Немам искуство, моето уште не бара перница за спиење, ама барајќи нешто друго во Медикус ја видов перницава https://medicushelp.mk/p/4/mikonos-anatomska-pernica-za-spienje-golemina-s
Здраво дали имате совет за превенција од вошки за одење во градинка зошто малата често фаќа иако ја исчистам пак ке фати. Читав некој стегач дали е ефикасен ? Или нешто друго решение
Ние сега само што му земавме, 2 наполни, ја земавме бебешката од магнифлекс. Скапичка е, ама гледам брзо ја прифати ( барем се тешам за дадените пари )
Леле бре нерви немам мајки веќе. Моево се утепа од тантруми. Еве два дена навечер одбива да спие, вози колички, прави глупости и седи доле на патос, а го земеш вришти, урла, ќе го смириме малку демек ке дремне, ете го станува шета по соби во темница. Незнам што му е, вчера нови столчиња купивме за него па се тешам престимулиран бил, му ги тргнавме денес ама еве го денес пак не спие, си вози балансер а не е спиен цел ден. Незнам како да ја пребродиме оваа состојба и се надевам брзо ќе пројде оти пукам по рабови веќе. Како се справувате со вакви инаети?
Оди во градинка, го земаме во 15.30, после дома одма јаде пошто таму не јаде многу, па го играме и шетаме саат до саатипол пошо веќе е ладно, викенд шетаме 2 пати во денот
Па да пробате одма после градинка барем 2 саати да биде надвор, дома вечера и туш, во 19-20h на спиење. Ако ептен е гладен после градинка земи му нешто овошје.
Добро е заспа без глупости многу денес, сега и ја ќе се куферисам. Мора да јаде ручек, ептен е гладен, ако и тој оброк го прескокнеме ќе биде само на вечера што и не е некој главен оброк. Ќе пробаме во секој случај, фала ти мила
Koga bi zaspivaat decava? Mojava od pred mesec i nesto pred 11 ne mozam nikako da ja zaspijam. Drugo prasanje zima dojde ladno e mrak e,kade gi nosite popladne da se istrcaat?
Моево од кога е роден пред 9 не спие, значи помеѓу 9-10 заспива обично, за шетање, после 5 попладне одиме по молови каде што има играчки за да протрча малку, за жал веќе и воздухот надвор не е сјаен за да бидат на отворено, за викенд преку ден шетаме максимално за попладнето да искочиме малку само
Син ми најдоцна во 9 ипол заспива, еве вчера не спиел во градинка пошто кашлал и заспа во 8 и 20. Иначе за трчање по игротеки периодов, иако тешко попладне се слободни, се има родендени. Минатата недела во Биг Бенг во Лиса го носев, таму му е убаво за трчање, скокање, се преморува буквално. За викенд си шетаме сабајле надвор, а попладне де на гости кај другари со деца, де кај бабиве, некаде да смени пошто дома не знае што да прави со себе. Во Ист Гејт во песокот исто го носиме почесто, многу сака да си игра таму.
Може не е совет за деца, ама совет за мајки Кај ги шетате децата кога е вака тмурно и ладно? Ние се шетаме надвор ама еден саат макс. А дома не издржува цел ден да е
Леле и јас не знам кај да ја носам. Вчера ја изнесов во маало, воздухот ужас. Корни, смрди уште во ноември. Цела зима шо ќе праиме јас не знам...
Ништо кога е загадено нигде не одиме, а ако е облачно и тапа ако е чисто се шетаме прикладно облечени. Во игротеки уште немам навика да ја носам и молови избегнувам, секаков затворен простор во суштина. А за викенд скопска црна гора во зима ми е фаворит.
Исто, не ја носам по игротеки... Само по гости кај шо има двор Ама си викам вака до март ако е загадено, ќе се пришекнеме дома
Од кога се одби од цицање, подобро спие. Но 1-2 пати навечер се буди со вриштење, зборува рандом работи, на пример вика чорапите или тато/ мама неее, не сакам. Па сака вода, па не сака, па сака, па сака да се гушка, па не сака со мама, па не сака со тато, па не сака и така во круг. Фаза некоја е или?