До мене е или до детето, не знам, полудев, не знам како да се однесувам ! 2 години и 2 месеци е. Сеуште се буди ноќе и бара да ја земам и да ја прошетам за да презаспие. ај се помирив со тоа. Но тоа се случува и денски. ќе дојдам од работа и тоа е, амам земи, мама земи, кога и е досадно. и да ја шетам низ дома како трофеј . Друга приказна е што ништо не слуша и не разбира што е не. ако со убаво и речам не тоа, она не ме перципира. А ако повишам тон тогаш почнува да плаче и се треска. дома лудило, беснее. Не дава да ја пресоблечам пример за прошетка (беснее плаче), а само што ќе излеземе надвор, не можам да ја приберам. На лулашки е пак друга приказна, трча, лудило. не ме слуша, нит застани, нит ништо. Да бидам строга строга? стварно не знам, кај грешам @LiquidLuna на иста бранова должина сме?!
Еве ја... трча гола низ соба и се дере НЕНЕНЕНЕНЕ. Ко мачка некоја бута се од маси, ја прашувам кај е мачето, покажува накај кравата и се моча од смеење. Онака, од инат. Вчера ќе паднеше од е*ената комода, викнав по неа леле ко рече ќе плачааааам И се е НЕ. Сакаш ова, не. Сакаш она, не.. Трпение а?
Ова го кркав со поголемото дете,траеше до 3 години со станувањето навечер. А со плачките и инатот негов трае уште 4 ипол е. Цело време мама мама мама,со мене са спие уште јас жива здрвена сум.
работава е што не слуша ништо, ниту да застане ако трча, да не се пентари некаде.... апсолутно ништо. се осеќам како да немам авторитет.
Истото е ми доаѓа некад од земја да го акнам,ни со арно ни со карање ни со ништо. А малото златен е како кутре оди по мене.
Јас незнам веќе со што да се тешам и на што да се надевам. Дека ќе се разбуди еден ден и ќе биде мирна и ќе ме послуша за било што, не верувам. Да се навикнам на ова, не можам. Не е лигава туку не дава да ја воспиташ, да и објасниш. Се вртам во круг веќе со месеци, само книги читам, совети, глупости. Нишо не пали. Од инат живее... Бонус слика..
Нема ни 2 години а шо викаш ти ми се иде од земја да ја акнам некогаш. И некогаш е агресивна до степен да ме загрижува. Не знам од кај смислува некои работи кога не е допрена со малото прсте, а не па да ја удри некој... Еднаш маж ми по газ ме удри пред неа па ми требаше 2 месеци да ја одучам да се лупа по газ За тоа и фаќа лејката, ама да не се пентари на таван не и фаќа
Тоа пентерењето им е неопходно мајка за развојот. Ние имаме голема полица во дневна и од неа ги истргавме сите книги и декорации и тука ѝ ги ставив играчките. И погоди што-сите играчки ги трга и полицата служи за пентерење Сега по ново масичката во дневна служи за качување и скокање од масичка на тросед. Е тоа не дозволувам и без мн објаснување ја тргам од таму и кажувам дека не дозволувам така да скока зошто може да се повреди, дека масата е за јадење и цртање, ако сака нека скока од тросед на земја. Џабе мислам ќе ја карам кога знам дека пак ќе се качува и скока. Истргав сѐ од околу на што можеше да се повреди, и тоа е. Пена ми има фатено устава на лулашки да внимава да не поминува кај што се лулаат децата дека ќе ја удрат и џабе. Пред некој ден ми пукна филмот од зборење и реков сега намерно не ѝ зборам нека помине и нека ја удрат. Ја удрија и падна. Жената што беше тука што ме виде дека намерно оставив кој знае што си помисли, каква немајка сум еј ама ич не ми е гајле. Колку имало ефект тоа не знам од тогаш не сме биле. Мојава ќе полни 3 за некој месец.
А дали вака приближно до 3 години успеваш да ја седнеш 2 минути на едно место? Ова моторче има во газот, да и ја имам енергијата да и го немам паметот. И се преправа барем дека те слуша кога и викаш зашо да не прави така или гледа низ прозор и си тера по нејзино? Јас ја оставив да падне од пингвинот на паркет сабајле, се залепи со фаца, дојде да ја бацам и ме искористи како скала за да се качи пак на пингвинот..
