Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    5.746
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е битна висината. Освен да не е премногу висок за горно ниво, за да може бебе да се преврти преку ограда.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.896
    Пол:
    Женски
    За син ми, 3 години ќе биде душекот. Ќе спие на голем кревет.
     
  3. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    5.746
    Пол:
    Женски
    Оф не видов дека е темата 2-3 год. :D
    Знам дека имаш новороденче па мислев прашуваш за него. (facepalm)
    Не е битна висината, тврд да е душекот само.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Висина којашто ви одговара, не важно тоа. Види според креветот, колку е длабока основата во којашто ќе лежи душекот.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.896
    Пол:
    Женски
    Да, накнадно ќе се редат оградите, токму ради тоа да одбереме душек прво. Мајсторов е доста детален.
    Хахах нема гајле. Беблево е опремено за сега, само нека нанка. (fingers)
    Туку поголемото сега да го стокмиме за спиење во новата детска. Со каков ќеф ја спремаме, се смееме со маж ми ние ќе си играме таму :rofl:

    Туку да ве прашам сега вака, попаметни сте од мене.
    Дали дали да земеме душек со мемори пена или пак класичен со федери?
    Еден продавач на маж ми му рекол дека со мемори биле вештачки, правени со нафта...а класик бил најдобар, со федери, од Симпо ова.
    Му велам нормално за да го продаде така ќе каже. А навистина евтин душек, за сто евра. Другиве по 300 евра.

    Што е посалам?
     
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Од октомври до мај давам 4 капки, од јуни до септември по 2 капки ама гледам да фаќаме сонце до кај 11h. Ако не искочи на сонце давам редовна доза од 4. Само на одмор не давам воопшто. Давам Вигантол.
     
    На no name5, tina2018 и 0ли им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Мемори пената сама по себе е помека и се побива со препораката за тврд душек.
    Земи си го од Симпо, ги фалат и тука на форумот.
     
    На Tiny Love, elenaklasik и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.896
    Пол:
    Женски
    Велиш?
    Не знам. Мемори пената е 2 цм, другиот дел е 16 цм цврста пена.
    А со федери не е старско некако?
    Баш се мислам, да не утнам, да му се погоди спиењето сакам.
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ја сум од дете навикната на тврд душек.
    Пред 6-7години кога биравме спална мпдерно беше ептен мемори пена. Со некои јадра, па од горе мемори слој.
    Не ми е убаво спиењето, за мене е меко. А скапо е платен.
    Чекам прва прилика да го сменам.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.829
    Допаѓања:
    18.661
    Пол:
    Женски
    Има типови на мемори пена. За бебешко креветче имам од бебе хоум со мемори пена и некакво јадро на средина, цврсто е душечето како што треба.
    Од симпо земавме за спална и веќе не влагам таму. Нема ни 2 години душекот попушти. Дупки има, а не сме по 150 кг со маж за да е таков. И тоа од најскапиот со федери во пружина дрн дрн.
    Види си дормео федер бау пердормире алмаро има многу фирми триста пати подобри од симпо.
    Нека помине уште малку време и ке го сменам.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.071
    Допаѓања:
    119.105
    Пол:
    Женски
    Извинете многууу за долгиот пост,но морам:hug:

