децата ич не ги регистрира само се пази некој да не му го земи камиончето. Дали сите деца вака и до кога ќе се однесува на овај начин, исто и легнува на земја ако не е по негово и плачи.
Последно бев на редовен преглед за развој на деца од 2 години,докторката ми нагласи дека ова е тежок период каде во голем дел на нашето НЕ тие ќе прават обратно, дека тестираат граници и сакаат да истражуваат,ме советува да игнорирам ,но да се реагира во ситуации кога детето може да биде загрозено да се удри или да повреди некој друг,во тој случај да стојам на своето НЕ и да не попуштам. Инаку мојата само што наполни 2 години,по цел ден фрла се на сите страни,сите фиоки од кујната ги празни ,ја оставам така и пред спиење собираме,лежење во маркет на под ако и се спие или и се јаде,со деца сака да си игра но и плаче кога не е по нејзино,до скоро ме гребеше на лице и тоа само мене,колку повеќе и објаснував толку почесто го правеше(сигурно и беше како игра),престанав да давам значење на тоа само кратко НЕ дека боли и продолжував со некоја игра ,еве веќе не прави така.Тешко е и се надевам дека брзо ќе мине,не помогнав но знај дека не сте единствени.
На каква перничка спиете , ве молам да споделите предлози сакам да му купам . Моментално спие на трослојната од дормео (таа е на татко му) тој спие на едениот најрамен слој. Барав таква за него но мала, но немало повеке такви во Топ шоп.