Кај мене единствен спас од кашлање одење на лекар и пиење сируп. Бабински лекови не помагаат, сум пробувала. Кога се почне со кашлање се нема крај, пс една лоша кашлица од петни жили, не може здив да земе, за грев.
Јас многу сум задоволна од балсамот Мукоплант на dr.Theiss за кашлица. Откако ќе ја истријам ма градите и грбчето моментално престанува да кашла. Искрено вреди да го пробаш, јас многу пати сум спречила бронхит со тој балсам.
@pilenka Колку е голема ќерка ти, се интересирам зошто и јас имам проблеми со кашлање, крчкање на градите , моето е годинка, викам малечко е.
Мојата е две години и три месеци, балсамот ми го препорачаа уште на една година, ама консултирај се најпрво со матичниот лекар.
Дали имате искуство сo hand- mouth-foot заболувањето? Син ми го фати од вчера, целиот е исфрлен со ситни брумчиња, вчера и температура имаше. На болница бевме ништо не ни дадоа. Колку време трае? Што смеам да му ставам да не го чеша?
Сега читав за балсамот и пишува дека е за деца над 4 години за мачкање и над 6 за инхалација. Колку години е твоето детенце? Мојата е 2,5 години и никако сируп не сака да пие, фала му на бога што ретко се разболува инаку...ова со мачкање многу интересно ми се виде
@EuHenIa пробај со шприц да му дадеш сируп и јас мака мачев. Со него таман и дозата измерам му го дадам во раче а тоа одма во уста и го шприцнам без проблем го голтне.
Со шприц и со сила и устата ко ќе ја стисне нема шанса, не сама, не ајде прво мама па ти...што ти не...затоа ова со балзамов ми се виде убаво ем да не ја мачам ем да и олесни
Големи маки се знам и јас го меркам балсамот, ќе го земам најверојатно, за малото не знам ќе се консултирсм прво со лекар на своја рака ми е страв. Ќе се најде и за поголемото. На големи маки сме од настинки.
Пишав погоре, две години и три месеци е мојата, знам дека така пишува. Ама мене матичната ми го препорача уште на една година. Знам мајки кои и уште помали дечиња ги мачкале...Ама мој совет е прво да си го прашате вашиот лекар.
Мене во аптека па и на самото упатство за употреба пишува за над две години ама во консултација со матичната можело и порано јас и при најмала настика го користам и ми помага многу побрзо и се одзатнува носот може слободно да дише
@kankus ќерка ми е четири години, мислам дека можам слободно да го користам а за малото ми е страв. Можеби е јака кремата а тоа мало на своја рака не. Консултирај се ипак со матичниот. Некој ги е мачкал дечињата мислам градите со свинска маст, постарите тоа советуваат, кас пак многу сум скептична за такви работи.
Слободно мачкај без гајле јас го користам од 1ипол можеш само помала количина да ставаш а за маст и јас сум чула ама никогаш не сум ја мачкала
Му правев азотен оксид тест и кожни алерго тестови. На азотниот тест рез му беше 51 и докторката ми кажа дека е доста висок и дека тоа е показател на воспаление на долен респираторен систем предизвикан од алергиска реакција. На кожните покажа реакција на мувла и малку на домашна прашина. Причина зошто правев тестови е тоа што во последниве неколку недели има напади на кашлица, сува без искашлување и само со инхалации дексаметазон и вентолин се смируваше. А претходно некаде крај на март почеток на април имаше пнеумониа додека уште беше неизлечен од варичела. И порано знаев дека најверојатно е алергичен на нешто бидејќи често кива и поткашлува, посебно од сабајле по спиење и пролетен период. Искрено очекував да покаже на полен. Докторката ми вика може и порано бил осетлив на ова меѓутоа му бил појак имунитетот па немал некоја поголема реакција. Сега сипанициве го кутнаа, имаше 3 бактерии во нос најверојатно од ослабен имунитет тие му направија пнеумонија. правел некој азотен оксид тедт, имал вака висок резултат, или некое слично искуство?
И мене ме интересира. Мојов некаде од април наваму кашла повремено, сува кашлица. Се смирува со мед, сируп од кромид и мед, сируп од тегавец. Се смирува и од прскање прополис во грло. Го носев неколку пати кај матичната, нема ништо на гради, нема црвено грло, ни нос тече. Цела зима не се разболе, пролетва само кашла. Утре ќе го носам за подетален преглед, ама не знам ни јас што да барам да се испита плус, освен крв и брисеви.
Зависи колку е голем. Имам слушнато дека пред 3г не прават алерго тестови. И мојот порано се смируваше со мед чај прополис ама последниве неколку пати не, само со инхалации
6 години има. Не сум го инхалирала досега, немало потреба, фала Богу. Ќе видиме што ќе каже утре матичната.
Совет мајки ве молам,син ми е три и пол години прее кај 12 ч на раката средина на дланката го касна претпоставувам пчела бидејки извадов осило а не видов што беше,после дваесетина минути почна да му потекува рачето и да се шири отокот,му дадов лоратадин едно лажиче мегутоа отокот продолжи да се шири ама со помал интензитет,сега му е потечено скоро до лактето ама најповејке му е дланката,го однесов на лекар му стави матичната инекција синопен и ми кажа дека таја ке спречи понатамошмно ширење и ке го заштити ама сепак не сум мирна дали требаше да одиме и на болница незнам матичната не ми рече ништо такво ве молам некој со искуство. мислење @joy1
Не ми стигнало известување дека си ме тагнала.Сега како сте? Ако немате гушење и слични потешки симптоми немате потреба од болница.Нормално е да боли убодот,да е црвено и да отече малце.Ако некогаш повторно се случи(не дај боже нели) после вадење на осилото втријте аспирин натопен во вода на местото и ставете мраз заради отокот