јас имам 3 пара на почек, 2 се 21, а еден пар 22ка. Ама мојава џебна венера нема намера да порасне и лани од ноември си носи 20ка.
Кој пробиотик е најдобар по пристапна цена барем да е ефикасен ? диастоп, пролајф , линекс беби , ваја ? и да се користи малку повеќе време а не за брзо време да се истроши, сакам да му дадам пред да одиме на одмор
И мојот цицаше само за успивање, сега заспива со приказна или со гушкање. Ама преку денот знае да му текне и да инсистира, ама те молам малку малку да цицаме.
На 26ки е веќе мојот, сосем малце му се големки, а 25ките веќе ептен му се кнап и го жулат на прстето. И сам за себе вика дека е џин, не бил дете, па си расте да одговара со приказната
Нека е здрав и жив. и ги облеков 21, и излегува ногата при одење, а и се гледа дека се големи. А замисли и 22ка нарачав
Душа. Сигурно и на двајцата ви е претешко, поготово на тебе дека си бремена. Те читав околу прекинот, издржи, зошто ако тера до пораѓај со доење после ќе сака и бебе кога ќе цица. Вака да има период да го заборави цицето. Си знаеш де, ама поддршка од мајка еден цицољуб (среќа што е второ).
Само заради тоа сакам да го одбијам, инаку би го оставила додека сам не се одбие. Фала ти за поддршката мама, ми значи. ❤️
Здраво. Син ми има 2 год. До скоро беше ок, активен ама не и нервозен и агресивен. На почеток на летово приметив дека го повредуваат други деца во градинка. Реагирав ама џабе, се нешто не виделе и не слушнале. Да напоменам, не сум единствен родител, во групата на вибер постојано се жалат на повреди. Моето беше касано, гребано, тоа што беше видливо. Го повлеков, одеше само кога не можеме да се организираме со мм ради работа, па уствари повеќе е со нас дома отколку таму. Ама сега и он стана многу, многу нервозен, почнал и он да каса и да гребе. Тоа ни го прави на нас дома, во градинка не ми рекле ништо, а секогаш прашувам дали било се во ред кога го зимам. Не знае како да ја искаже фрустрацијата, па удира, џитка и раце и нозе. Често почна да се буди навечер исто со плачење и е нервозен, ни треба цреме да го смириме, а и ни треба време да го заспиеме. Му зборуваме ама не осеќам никаква разлика. Како да постапам, како да со спречам агресивното однесување, а и да му помогнам?
Можеви има влијание и градинката, ама мој синко не оди во градинка исто понашање имаше тој период, сега еве за месец време ќе правиме три, иста песна како на периоди го фаќа ( касањето го решив со лепенка дека ме боли и престана) Ама ударање со глава уште трае, мавање со нозе, раце и будења навечер
Како реагирате на ова? Дали зборувањето е доволно? Ние се обидуваме да го гушнеме, галиме ама не бутка, па не влече до него, па пак не бутка и така во круг. Он сака вода да пие и навечер, му нудиме, па не сака ама кога ќе го затворам шишето дополнително вреска. Се осеќам како да сум неспособен родител, не знам како да се понашам
Јас баш тој го имам,знаеш ли колку смее да се користи после отворање? Или дека е прашок нема врска колку...
@Emotional123 terrible two После вториот роденден имаме друго дете. Испадите кон нас беа фаза, која се надевам заврши и нема да се повтори. Ама од дете кое постојано сакаше да се гушка и гали, сега имаме дете шо на секој втор збор вика 'лут сум ти, не ми збори', 'остави ме, скаран сум', 'не можам', 'не сакам'... Освен со мене и со татко му, не можам да опишам која одбивност ја има кон сите- баби, дедовци, пријатели, деца, возрасни, луѓе со кои што сме биле постојано. За ова разговарав со психолог, ми вели фаза на негативизам е, почнува да се соочува и да ги учи емоциите. Добро е тоа не сакам, не можам, можеби не знае шо сака, ама знае шо не сака. Така се учеле да поставуваат граници. Е сега тука има друг момент шо мене страшно ме иритира и плаши, е тоа што од премирно и предобро дете шо дели сѐ и се сепнува секој пат кога заплакува друго дете, стана дете шо едвај чека да е во околина со помало или "послабо" дете од него за да се понаша ко шериф. Му граба играчки, небитно дали негови или на детето, негово нема шанси да даде нешто, па макар и в канта го фрлил никој да го нема и цело време бара прилика да го потчукни, турни, сопни детето. И ако плачи, мува не го лази. Кога му зборуваме, буквално не игнорира. Ко со возрасен човек кога пробуваш да зборуваш нешто сериозно и не те ни погледнува, потполно исто. Избегнува контакт со очи по секоја цена, се загледува некаде и дреми. Ако е со поголеми или посилни деца од него, си го знае местото и чека ако му дадат играчка, арно, ако не ќе гледа кај шо играат, им прави пат, им отстапува место..дури онака ме нервира некогаш шо е предобар. Ако има агресивни деца или почуствува потенцијална опасност, седи до мене или до татко му и не мрда од тука. За градинката не би знаела да кажам, го повлековме кога почна фазата со тантруми, ноќни терори и агресија кон мене и татко му (особено изразен револт кон мене), мислејќи дека градинката има влијание. Таму е најголем во група, ама никогаш не се пожалиле дека направил нешто, освен шо седи в ходник, плачи и не чека да го земиме. Многу сакам да верувам дека агресијата е фаза и ќе заврши, не сакам да биди себично дете шо ги повредува послабите од него, а им ќути на посилните.
Во ист период е и син ми Во фаза на пребирање е моментално.. Колкава одбивност ја има кон мене посебно таткому најмногу па и останатите домашни освен дедо си го сака најмногу и не го одбива, па и си го влечка насекаде.. Можда дека слабо сме со него , незнам дали тоа му влијае Се надевам дека ќе се смени и дека ќе ме бара а и таткому да го прифати, зашто од мал кога беше никако не сакаше кај таткому да е ни да го прошета ни ништо ( можам да го замислам како му е ) се разочарува ептен некако како да му падна тешко што не го сака ич ... А за надвор додека сме му објаснувам дека се делат играчките и да не гребе или зима ама на игнор.. некад успева кога му кажува дедо , некад не... па и со јадење исто ептен пребира многу се молам да помине фазата што побрзо
Јас го користев до целосно потрошување. Мислам дека не беше означено колку по отворањето може да се користи.
Првпат ќе давам амоксиклав сирупче. Д-р ми рече 7 дена да пие, а гледам дека и на паковањето пишува за 7 дена да се искористи. Како проценуваат дали 7 или 10 дена да пие? Ми рече доволно е 7. Панцеф пиеше 10 дена еднаш.