само со занимации, во шприц, и одвлекувам внимание, ај да видиме птиците каде се, кучето каде е,...и така отвара уста.
Со шприц по ептееен малце, кон обравчето насочен. Се навикна вака за Молерсот едвај. Ама кога е болен што сакаш прави, сируп не сака, плука, повраќа и плаче.
Некои сирупи може да се измешаат со вода или сок. За парацетамол на пример замена чепче. Моиве двете се љубители на сируп од бебиња, на секое сакаат уште, ама парацетамол сируп за жива глава не можеш да им дадеш и двајцата го плукаат вриштат. Ибупрофен пијат.
Син ми е 23 и пол месеци , влегува во фаза каде што пребира што сака и што не сака Вчера за прв пат не сакаше ни да го земам да го гушнам , овие последни денови најмногу сака кај дедо да е .. Одев накај него а беше во раце кај дедо му и му ширам раце за да иде кај мене и ми вика бегиии не не , и си сакаше само кај него да е и после дедо му вика еве мама ајде оди кај неа малку и вика јасно не , не и крај и си го земав јас и плачеше премногу па го излажав нешто и се смири... а и не сака ич дома да си оди, буквално се бунеше секој ден после градинка дека таму оди директно додека дојдам јас .. Кога сме сами кај мене сака а кога сме со дедо кај него сака 24/7 ... Се разочарав , можда многу барам хахаах ама не убаво ми дојде некако како да ме одбегнува а од др страна се радувам што си седи без проблем кај нив Има ли некоја друга таков случај ?? Да не ми е до опсесивноста
@sani99 менуваат децата од ден на ден.Денеска едно сака утре друго,без грижи. Не го сфаќај нештото како лично и готово. Јас така кога ми прави го оставам да оди кај сака, на крај пак кај мене ќе се врати. Можеби искажува револт поради градинката, и него му е ново се и му треба време да се прилагоди. Дај му време и разбирање, кажувај му дека се е во ред и дека ти си тука за него и секогаш ќе бидеш. Не за џабе рекле детето си сака мајка и кога му е најлошо неа ја бара.Нема нешто што може да ја замени ич да не се секираш. Јас сакав да прашам со што ги прскате децава против комарци? Јас прскав Хибиз спреј ете тој е со етерични масла и безбедно е за деца. Приметив дека не ни помага, пак го касаат. За аутан е мал. Што можам друго да ставам? По нозете е искасан целиот како од фронт вратен е.По 5-6 убоди на нога има.Мачкам синопен за после каснато ама како да го заштитам.
Кога вадат 5ки (или 6ки се, не знам, не дава да го проверам до кај е)? До сега се нема лигавено никако, сега лиги со кофа да ги собираш и постојано гриза.
Мојот ги вадеше од 2 до 2 ипол години. Сигурно се петки, шестките се доста покасно. Исто и мојот гризаше, ноќе плачеше, ужас. Доброто е што периодично раснат, има време да здивнеш измеѓу.
Луѓе шо е форава со прстите в уста? Прво мислев да не случајно вади некој заб (за жива глава не дава да видам), ама забележувам дека почна да ги става в уста сите четири прсти освен палецот само ако сака да покаже револт и инает кон нас со татко му, особено кон мене и седи со саати со прстите в уста. Така зборува, така става храна и ја шмука, ама рака не вади и не вади. Ако му зборуваме, уште повеќе инает води. Кога ќе сака тој, ќе ја извади и бара да се мие. После тоа ко ништо да не било. Исто на 2-3 пати става в уста ситни предмети и вика 'види ме шо имам в уста' и бега со нив. Орална фаза му е помината уште пред година и пол. Ни прсти, ни играчки ставаше в уста и добар дел од играчите му се ситни или со ситни парчиња.
Ќерка ми го прави истото,2ипол год е ,јас приметив дека става прсти од кога ја одбив од цицање и тоа и е како смирување кога е лута или и се спие.Орална фаза и помина исто пред година, сега почна да става ситни предмети во уши а некогаш и во уста па се смее ,бега и се крие.Се нешто ново и опасно сакаат да искусат ,се си велам фаза е,ама секој период си е тежок сам по себе.
Можи да е до одбивањето од цицање? Ич не помислив на тоа. Во фаза на одбивање сме, ама не ми оди баш добро. 2-3 дена нема да цица воопшто и кога ќе инсистира не можам да не му дадам (моја е вината, признавам), цица напразно 2-3 пати и се трга, вика доволно е. Ама битно бара, нема ден да не ми побара да цица. Е сега некогаш пали разговор или одвлекување на вниманието, ама некогаш толку инсистира шо ништо не го запира. Колку време трае кај вас оваа фаза?
Какви патики носат вашите? Син ми носи адидас ама веќе му се кнап гледам и сега сакам да му земам едни од најк , каков им е калапот и какви точно да земам за поудобно да си трча ? Рунерс најк или Аир макс кои се подобри и каде ги има?
Кои сакаш тие само гледај ѓонот да се лесно свиткува, за да обезбеди еластичност у стапалото при одење.
Јас си го поврзав со одбивањето бидејќи тогаш започна,веќе е сигурно месец дена ,и зборам дека ако става раце во уста ќе се разболи за да не и остане навика. За цицањето и мојата од година ипол беше само за заспивање,и мене ми изгледаше невозможно бидејќи одсекогаш беше страствен цицач,почнав најпрво да и бројам до 10 и да се тргне сама,и беше интересно, еден ден се решив не и дадов за спиење ,првата вечер плачеше најмногу но се смири со раскажување приказни,уште 2 вечери беше проблем и толку,сега за да заспие ја чешкам на грб и мн бргу заспива. Мора да издржиш или да чекаш сам да каже дека не сака. За фаза со ставање во уше и уста,мислам дека е им е повеќе интересно како реагираме,па гледам да не обрнувам многу внимание,само и го земам без поголема реакција.
Најдобро да проба. Зависи кои ги гледаш, ама повеќето Аир Макс се малку покрути. На син ми Аир Макс СЦ најдобро му одговараа на почеток зашто имаше многу широко стапалце. Тие на пример се поширок и поголем калап од останатите Најк. А во глобала Најк се малку помалечки од Рибок или Адидас на пример, ама пак зависи кој модел. Ние обично онлајн нарачуваме, се случи и да утнеме бројче и големи му се па чекаат, а по цм меревме.