Можеби погрешно се изразив а можеби погрешно ме разбра.Никаде не напишав дека на детето му фали внимание пишав БАРА внимание,дете кое што е навикнато на внимание фала богу дека ќе се однесува како ништо да не знае кога се обидувате да завршите некоја друга обврска,тоа дете е научено вашето внимание да е посветено целосно на него,ако му се јаде мама да зготви,ако му се игра мама да остави се за да си играат,ако му се зборува, црта било што.Ова го кажувам затоа што и јас имам 3 годишно дете кое исто се однесува ако јас почнам да готвам он бара да му ја дадам чашата што е на маса а он е на кревет значи тоа може да го направи сам.Мојот коментар воопшто не е изопачен ниту пак е напишан со намера некого да осудувам за разлика од вашиот.
Не го сватив лошо, баш како што опиша сватив, таков е, не е разгален, цело внимание кон него е, нон стоп сака дома да е центар пажња, надвор скроз друг е, интроверт по карактер. Од бебе му правев секакви активности и така е научен, башка што беше нејадач и по цел ден го молевме да јади и така
Бев ама не ми стои надежно дека ќе го сменма, се надевам дека и учителките ќе ја убидат разликата и ќе дадат предлог да се премести, претходно кога одеше кажуваа само он ни збори мн е напреден ... Ќе видиме
Совет од ортопедот во Систина Каличанин ни имаше кажано лани додека дете не се шета на кратки ракави да се дава д3. Ние даваме по 4 на пливит т. е. 800 единици.
Давам и во сончеви денови. Минатото лето као ај ќе намалам од 1000 на 400 и му беа омекнати ребрата кога го однесов во септември на контрола кај ортопедот. А секој ден бевме надвор и наутро и попладне, но не и во времето кога е топло и кога всушност има ефект ако си на сонце. Ме праша колку давам, а јас као 400 бидејќи ај на сонце сме, шетаме, но ме искара што сум намалила. Ако мачкаш дете со фактор за на сонце, џабе е и треба да се продолжи со истата доза и во лето. Па така ни рече наизменично еден ден 1200, еден ден 1600.
Генерацијо имам едно прашање ,дали сте имале проблем со цицање палец и како ги одвикнавте ? Цицла не фати ама затоа палчето го користеше за спиење ,потоа баба и на секое нејзино цицање палче и даваше сок и сега и стана навика кога ќе е жедна го цица палецот наместо да побара сок/вода.
Видоевски уште одамна ни имаше дадено препорака цела година да пие д3. Од едноставна причина што мало бебе секогаш на лето кога е многу топло не се изнесува на сонце и се шета само рано наутро или кога сонцето е на заоѓање. А зимно време се вади обично обратно, заради тоа што е потопло. Затоа велеше и на лето да пие д3... Велеше 15 минути на ден, секој ден, на сонце на пладне, со голи дланки и лице (нормално без креми за сончање) се доволни за дневна доза д витамин да се створи.
Голема е треба да си бара да си каже сакам вода. Без разлика со кого е, ти треба да пресечеш по мое мислење. Штета само му се прави така на детето во зборењето
Мајки, да ми препорачате душек за син ми, каков имате вие, каков препорачуваат ортопедите? Еве овде ќе спомнам за Антоније, ако може некоја да каже дали треба помек средно тврд, потврд... Ќе те означам @0ли знам дека ги следиш неговите препораки.