Здраво. Во понеделник треба да одиме на одмор во Грција имаме рез. Во хотел .. детето има 2 год и веќе 2 дена има дијареа. Вака е весела ама не сака баш да јаде.. планирано ни е пон да одиме ради рез и сопругот зема тогаш одмор. Совет? Дали ке можеме така да ја однесеме.. сиг има стомачен вирус
Мајки искуство со ноќни терори после 2ра година? Поминал некој друг? Колку време траеле, кога завршуваат? Ако завршуваат воопшто Две-три ноќи се полнуваат кон 3ч, спие и вреска, ама вреска како да го коли некој, буквално. Бара да оди надвор, в парк, да пие вода (одбива ако му дадеме), да го крени тато/мама в раце (ако го допреш уште повеќе засилува дерењето)... Трае околу пола саат и после легнува ко покосен и заспива секундарно ко ништо да не било. Ама тој пола саат луѓе е хорор, се штуткаме со маж ми, не знаеме шо да направиме.
Исто ни се се случуваше и нас до пред еден месец...некаде две недели траеше ама навистина е лошо те разбирам скроз ,едноставно ќе помине само трпение
Majki, ima nekoj virus so tt do 39-40? Maloto mi krena od vcera sabajleto najveke 39 so 5, i toa na 4 chasa kreva, sano blok maks mu pomaga da ja spustu drugo nisto. Od tusiranje, ocet na nozete, masazhi, nishto... i vo leto sme bolni vekje mi e preku glava iskreno.
Нема ни што да направиш, освен да си тука за него. Кај мојот беа порано тие терори, траеја неколку ноќи, тој период бев бремена и само мм го креваше и го шеташе. Знам како е, вриска, не ни приметува дека сте тука. Поминува, издржете уште некој ден.
Има, 3 дена трае. Првиот ден на 4 саати креваа, вториот на 6-7 и после веќе на 12 саати. @IRBBB Стисни заби мислам последен период на ноќни терори е. Само не го будете, гушкај го и пробај да го вратиш на спиење. Еве ти гушка
Ништо не правев, само температура имаа ништо друго. Помалото го помина вирусот додека бевме на одмор и го бањав, само првиот ден го држев под сенка.
На малиот му се појави топче позади едното уво го има со месеци го виде матичната рече е отечена линфа, нормално за мали деца кога е настинат. Дека треба да се надгледува дали ќе има промени. Пред некој ден приметив е зголемено не го боли не е настинат и пишав на матичната го сликав и ни даде упат за детска клиника на хематологија. Знам дека ќе му земат крв дали ќе му земат од прст или од вена 3 год има? Имал ли некој вакво или слично искуство?
Јас баш пред некој ден пишував. Моето е 3 год, кога имаше 2 месеци му заприметив топче странично на врат. Го гледаа педијатри, ехо правено на годинка па на две и викаа не е жлезда. Минатава недела пак ехо, покажа дека е жлезда 15 × 6 мм. Др рече ќе се следи, ни даде да испитаме крвна слика плус крвна размаска, во ред беше. Педијатарот исто вели дека е нормално, но ако сакам дека можеме на детска да појдеме на хематологија. Таму не знам каков преглед вршат, ако има некој искуство и мене ме интересира оти не сме од СК. Исто и вас би ве замолила ако појдете скоро да ми кажете како поминавте. Јас сакам да почекам уште едно ехо за 4 месеци да направиме, пак да се мери жлездата и после да појдиме и на хематологија ако треба. Педијатаров вика до кај 2,5 мм постоеле жлезди, а јас се избудалувам од страв секој ден...Викаат дека можи и до пубертет да стои, можи и да се повлечи ама никој не знае точно како ќе биде.
На вас барем ви дале нешто да испитате, мене само ми рекоа тоа им е работа на жлездите, еднаш кога ќе се зголемат не се повлекуваат целосно. Ова две докторки ми го рекоа, не знам дали да барам упат за хематологија? И јас би сакала да дознаам како ќе поминете.