    Добро вечер, да прашам нешто од вас поискусните додека не сум "умрела од страв":(
    Ќерка ми е 2 ипол години, дете кое оди веќе година ипол во градинка и досега никаков проблем немала, освен честите настинки кои ги има, и ги сметам за нормални овој период.
    Зборува, си кажува реченици, сама јаде, не дава да ја раниме, на маса во тањирче и со нејзин прибор. Во фаза е кога и кажува за памперси дома, а во градинка веќе 3 месеци не носи памперс.
    Додека беа скоковите во развој буквално секој го осеќавме со бурни реакции и драстични промени после скокот, во позитивна смисла.
    Заби извадени сите освен 6ките, незнам кога одприлика излегуваат тие.
    Се си беше нормално и стандард, до пред 2 дена.
    Овие 2 дена е хорор;( страв, исплашен поглед, и лепенка во раце (не ја носиме во раце, со месеци инаку), плачење, вриштење, тажен поглед. Будење во сон со плачење и пикање во нас со липање. Срце ми откорнува.;( Пробав прво со разговор дали ја боли нешто, дали е настината. Гледам некоја вироза можеби има бидејќи ми покачи и температура не многу висока.
    Плачењето е интензивно, и мора да седне во раце кај нас и како маче не стиска и гушка растреперено.:(
    Поминуваат неколку минутки, и потоа смирена, си трча, си игра, ни збори, пее, се најнормално. За кратко почнува пак вриштење. Што и да тропне од надвор одма прашува "кој топаа?" , " кој доде".
    Само туку се врти низ дома и се загледува во нешто. Ко да проверува/истражува.
    Многу ми изгледа исплашено.
    Никој не ми пријавил во градинка дека се случило нешто, таму секогаш е супер. Соработува со тетките, јаде, на нокширче седи, спие.
    Денес од чиста мира гледам накривнува, со едното ноџе. Помислив се удрила трчајќи, ја свиткала, но изгледа и глуми.:^) Потоа заборава и нормално си оди. По некое време пак криви и пробува и со другата да го прави истото, посебно ако ја забележиме ние. Одбива да јаде, да пие, да ја исчешлам, да облечиме палто и патики, за се вика "нејчум". Потоа ко ништо да не било, се си прави најнормално.
    Најново ги стиска рацете во тупаница и така ги стега неколку минути додека не заборави.
    Во тие моменти не соработува со нас, ни збори, ни кажува нешто, само плаче.

    Пробуваме со маж ми со зборење, да не се плаше, да и скренеме со некоја омилена игра внимание, но многу малку ефект има.
    Дури и и свикав дека доста е, и ова не е смешно, ваквото однесување, ни тоа не ми упали.

    И незнам зошто се случува ова со моето дете, дали ние негде грешиме, или незнам стварно, можеби е само фаза некаква.
    Затоа барам совет од вас поискусните.

    Читав за тантруми, но таа не се треска од земја, може да фрли играчка во бес но не удара глава во ѕид. Незнам дали ова нејзино понашање е некаков вид тантрум.

    Јас се чувствувам најмизерно досега, размислувам за помош доколку е потребна и психолошка.
    Совет некој?;(
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.813
    Допаѓања:
    97.297
    Пол:
    Женски
    Баш ќе те прашав за 6ките дали се излезени, додека не напиша.
    Ти секако дека ќе ја следиш зошто ти си го знаеш детето најдобро, ама вака од напишаново, не ми изгледа дека има нешто што ептен одскокнува за загрижување, повеќе ми делува на вообичаено однесување на тодлер, не мора да значи дека за тантрум мора да удира со глава, различни деца, различно презентираат тантруми.
    Можеби и 6ките излегуваат, затоа и будењето навечер.
    Можеби чувствува некаква љубомора заради бременоста, ново бебе, нови промени.
    Секако ти ќе исклучуваш секаква физичка причина, во градинка пак проверка да не се случило нешто и нема штета од психолог, ако се одлучиш, ти ја препорачувам Радмила Живановиќ.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.809
    Допаѓања:
    202.815
    Пол:
    Женски
    Фаза е, веројатно почнуваат да се јавуваат и стравови, можеби и нешто се исплашила пред некое време, не мора да се случило нешто одма пред да почне ова, можеби поминал некој период, ама сега и' се враќа тоа.

    За шестки е рано, излегуваат на 6 години, мала е за нови запчиња. Не е ова однесување поврзано со вадење заби, ова е една од фазите во растот, кога стануваат посвесни за околината и кога сфаќаат дека со одредено однесување привлекуваат внимание.
    Ништо чудно да се и еден вид тантруми, не се секогаш тантруми пропратени со трескање глава од земја или ѕид, туку може да биде и нервоза поради неможност да се искажат емоциите и желбите, несигурност во себе и она што го чувствува. Можеби се јавуваат некои фрустрации поврзани со одредена ситуација.

