Ако не повраќа повеќе и нема други симптоми како температура, нема зошто да ја малтретираш за крвна слика.
Засега нема. Таман почна 3 дена во градинка да се привикнува дека 3 недели не беше, а од септември ќе е во друга група и не закачи вирусов. Ај белким толку ќе е. Знам мене колку ми е мачно повраќањето, гревчиња се. @Annath Фала ви
Мила моево имаше пролив 2 дена од кога се вративме одмор.. Промена на време, клима, средина.. Не го носев на др, давам диет капки и се среди. Вчера не изл цел ден за веце, денес нормално се искака. Адаптација... Исто и ние возрасните сме, барем кај мене е така...
си реков синоќа, готово не ја носам по доктори и кс. Сабајле мм ми се јавува вика абе како топла е 37.5. и варира 37.1 - 37.5. кенкава е, те бара . и претходно вака кога била 37.5 ќе пројде па за една недела ке се јави некоја бактерија и ќе почне кашлица и тт 39. да ја видам после работа како ќе биде, ама се ми мириса дека закачила нешто од 3 дена во градинка или од лулашки.
Мајки 2.5год сеуште мака мачиме со јадење, никако неке сама да земе да јаде морам ја да ја хранам и се мора да е попара само да голтне а знае убаво да си џвака а од 1ви почнува во градинка. Мислите ќе почне таму сама да јаде? Ништо не ме секира толку колку ова јадење живци искинав
Не јаде зеленчук и месо сам ниту ако е неблендирано , ни помфрит не сака. Има 3 год оди во градинка сите јадат ручек тој леб . Дома само јас успевам да му д адам ручек блендирано зеленчук , јаде се џвака сам што има желба лешници бадеми леб кифли соленки чипсови овошје секакво ама зеленчук и месо никако... Се надевав у градинка да пројаде ама не...
Офф лелеи вие мака, мојава се јаде и овошје и зеленчук и месо ама бледнадно/пасирано и со леб попара. Благо не јаде ни под точка разно а за чипсови душа дава си гризе си џвака без проблем кога сака. Држи јадење во уста со саати и затоа се надевам градинката ќе смени нешто кога ќе види други деца како јадат
Исто ко за моево да слушам за држењето во уста, бленирано па држи у уста како успева еве незнам. Ништо не е сменето
Здраво Син ми има 2,2 г. Носи пелени, но покажува можност за одвикнување. За какање ПОНЕКОГАШ кажува или сам соблекува панталони и пелена и оди на нокшир. Ама за мочкање никогаш не кажува. Сум пробала да го оставам без пеленаама се мочка во панталони и ги соблекува и после пак исто. Како да постапам?
Наутро кога ќе стани седни го на нокшир да се мочка. Пушти и малку вода и одма ќе се измочка. Преку денот почесто прашувај го и одвреме - навреме седнувај го. Кога ќе се измочка фали го гушкај го, ќе се осети горд и ќе почне
Ок, а во градинка што да им кажам? Да не му ставаат пелени, да носам резервни алишта повеќе? Да му вадам преку ден сега пелена? Што да правам?
Кажи му дека почнавте со одвикнување и дека не сакаш да му ставаат пелена. Би требало да имаш соработка. Да, носи повеќе резерва. Ама прво пробај дома дали воопшто ќе сака да мочка во нокшир или ќе имаш отпор. Ако не сака, не форсирај нека помини малку време и по недела две пробај пак. Кога еднаш ќе ги тргнете пелените не ги враќај пак, ама гледај да е спремен и да сака. Имате среќа што сака да кака, ние со поголемиот со тоа имавме мака, а читам на форумов не сме биле единствени. Само упорност и со среќа
Мојот на почеток го седнував. Немаше трпение да стои и да чека. Вака седнат го занимавав и чекав. Подоцна и од стоење мочкаше. Додека се опушти и сфати дека не треба да е во пелена. Тоа беше мојот пристап успешен. Ако мислите дека не е правилно или имате друг предлог сакам да прочитам до година ќе треба и со малото да се одвикнуваме
Како да им се објасни на родители дека не сакам телефон да и даваат на ќерка ми? Значи не можам веќе кога и да сме заедно за истото се расправам и пак си тераат по нивно. Јас не оставам некои работи тие се и дозволуваат и после таа нив ги бара мене не ме ни погледнува. Што да правам?