Си тера скроз по нејзино ако ѝ речам немој таму или немој така. Упалува само ако застанам ѝ кажам дека не е дозволено и во истиот момент ѝ дадам друга “идеја”. Пример ѝ викам: не дозволувам да скокаш од масичка на кревет. Ако сакаш можеш да скокаш од кревет на земја ама од другата страна (кај што не е масичката) за да не се повредиш. Во моментот тоа упалува ама после пак се качува на масичката. Па ајде пак иста песна. Знае да се избунтува некогаш ама додека сум смирена јас, убаво прифаќа без многу плачки и бунење. Ако јас не сум смирена и се развикам, а се дешава и тоа пошо нели луѓе сме, немам секогаш енергија да се објаснувам, тогаш ја уклучува сирената Еве и друг пример ќе земам за собирање играчки. Имам приметено дека има огромна разлика од нареднички кажано “ајде собери ги играчките” и “ајде заедно да ги собереме играчките, да видиме што каде стои”. Само позитивен пример давање, друго ништо кај нас не упалува. Наредби тешко кое дете слуша на оваа возраст. Тоа е, мора да издржиме.
Ми доаѓа јас да се качам на комода и да се фрлам за да види шо ќе и се деси ко ќе се залепи ко палачинка долу, позитивен пример богами Те сфатив инаку, фала ти за споделеното. Ќерка ми е вредна , чисти, собира играчки, става хранилка кај што треба ама во "добрите" е 15-20 минути дневно. Се останато е лудница. Кај нејзе пали почесто "напрај ова, напрај она". Мислам дека се осеќа побитна така, ако можам така да го наречам. Ама на било кој начин да и кажам нешто дека не треба да се прави, тоа е прифатено со главатрескање од земја. Ама битно вчера легна на земја спремна за тантрум и и фрлив една штанглица до нејзе и одма заборави дека ќе рикаше
@LiquidLuna Знам дека не ти е смешно ама мене многу ми е слатка твојата опасница Досега барав слики не знам кај ми се, да ти ја покажам омилената игра на син ми до пред да наполни 2год. Имаше едно столче, го качуваше на гарнитура и после застануваше на него. Бара да му пуштам dame tu cosita не знам дали ја знаеш песната и така играше врз столчето. Тој денса, јас стојам до него не смеам да се поместам за да го уловам ако падне. Дома ни ручек, ни средено, јас по цел ден околу него како бодигард и плус труднички стомак Не знаеше тој на под да оди, од столици, до маси, врз работната маса, на бирото на татко му рушеше се, страшно. Еднаш качен на кујната да разгледал што има по висачите, ја промаши со ногата, среќа што секогаш сум до него го фатив и може тој беше моментот кога се исплаши и полека се смири. Сега да го видиш нема да ми веруваш дека имал беснитис, многу е мирен. Мислам он пак е енергичен, трча, игра ама се е во нормала, нема лудо трчање и беснеење. Ќе се смири само пушти ја да направи беља да се исплаши, да научи што е опасност. И биди секогаш до неа
Јасно, по исти калап се правени сите. И оваа го прави истото, ќе и ја пуштам dame tu cosita барем смешно да ми биде Стигна и на маса да се качи денес сефте. На стол па на маса.
Za rodenden za bliznaci kako e bolje 2 isti igracki ili 2 slicni da ne recam kompatibilni? 2 god praat
Кога растат 5ки? Завчера вриштеше 4 саати без прекин и викаше дека ја боли увото. Зашто пати од уво во паника на ургентен во Систина бевме, ништо немаше ни нос ни грло ни уво. Крвна слика ок. Од тогаш се нема пожалено на ништо. Можно е да се 5ки?
Да растат и на мојата и растат моментално 2 години и еден месец има. Сте си збореле за бесни дечиња, и мојата тука може да се вклучи без проблем. Многу ме слуша, се разбираме со збор ама многу е не внимателна ,до неа сум 24/7 и пак ќе успее катастрофално да се удри или падне. Пред еден месец бевме во болница 2 дена оти скокна од количката директно на под(асфалт) пад од 1 метер височина директно на челото. Јас без размислување брза помош викнав и не задржаа да ја набљудуваат 2 дена, на неа ништо не и беше освен што имаше огромен хематом на челото. Денес сите перници од гарнитурата ги фрлила на под и се џипка во нив, од околу се тргнато ама за беља додека бев во тоалет скокнала и од ќошето на една играчка го повреди увото. И течеше крв и помодре. Епа ако продолжи вакви стресови да ми прави предвреме ќе ме остари…