    Не е лошо да се посети и психолог, чисто да ви даде насоки како да се однесувате во тие моменти. Можеби и не спие квалитетно, ако во текот на ноќта ги преживува случките од денот и сонува, пробај да одмора почесто преку ден и да имате некои смирувачки активности, нешто што не вклучува многу физички и психички напор.
    Стегањето на тупаниците е еден вид анксиозност, можеби и некаква фрустрација. Дали си забележала кога конкретно го прави тоа, дали е поврзано со некој страв (на пример тропањето), или ако си игра, па во даден момент не може да направи нешто што го замислила. Ако е од страв, да пробаш да збориш со неа, да ти каже самата што е тоа што ја плаши. Ако е фрустрација од нешто што не може да направи ко што треба, објаснувај дека некогаш треба повеќе пати да се обиде, дека може да те викне да и помогнеш ако сака и дека ќе научи со тек на време. Нема да разбира од прва, секако мала е, ама со постојано зборување ќе сфати.
    Ќе се среди и ова.
     
    На Lady Leona, nevermet18 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  14. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    4.869
    Пол:
    Женски
    Мојот е две ипол години од нигде никаде почна да се плаши од тушот, еве сега полнам вода во кофичка пискаше држи ја мамао држија ќе падне, исто ако тропне некој писка и трча кон мене, некоја фаза може им е кога разбираат повеќе и почнуваат да се плашат.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.896
    Пол:
    Женски
    Кој месец си бремена?
    Дали веќе знае за бременоста?
    Дали лежиш повеќе, дали си уморна, имаш знаци видливи...?
    Јас мислам те осеќа и ова ѝ е реакција на бременоста. Не знае што ти се случува, ама осеќа и нема како да привлече внимание. Особено што велиш прави нешто за да ве повика и после заборава.
    Можеби е ова, баш забележете.
    И може да биде форма на тантрум.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.292
    Допаѓања:
    37.183
    Пол:
    Женски
    Дали добро сфатив дека само два дена е вака? Јас секогаш чекам. За само два дена ништо не би правела.
    Уствари моето два ноќи страшно и силно плачеше ноќе и прашав во градинка да не се случило нешто, ми рекоа не, и третата ноќ само еднаш вресна и толку беше, а појма немам што му беше.

    Ми изгледа како да се има исплашено од нешто. Дали гледаш што гледа на екран? Некогаш може да се пушти некоја реклама и од памет да ги извади. Или во обичен цртан нешто страшно да им се види. Или нешто сосем нормално по дома ама за нив да изгледа страшно. Како што некој има пишано од тушот да се исплаши на пример. Ама ако навистина се само два дена јас би почекала.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.071
    Допаѓања:
    119.105
    Пол:
    Женски
    Знае за бременоста, покажува кај има бебе и толку. Може да го погали мешето да го бакне и толку. Ние и кажуваме дека заедно ќе го чуваме бебето, на таков начин за таа тема, вклучена е во се по дома. 6ти месец сум. Секој ден работам, таа во градинка, кога сме двократно, 2 пати неделно ја чува свекрва ми попладне по 3-4 часа. Инаку живееме во стан јас, маж ми и она,не сме во заедница.Заедно местиме кревет, таа носи перници, јас ќебе, или алишта вклучуваме во перална, па закачуваме и диплиме. Дури и во нејзината кујна ние сме до неа.
    Јас ниту лежам, ниту одмарам цело внимание е кон неа. Се кријме, си играме, правиме фризури, се шминкаме, пуштаме рандом песни на радио и играме.
    Се што правиме по дома, таа е со нас, или си игра во истата соба.
    На моб не и даваме да седи, но знае да врте кратки клипчиња на јутуб, а дали таму има нешто страшно јас не забележав.
    Помислив и јас таму да не видела нешто.
    Да само два дена е, денес е трет. Чудно ми е заради драстичната промена. Затоа и барав совети.
    Дома ниту расправија, ниту кавга имало никогаш.
    Незнам зошто е вака.
    Синоќа сосем мирно спиеше. Денес стана, си игравме, и одеднаш без најава почна да криве со нозете, и да се пика во нас. Несака да стапне на подот воопшто.
    Сега дремиме сите на кревет за да не гази по подот. Плачеше и рацете овој пат ги држеше раширени и ништо не кажува.
    Веќе се опушти и со рацете и почна да збори нормално.
    Ама бурно вака реагирам зошто ова не е моето дете.
    Во тој момент колку и да сме смирени, внатре вриеме.

