Само ќе си покажи, моево уште спие без перница 4г, едно време спиеше на перница од Лимес ја зедов Панда детска, го сетив така што идеше на мојата перница и легнуваше, па неколку месеци спиеше на неа, после почна да слегува надолу во креветчето и му ја фатив.
Прашувам бидејќи моето не спие со нас ни во иста соба и не знам како да проценам дали сака перница или не Затоа мислев да не има некоја препорака од ортопед.
Јас им ставав,легнуваа на неа па за некое време легнуваа или на мојата или под неа,само на неа не Па така ме советуваа,кога ќе побараат сами тогаш.
Сега отворив на нет пиши до 2 години не се препорачува, потоа можело ако сака детето, иначе стручен совет нз и јас
Мојот спие на страна обично и скроз беше искривен во вратот. Исто се префрлаше на мојата перница и така спиеше помирно. Инаку му зедов од Комодита, има бебешки ниски. Некогаш спие на неа, некогаш ја турка и му ја тргам, како ќе му дојде.
Ете полесно ви е на тие кои спиете заедно за да забележите дека сака перница. Моево премногу ретко се врти на страна, на стомак спие. Ај ќе земам некоја, па ќе му ја ставам во креветче. Ако не ја сака, секако ќе ја џитне.
И мојава не спие 2.5 г. е ,еден период сакаше сега пак ја вади вика некам јасуче . Сте ми фалеле без да сетам ,ја отворам темата и ве читам сите по ред
Антоније еднаш ми кажа општо треба без перница да се спие и возрасни, дрмек ако имаш проблем некој со врат. По тоа сфатив дека воопшто не треба перница да се користи, дека нема бенефит или возрасна граница. Можеш да се јавиш да си прашаш за најсигурно, др Ласко барај го ако не го начекаш Антоније.
Немој да му ставаш перница. Според Антоније никој не треба да спие на перница, ни дете, ни возрасен. Единствено кога лежиме (без перница) телото ни е во идеална исправена положба и вистински одмара. И моите спијат во посебна соба и ми рече колку подолго без перница толку подобро. Самото ќе побара кога ќе сака, ќе си каже нели. Така и беше.
Па така и мене Антоније ми рече уште бебе кога беше, перница да му дадам кога сам ќе побара. Затоа досега и не сум дала. Секако ќе одам за 2-3 месеци на контрола, баш ќе му спомнам пак.
Здраво мајки, на мисла сум. Син ми е 2.5 год. Запишан е во градинка идеше лани 3 месеци, па направивме голема пауза. Сакаме пак да го пуштиме сега, е сега сум на мисла дали да барам да биде во поголемата група зошто сега е ставен во група со дечиња кои што не зборуваат баш многу а тој збори се и голем фонт на зборови има, исто дечињата се сеуште во пелени а тој повеќе од пола година е без. Тие се помали од него макс до пола година... А поголемата група се до околу 8м поголеми од него мислам. Некој мислење ? совет?
Кај нас во градинката неможе да бираш каде, по година се, пр. Цела 2019та, цела 2020, 2021. Синко е во најмалите декември е роден 2018та и е со деца кои се родени јануари 2018та, значи цела година е помал.
Незнам дали ќе може воопшто ама имам пријателка нејзината е во истата градинка во друга група а е родена у февруари истата година со моето...
Има некој скок во 4 година или само си умислувам Не дај Боже додека спие да се тргнеш од кревет, за 10мин станува со плачење, до сега тоа не се случило. Сакав да прашам и како да се справам со тоа што не сака сама да јаде? Уствари не само да јаде, туку и палто да си облече, ма да мислам дека за инат тоа го прави, ако сака да се облече и ќе го направи тоа, прегеска мм ја земал од градинка и вика аууу колку ме фати срам, патиките сама си ги облече, палтото во раката и отиде кај тетките да ја облечат, е викам мене ми е така секој ден Исто и кога бое, ама сама сум си крива за тоа, уште кога беше мала се и кажував од линијата надвор не смееш да излегуваш и сега кога бое, ако излезе од линијата надвор, се нервира, фрла боици, боенки се за тоа сама сум си крива, ама со разговор и објаснувам.
Моево исто 4г и 2 месеци, сам не јади а знае, сам не се облекува а знае, в градинка топлинки, патики ние му облекуваме а воспитувачката ми кажа дека од ко ќе станат од спиење сам си ги облекувал, значи од инает е или од мрза, др нема да бои ич не сака, а ако сака убо бои, нема воопшто трпение за боење исто така прави, ќе исчкрта се и ќе го искини листот и не боиме дома ич, играме Икс точка, домино, не лити се човече, тие ги сака, цел ден можи да игра. Секое си има свои интереси.
нешто слично беше и со големата кај мене, па инсистирав да биде во поголемата група, ако има простор гледај да го префрлите, оди во дирекција и кажи си
Мајки дали кога ќе биди потврдена бактерија во нос кај детето и вие примате некои лекарства? Малата има потврдено стрептокока бактерија а и јас имам секрет во носот. Да барам да ми дадат капки и мене?