Кај мојава мислам е од преголем умор... така го поврзувам Станува 6ипол за градинка, попладне едвај преспива од малово, навечер сака да седи со мене, и да сме во спална па пак муабетиа мене ми е жал да не и вратам, барем навечер сме сами скроз ние две Оф топик, поголемиот прележа сега, а малото? Не знам кај нас како е во градинка сега за сега нема сипаници, но ми е страв за малово, и твоето беше мало нели другото? Како минавте?
6 месеци е, од вчера почна осип. Добар е, само многу немирно спиеше цела ноќ квичкаше. Ќе видиме деновиве како ќе биде.
Малава од кога заоди се качуваше по лизгалки трамболини и слично, уживаше во тоа се спушташе без проблем дури и на највисоките, затворени отворени небитно. Од пред две недели одеднаш не сака, незнам што би можело да е, одеднаш стана многу премногу претпазлива, а никој ништо не и рекол. Не сака и не ја убедуваме ама не ми е по ќеиф таква да е до толку внимателна. Некој со сличен проблем ако можам да го наречам проблем.
Да не се исплашила нешто? Јас би го оставила детето повторно само да се опушти, може и некој период е.
Мојот долг период не се спушташе на лизгалки затоа што неколку пати падна директно на дупето и видно беше нервозен после тоа. Ќе се качи секаде, ама после не се спушта без да го држам за рака. Го оставив така, без форсирање. Сега скоро се преплаши сам, се спушти еднаш од голема лизгалка, сфати дека не е страшно и од тогаш секаде се спушта. Инаку моево дете е доста претпазливо, иако е темпераментен, не ризикува да се повреди. До некаде ми се допаѓа што е таков, ма да деца треба да пробуваат се. Како и да е, верувам дека е фаза и голема е веројатноста дека ако сакаш некако да влијаеш да се заврши побрзо, ќе имаш спротивен ефект.. Иначе да се редактирам дека сега има 3г3м, значи мноогу помали дечиња од него секакви акробации правеле, тој дури сега почна ете конкретно на тобоган да се спушта.
Ништо посебно. Има паднато ама не и пречеше да продолжи после пак. Не ја форсираме и велиме како сакаш така Фала на одговор. Не ја форсираме, ама се надевам ете баш како твоето дека ќе се пушти пак.
Imame 2 godini I 2 meseci,I mnogu se poti navecer...ima podolga kosicka....Dali I kaj drugi e taka I Sto pravite vo takvi situacii
Ако му е топло нека не спие на топло,многу облечено или многу покриено или проверете недостаток на д3
Мајки ова со 'мама сакам' фаза е или вечно ќе трае? Јас не знам дали дека бремена сум попретпазлива и не го молкнам в раце, ама од будење до заспивање иди по мене и бара да го носам в раце. Седиме да играме и бара да ми седи в скут. Или да се гушкаме. Ајде дојди гушкај ме мама. Јади само кај мене в скут, дури и почна да глуми и да ми бара јас да му давам да јади, а знае сам да јади со прибор. Се мочам со него в раце, смачено ми е и немам веќе трпение. Преприврзан беше со татко му, сега не сака за жива глава да оди кај него или да прави нешто со него. Бегај тато, со мама сакам, кај мама сакам, не ти мама. Мама ја сакам, тебе те неќам. Ме излудува.
Утеши ме дека не трае долго. 5 дена е ваков, мислам дека на раб на лудило сум. Ако не го земам во моментот, тантруми на најјако има, душата ме боли.
Се е фаза, без грижа. Гледај да не го доживуваш стресно периодот. Со првото дете научив дека се е минливо , само треба да се стиснат заби. Кај нас се уште не почнале тантрумите, ама само кога спие не е активен. 100 на саат е и на крај на ден трошка енергија немам .
Слични сме , исто и кај нас се мама па мама ...Ете синоќа проба татко му да го заспие жив се одра по мене, додека не влегов јас во соба не прекина со плачење , спие цело време со двете раци фатен за мене а се мрднам да идам до вц одма СЕ буди ме траже ...Незнам што ке се прави кога ке дојде бебе, по кој попрво ќе биде интересно ...
На која возраст се случува сето тоа?? Премногу е врзан за мене кога сум дома а ич не ме бара кога оди на гости со моите било кој
Исто, спие гушнат или стуткан во мене или со дланките ми го држи лицето, ако мрднам почнува сирената, ко на сензор е. Мочање навечер ми е научна фантастика, цело маало знае кога станувам за во вц. Ако продолжат вака кога ќе дојде бебе, тешко нас и тешко на бебињата. Вика маж ми, од сега ми е жал шо второто ќе си го однеси за сѐ шо сме попуштиле кај првото. За 2 недели полни 2 години. Јас не можам со никој да го оставам, се беси ко мајмун за мене и вришти. Дали се плаши дека ќе го оставам, шо ли му се врти во главчето кој знае.
Женски, да ве прашам вие што сте давале Драмина на децата при патување, има ли упатство колку се дава од апчето? Ќерка ми е 3,5 години и при патување до година многу повраќаше, потоа се смири и сега пред 20 дена кога дојдовме во Мк по пат два пати поврати. Па сега за враќање ќе сакам да и дадам од тие , до сега не сум и давала , ама имам некој страв зошто слушнав дека многу успивале
Јас имам проблем само кога сум дома. Кога ме гледа дека одам на работа ми кажува чао и седи со други без проблем. Навечер ми спие на рака и цела сум укочена. Најново не пушта друг да му донесе нокшир. Држи додека не дојдам јас Ќе спиеш со двајцата гушната и тоа е тоа
Јас на син ми по четврт апче му давав до 5-6 години, сега има 8 и пие по пола апче. Сум му ги давала и драмина и травелине - драмината успиваат ама не го замајуваат после тоа, од травелинето како во бунило е цел ден. Препорачувам да се дваат после јадење. За таа возраст има и лижавчиња од аптека за патување - за син ми не помогнаа, но за ќерка ми се покажаа добри.