    Еве ја се прозева, дури и поуморна е овие дена, после периодиве.

    Јас дали од хормониве од бременоста, дали од пракса дали нешто во развојот и се случува, ми се иде да си седнам и да си плачам, се чувствувам мн неспособна за да и помогнам
    ;( ;( ;(
     
    Последна измена: 5 март 2023
    На tina2018, nevermet18, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    11.896
    Пол:
    Женски
    Е па можно е да има врска со бременоста. Мојот имаше силни тантруми со дрецкање пискање при крајов на годината. Имаше и ноќни терори една недела, уф вознемирувачки беше.
    И тој ми го галеше стомакот ама веројатно осеќаше нешто поинаку. Додуша тогаш и говорот му се збогатуваше ама имаше бурен период.
    Сега откако дојде бебето, имаше разни чувства и тантрумиве некако друга нијанса добија, се инаети и вели не. Покажува самостојност ама нема дрецкање.
    Сега пак, овие дена само го бакнува бебето, го гали.
     
    На tina2018 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Дали гледа тв? Јас ја приметив мојата периодов повеќе ја чуваше свекрва ми и ѝ давала да гледа цртани и како повеќе стравови да има. И јас дома не дека бранам ама гледам дека лошо ѝ влијаат. Дали таков им е периодот или она си е едноставно таква, стварно не знам. Од бебе си беше така поплашлива и внимателна. Почнаа некои без врска стравови, пример кога ќе ја качам на корпата за веш за да мие заби, ми вика страшно е овде, ќе паднам (а ја држам за рака), ако се осети дека лежи на работ на креветот исто ми вика ќе паднам, се плаши од балони, секогаш кога одиме на роденден некаде бега од балоните зошто ѝ е страв дека ќе ги пукаат (од еден роденден кај што бевме сите балони ги испукаа и тоа како траума ѝ остана) и од оние свирчињата што ги даваат на родендени и од конфети исто се плаши. Пред неколку месеци шетавме во шума и не знам што ѝ се случи одеднаш само се исплаши од иглички од борови паднати, почна да писка дека сака во раце, не сакаше да ја спуштиме. Се плаши од инсекти, животни.
    Можно е кај вас и бременоста да има некоја улога, ма да мислам дека мала е 2,5год за да биде свесна што има во мешето. Она може вика бебе има ама си нема претстава како тоа изгледа бебе во меше и дека стварно има :D Мислам дека таков им е периодов од 2-3 години, поосетлив, могу работи осознаваат, кој знае како им ги процесираат мозочињата:). Прати ја и ќе видиш ама мислам немаш место за паника:inlove:
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    И ние поминуваме во една тешка фаза, навикнат беше со мене бидејќи цело време бевме заедно (работев дома плус скратено). Сега сум излезена по 9 часа од дома и има мн промена, огромна. Секој ден се тажи, не е расположен, не сака со едните баба и дедо да седи, само со другите. Штом дојдат бабиве/дедовциве се пика во мене и се нажалува и ми вика "мамо ти одиш, не оди". Почна на моменти да ми вика ајде ти си баба сега (како демек мајка ми) и цело време ја бара неа за утеха. Штом се спремам за на работа веднаш се залепува за мене и сака да го кревам в раце. Плачки кога одам (после тоа се смирувал ама дури да се разделиме "мамо не оди, не оди...". Па го фати настинка, па запек, па пролив, па мешето ме боли...оффф, а јас на работа воопшто не одам сконцентрирана и претешко ми е. Знам дека ова мора еднаш да го поминеме, ама сакав само да споделам искуство и понекогаш се чувствувам некако немоќно. И јас ама и тој сме мн емоционални, а не сакам да е тоа така.
     
    На Malesia и nevermet18 им се допаѓа ова.