Мајки на 2 годишни деца, како сте само да ве прашам? Како преживувате? Буквално во секунда му се менува расположение, ни бега низ дома, а јас трудна не сум ни толку брза ни па можам да го бркам низ дома. Ме уморува
Умирам тивко полека. Секој викенд е апла неподнослива. Преку недела така-така, наоѓаме повеќе занимации ама еве денес до 12 се направивме и ја оставив да дремне малку па ќе се видиме после. Буквално се е со плачки, многу е плачка станата... Седам со кафе и тв изгасен и ми зуат ушите
Никако не преживуваме. Денес ако не изедеше ќотек никад нема да изеде. Од беља во беља. Многу долгo траат деновиве за викенд зимно време.
Додека беше потопло го носев во парк колку што се може, да се истрча, да се ослободи од енергијата. Како залади така без нерви останувам од ден на ден. Му купив еден куп сложувалки и книги. Додека е расположен читаме, сложуваме, зборуваме, па после знае да се закачне, да ме гриза, да ми ја куби косата, да фрла, да црка, да ме тера да го бркам... Паркот сега е мисловна именка, секој мој предлог да излеземе он ми вика дека надвор било ладно, не сака никаде. Еднаш двапати ако можам го водам во село на воздух, и тоа е. По гости не идеме скоро па ич. Сѐ сме дома. Златна градинка, кога сум втора смена на работа раат сум од сабајле.
Елате да се гушнеме сите Секој ден нова борба дома ни е, не дај боже да не го разбереш што сака да каже. А па спиењето.... се врати како новороденче, на секои 3саати плаче, дневна дремка само ако го смириш во раце иначе 'нема нана нема нана нема нана' За надвор идење се накануваме 1саат низ дома, и нормално со плачење излегува. Со мм си викаме какви скокови како бебе тогаш барем во раце се смируваше, сега влечи го низ улици
А threenagers? Не, шала на страна, обожавам да ве читам тука зашто сега ми е смешно ама terrible twos дефинитивно беа далеку од смешни. На 3г се хормонални ама пак има многу помирни периоди.
Л у д н и ц а! Само писка, вришти, трча, мава, се фрла од кревет, фрла предмети накај елката, корне лампиони, се сака да е по негово Најнов хит му е прочистувачот, си го користи како синтисајзер, па вчера пикна парче сложувалка низ решетките и рикна пустиот. Долги денови и ноќи се овие во зима
Здраво Мајки. Нешто утрово се испаничив. Од двете страни има како три топченца испакнати. Читав дека може да си лимфни жлезди испакнати. Она имаше некоја бактерија пред некое време и до денес сеуште прима антибиотици. Ме интересира дали имате приметено дали го има тоа и кај вашите девојчиња или се има случено да се испакати понекогаш. Фала
Аууу хорор веќе, искрено без нерви останав цела недела.. плаче, вришти, гризе... баш вчера се нажалив што така го снајде сега периодов , а јас трудна се трудам колку можам да бидам смирена ама никако.. а и само плачки, само плава боја да е блузата и ништо друго, не сака ...неможам ни да го одвикнам од пелени, вика мора пелени јас сум мало бебе се надевам дека е период само..
Леле мојава уште 2 месеци три години ќе прави.. Не да е неподнослива, мислам дека за кратко во лудница ќе ме однесе. Плачка? Па од 12 сати мислам дека 10 плаче Дајте совет луѓе како да се издржи и што да превземам. Не можам да издржам веќе таков инат, такво не слушање незнам дали има некој и некаде. Дајте кажете како да успеам да ме разбере што зборам, ни со убаво ни со лошо никаку не разбира. јас сама не знам веќе ниеден начин не помага. До кога ќе трае ова не слушање?
Ма какво одвикнување пелени. Стои, ме гледа, ми вика мамо какамммм. Ајде викам на нокшир. И почиње, нокшир не, нокшир не, нокшир неееееееее. И имаш плачење урлање зашто сум и рекла на нокшир, пола саат.
Мојава е откачена за сите пари. Само нешто глупости праве, ама не за да нѐ изнервира туку напротив дома се газеме од смеа некогаш од неа. Текне ѝ земе да игра, да врте газ, па да пее, па да имитира, фаци праве, менува го гласот кога зборе. Многу попослушна е од дада ѝ и повеќе почит има спрема нас како родители. Често пати и сама си игра и со други деца не се закача. И лигавка е, ќе дојде ќе се гушка, ќе се бакнува, за разлика од дада ѝ која е по дива. А за дада ѝ па душа дава. Ако и дадам нешто одма прашува има ли за дада. За два месеци полни три
Koa bese mala edvaj ja dodrzuvam sea ic ne ja koristam ovaa...kako se dodrzuvate? Ama pa moeto poise e zatnato nego razmrsulavena i nema poenta sano prskam sinomarin i septanasal naizmenicno
Со плачки е повеќе флитањето на спреј. и кога е затнато носето флитам, па пробувам да влечам. не е прекинат секретаот во нос 3 месеци, а драгана не ми дава ништо антибиотско, претпоставува дека е алергиско.
А со кашлица како сте? Ние покрај секрет еве 2 месеци упорно продуктивно кашла, еднаш и спушти па таман реков се среди, почна пак. Ми вика може и цела зима да кашла, се' препишува на воздухот. Што знам што да мислам, не знам кој пат да го фатам. Не оди ни во градинка.
Имаме. Секое одење нешто ново добиваме. Сега ацидосалус ни даде, претходно оригано и ставав пошто имаше и бактерија во нос. Инхалации со коратир во козле ни дадоа кога ја однесов на дежурен и тоа не знам колку често смее со коратир да инхалира, она само синомарин ни даде. Ама секретов во нос ко да и се поднамали па пак почна густи да ги вади, ама не е зелен. Вас што ви дава за носот?