Mamicki iskustva so goltanje maastiki za zvakanje.Mojot palavkovec vcera sozvaka i goltna 4 mastiki cunga lunga.Ima li mesto za panika?
Мајки,имам херпес на устата,се трудам да приоѓам на малата од подалеку,да не ја бакнувам по лице ама она е ѕверка не можеш да и избегаш,се појавува од никаде и диррктно на уста ме бакнува.Има ли шанси нешто да и се случи,да и се пренрсе,страшно ли е? @katalina баш пред некој ден читав за голтање на мастика,во кој случај да се јавиш ба лркар,побарсј на гугал ке најдеш сигурно,јас не го дочитав до крај снемав батерија.Не би требало да е страшно,сите сме голтале,ама пошто се повеке,провери си
Мајки дајте некој совет за палаво дете од 2 години и 10 месеци. Многу е немирен, ништо не слуша, тера инат, си тера по свое. Минатиот месец беше супер, со мнооогу зборење имавме заеднички јазик, а сега сето тоа пропадна во вода. Дури и од градинка се жалат дека ништо не ги слушал воспитувачките ( а јас ќе барав совети од нив) ... Не се тепа, не е агресивен само е мнооогу немирен. Ете на пример во градника некое девојче имало роденден и моево дете не дочекало да ја испеат песната па земало од хартиената тора делови и почнало да дава на другарите Дома отвара кај што не треба, се качува кај што не треба, секое одење во продавница е драма, секое искачање надвор е проблем што ќе облече па не сака да се облече па трча гол по дома. Па не сака за рака кога поминуваме улица и легнува на земја и се беси ако му ја фатиш раката... Вришт за без врска ( не плаче), кога ќе му речам да собираме играчки почнува намерно да ги фрла по цел стан.... И така.... Не знам како да постапам... Само за јадењето не е проблем. Седнува си јаде и станува од маса.... Нели за што побрзо беља да се направи ....
Majki dodeka ja banjav malata 3 god e mi se pozali deka ja boli uvoto I sto da vidam vintot od obetkata zarasnal vo uvoto i ima gnoj probavme da ja izvadime no ne biduva zarasnato e mnogu sum isplasena sto da stavam kazuvajte
Да омекне со 3% хидроген, па после вадете го винтот. Раната ќе ја третирате прво со хидроген, после со бетадин, па мачкање со антибиотска маст. Кога ги дупнавте ушињата не ви кажаа дека треба обетките да се вртите повремено?
Во суштина не почитува правила и се контра и инаети - каректеристично однесување кај многу дечиња од таа возраст. Има две причини, едната - тантруми, фаза во која се забележува агресивност, нервоза, вриштење, инаетење кај детето и се надминува со игнорирање. Забалежи дека колку повеќе му објаснуваш дека нешто не бидува тој толку погневен станува. Втората причина - слабо изграден авторитет на родителот. До толку не не рецкат што си даваат за право да не манипулираат. Ова ретко кој родител го признава, ама јас мислам дека има врска. Разгалено детенце од родители кои слабо стојат со авторитетот во очите на детето. Инаку се пронајдов во повеќе од ситуациите. И мојата во последно дома се качува кај не треба, и мојата не дава да ја облечам па трча гола, и мојата се контри за се едно нешто. Одсекогаш била палаво, темепраментно дете ама сега веќе забележувам дека има некој лигавеш во неа, некоја потреба да ме манипулира... А колку сам зборувам, воспитувам, се трудам, тоа јас си знам. Туку кај нас тој ,,лошиталакот,, до израз доаѓа најмногу пред непознати, инаку вака фамилијарно кога сме имам разбирачка. Решение - изолација, карантин Мојата кратко време е во градинка, околу 1,5 месец па баш разговарав со учителката во врска со темепраментот на мојата ќерка. Ми рече дека се забележува колку е пргава, ама сепак тие намеле засега проблем. Почитувала наредби, правила, учествувала во игри, сЕ на сЕ немаа на што да се пожалат. Па од тој разговор ми е заклучлокот дека кај можат таму лазат по нерви! Некогаш знае да биде дете за пример, моја гордост, итрица... ама некогаааш, знае од такт да ме извади, до степен на разочарување. Туку јас се тешам ова е минлив период!
Мајки на керка и тече носето а почна и да ми закашлува нема шлајмови онака на суво ретко кашла но сакам да и земам некој сируп..Препорака за сируп од кој сте задоволни..?
Koga imase 6 mes I gi dupnav no nemase nikakov problem pred tri meseci I staviv drugi zlatni obetki.Inaku bevme na lekar I ja izvadija utre ke odime pak da ja icistat.
Ние наполнивме 3 годинки сега и ни најдоа интолеранција на лактоза има некоја мајка слична ситуација да ми пише искуства????
Мајки со што можам да и ја смирам бар малку кашлицата на керка..Бевме на лекар леле луге ми вели ништо не и е и ништо не ми даде само киндеримун на двајцата и толку..Неможе да спие кашла ја слушам и тоа длабоко прво кашлаше суво но денес почна мокро да кашла..Проверивме крв хемоглобин 11 на граница и ништо не ни даде мислев дека ке даде нешто..Совет некој како можам да и ја смирам бар малку кашлицата ако не ја носам на дежурен бар таму повеке обракат внимание..Никако асален лекар да најдеме..И што можам да ја мачкам ете да и олесни бар малку..?
Оф син ми исто втор пат во една недела има о ака напади на сува кашлица. Мене ми помогна многу инхалации со дексаметазон вентолин и фиИолошки. Ама тбојата е доста помала не би можела да ти кажам дали смее и која дозА. Пробај само со физиолошки или ако можеш да прашап доктор дали смееш и со др нешто да ја инхалираш.
За кашлицА редовно варАм јаболки (цели,нА четири сечени сосе семки),два-три ореви цели (скршени) и кромид (сосе лушпа) со литро вода. Кога од литро ќе дојде на пола,готова е течноста. Не е грдо.Не мириса лошо. Со боров сируп малку заблажено.
Ви благодарам мајки..Ја носев повторно снема воздух од кашлање ни дадоа спреј за нос и сируп ацц јуниор..Синока заспа не кашлаше само утрово одкако го испи млекото почна да закашлува..Се надевам ке биде подобро
Пиеме оризово млеко..Алергични сме на млеко и млечни производи..Мислам дека оризовото не и прави проблем @Annath
Во ред, не знаев дека пие оризово. Искрено, немам искуство со такво млеко кај деца, па не би знаела што да те советувам. Инхалации ќе помогнат. Таков е периодов.
Acc никогаш не сум давала, помага? Јас вчера пак со големиот имав мака со кашлањето ама инхалација го смири. Морам да му направам алерги тестови овој период стално кашла. Знам дека кај помали деца не се ни отавеа ама он е доволно голем.