Ме истрипа една пријателка...вика под 10 дена антибиотик не . Мојата е малку на килажа и по дозата таман има за 10
Дааа, апсолутно. Јас сум ептен против антибиотик и за мене и воопшто ако нема потреба. Сакав да слушнам мислења како се пие амоксиклавот, дека прв пат пие. Во принцип и за витамини се консултирам со педијатар. Мораше антибиотик, качи тт со кашлица баш сега пред одмор. Моракселчето не реагираше на капките во нос, или пак во аптека ни ми ги измешаа добро. Ќе консултирам и педијатар ама споделете и вие, 2 години е, што да земам за на одмор за евентуално ако повраќа, ако ја боли уво? Ќе имаме и осигурање нормално ама ептен сум под стрес нешто ако и се деси. Ова сега пак со антибиотикот капак ми е.
Давај пробиотик обавезно со Амоксиклавот. За повраќање имаш Нусолвит капки и можеш електролити Ресторафлор мојава многу ги сака благи се со вкус на малина. Со увце не би експериментирала сама со ништо, на мојава и даваа Тобрадекс капки кога и беше воспалено и Блокмакс сируп за болка.
Да, пробиотик давам и онака секој ден. Фала ти. А капките за повраќање во какви случаеви се дава, ако често повраќа?
За повраќање наусолвит јуниор и б6 таблета здробена во течност. За болка во уво давам далерон пола доза и капки- парафинско масло
Реглан и Наусолвит немаат врска. Вториве се на природна база, а Реглан е метоклопрамид со лоши несакани последици и избегнувајте го, на своја рака па ич да не се зема.
Мајки да прашам, сега случајно заприметив кај малиот на мекиот дел горе во усната шуплина и отстрана на образите како бели наслаги, како траги од млеко (сега миевме заби + навечер не пие млеко). Тоа назад кон грлото и малку како црвено е. Сте имале искуство некое вакво? Не знам дали е кандида, јазикот не му е баш нешто посебно бел...
Какви лекови , сирупи да понесам на одмор за недај боже да си имам во мене? Сируп за повраќање, електролити какви зимате? 2 години е син ми.
Електролити орс. Јас кога одам некаде земам се што имам дома ,што претходно користам за детето. Земи си пробиотик, сируп за температура, сируп за алергија, крема за убод од инсект,спреј за затнато носе, лижавчиња за грло, капки за повраќање-наусолвит, б6 таблети.
Давав кога повраќаше,за смирување желудник. Обични таблети,ги дробиш и ставаш во течност да де раствори.
Јас пробиотик почнувам два-три дена пред да одиме му давам. Совет од педијатар ми беше. (Посебно ако се оди кај што има гужва ЦрнаГора)
Исто, посебно Црна Гора ја мразам од еден трауматичен одмор кога сестра ми на година закачи стомачен вирус и лежеше 3 дена во болница таму.
Да ве прашам по колку благо им давате на 3 годишни деца да јадат во тек на денот? Секој ден ли добиваат по нешто со шеќер?
Моето јаде овошни јогуртчиња по едно или 2 секој ден. Освен тоа, друго благо скоро и да не јаде, кога ќе појдеме на гости и ќе извадат на маса тогаш зема. Ама овошните јогурти имаат скоро исто шеќер како и пудинг да јадел, така да секој ден внесува благо