Каква перница препорачувате за ова возраст, моето сака на перница на нашите лежи и му се некако високи не може да заспие се жали уши дека го болат кога се мести да легни.
Здраво, Вчера во градинка имаше известување дека се појавил стрептокок..преку ноќ почнаа и двајцата да ми кашлаат, а сабајле и носето со секрет..им направив брз тест и се позитивни. На дежурен се јавив и им пуштија на здравствена амоксиклав. До сега не пиеле антибиотик и среќа не појавија реакција... Како се развива таа бактерија? Или има повеќе видови...не знам дали е загрижувачки, дали да ги носам на др во понеделник? Не ми се носи дека има многу болни деца, они се мали не се жалат на грло, носе им тече, немаат тт. Се надевам дека не е нешто што се развива на полошо, а и на почеток мислам дека реагирав. Фала
Леле мајки, како наближуваме накај 2 години, мислам дека нервиве ги искинав. Година и скоро 11 месеци е, значи како мало тинејџерче да имам. Вришти, се кара, ми се дере, нон стоп плаче ако не му дадеш тоа што сака, почна по глава да се мава со рака или некој предмет колку да привлече внимание, неќе да јаде тоа што му се дава, туку се пазари да јаде леб со крем, бисквити, пудинг. Вчера вриштеше по улица да го дигнам во раце да го носам, срам ме изеде сите во нас гледаа, он вришти ко да го колат, јас се објаснувам со мало човече дека треба да оди сам или за рака, луѓе коментираат од страна дека бил греота да плаче. Ептен ми беше криво после ама стварно не сакам да му попуштам за се, после на глава ми се качува и ништо не слуша. Абе циркузи сме, дајте кажете како да ги поминуваме полесно тантрумиве пошто апла ми се нова работа.
И ќе продолжи така, барем некое време Мојот е скоро 3 години и не сака да оди за рака, ако оди за 1 минута се пуштил и трча нонстоп и не можиш да го стигниш… другата варијанта е гое гое (да го кренам) и затоа не излегувам без количка или еве сега веќе точак мал со управување и малце сме порајат. А после некое време им се смачува и секако ќе се тегни и ќе плачи… А за расправање тоа е нон стоп, инает и мора да е по негово За така дрецкање од земја одма му наоѓам друга занимација (нешто што сака да го прави) или ајде сега вака после ова она ќе направиме и ќе заборави што барал и ќе си тргни по новата занимација и така, само да не се расправаме.
Дете е 2 год. и 4м. Имаше фаза на удирање, му помина и сега се врати. Ај што удира силно и без причина, туку многу го мава бебе. Веќе не се трпи. Пробавме со маж со убаво, со зборење, па го повишивме тонот, па читав да се фатат рацете кога ќе замавне и да се држат, ужас, да го игнорираме...ништо не успеа. Да не го маваше бебе ќе препишев на фаза и ќе чекавме да помине, ама ептен не се трпи веќе, сите сме нервозни. Нема ништо ново па да се препише на некоја промена зошто би мавал. Секое искуство е добредојдено за како сте се справиле со ова.
Од искуство, ефект имало само кога ќе сум чучнела до него, да зборам дека тоа боли и не е убаво. Обавезно да каже извини бебе и да го бубне или гушне. Бидејќи тоа се случувало поради некоја играчка, после тоа ќе сум ја земела, или ако не е за играчка нешто ќе сум му скратела да не прави чисто да знае дека погрешил и тоа има последица. Поголемиот има 2год и 7 месеци, и овој период мнооогу сакаат да опипаваат ди каде можат и колку можат. Гледам да му давам да бира меѓу работи што ми се небитни, а он да се осеќа дека нешто одлучува. Па така е помалку нервозен и помалку буткање/ гризање има. Кога ќе сум викала тотално не допира до него освен што се плаши, а јас сум излудувала. Да успееш да останеш смирена во тие моменти и само зборење и спуштање на негово ниво да осети дека си со него..
Мајки, малиов во петокот попладнето имаше 2 течни столици и 2 пати поврати(и јас бев само со повраќање ама мислам од храна ми беше бидејќи на др ми дадоја медицински јаглен и ми помина до вечерта). Во саботата, недела и понеделник е ок, само по еднаш кака ама и тоа е потечно и бојата е светла, како жолто некако. Дали сте имале искуство со ваква боја на измет? Наутро пие млеко (не сакам да му давам ама др ништо не сака), преку ден поткаснува (нешто нема мн апетит), си пие течности. Сакам денес на др да го носам, ама нема дијареа на пример со неколку столици на ден за да е загрижувачки, само бојава ме чуди. Провен пробиотик му давам наутро, д3, омега и вит ц....
Како успеваш да му дадеш јаглен? Ќе треба да дадам ама мислам дека ќе ми го исплука или воопшто нема да сака да го стави во уста.
Го растворам во вода, исто и јас го пијам. Му кажувам дека е сок, а и нема некој посебен вкус. Само тешко се раствара, треба долго да мешаш со лажичка. Ако не можеш да го скршиш пошо и јас најчесто не можам, раствори го во 200мл цело, па дај му 100мл.
На упатството од капсулите од фирмата superdiet (такви имам моментално), пишува не се препорачува за деца под 6 год. Од која фирма земаш такви капсули?
Ја отворив темава за да пишам за истиов проблем. Бебе е 1 месец, поголемиот 2г и 9м. Почна да се однесува доста грубо кон бебе, знае да ја штипе и да фрли играчка кон неа. Се обидувам и со убаво, и со повисок тон, а некогаш и губам контрола зошто многу ми е страв да не ја повреди. Совети од оние со слични искуства, како да престане ова
Ова веќе е љубомора. Нов член и нормална е реакцијата. Само зборење и колку што можеш време поминато со него на само да си играте. Ние го лоцираме проблемот, ама не го решивме. Во градинка се удирале, па сега вежба на нас.
Здраво. Син ми има 2год и 10 месеци и пред три-четири дена почна да трепка со очињата од време на време во текот на денот. Го прашувам дали го болат ми одговара не. Незз дали е некој тик....некоја мајка дали имала искуство со вакво искуство. Иначе закажав за преглед за секој случај
Моето е 2 год и 10м, така на два пати досега, последно беше пред 5 месеци, или ќе трепка или пак онака кога ќе трепка повеќе ги стиска трепките. И на двата пати кога му зборував и го прашував уште повеќе правеше така. Го оставив некое време така и си прекина само од себе.