По некоја логика ако е алергија аериусот нели ќе помогнел до сега? Од септември не дека ни е загаден воздухот, а и вие сигурно не одите да шетате по загаденово со саати. На орл сте биле, да не се синуси воспалени? Немам искуство со секрет толку долг период, од луѓе околу мене може да е алергија, ама биле и на орл па таму им препишуваат капки. Јас би отишла на второ мислење. Не мислам дека е нешто сериозно, пошто ти ќе си приметела до сега сигурно. Тазе сум кај матичнава не можам да тврдам каква била порано, ама јас некако ја земам со резерва. Нас од загадениот воздух кашлицата што ни беше, испадна мукоплазма за на крај со сумамед да заврши.
Оди во градинка? Мојава е така од кога оди во градинка. Стрептококата си ја шета во нос, нос си тече, повремено ќе се појача па ќе намали. Ноското не ни е тргнато една година. Секој ден ацидосалус и прскам, кога има повеќе секрет и синомарин пред влечење со носко и тоа е.
На сите им е Нормално е, ако оди во градинка. Аденовируси знаат и по неколку месеци да си ги носат со себе
Да, оди во градинка. Де затнат де секрет постојано. И одам кај матична да ја види ама ист одговор дека не е за ништо. Ново што вклучив аквамарис алерџи спрејче. А аериус ми рече подолг период да давам. Синуси ако се може да се искомплицира нешто? Има детски орл? Инаку и јас сум со обоен секрет.ама јас надвор сум подолго време и препишувам на воздухот.
мама правевеме два пати. еднаш излезе мораксела во нос, стававме маст. ама секретот пак продолжи. Пред еден месец пак направивме излезе хемофилус и плус кс која беше уредна и не ни даде ништо. Пред една недела ја однесов пак. ја виде ја слушна вика не е за ништо, давај само аериус. вака е весела, лумпува не застанува. Не знам дали треба на специјалист, да не се искомплицира нешто со секретот дека подолг период го има. И стандард сме секој ден со ацодосалус, синомарин, диво оригано и сега земав и аква марис алерџи. (а и јас сум со секрет претпоставка моја од воздухот)
Мхм. Некогаш повеќе, некогаш помалку. Некогаш успевам со некои глупости да и одвлечам внимание, ама ретко..
Ако е затната, ако и смета, ако тешко дише, односно дише на уста, јас би отишла на орл. Ако и поминува па ја фаќа пак тогаш само ново нешто закачува, ама важно и поминува. Мојата не е во градинка 3 месеци па пак е со секрет од септември, ама има периоди и кога е ок и после пак почнува. Приметувам кога се појачува кога се смирува. Од воздухот по ми е веројатно да има кашлици него ли секрети, не дека не придонесува. Периодов нема кој не е нешто болен. Ние сме дома па пак сме болни, во маркет и во лифт фаќаме. Не ми е од воздух пошто не излегуваме надвор. Ако е во градинка тогаш е можно да си закачува нешто ново постојано и да се лечи симптоматски. Можам да замислам Драгана како ти враќа на прашањата и зошто не си мирна, ама мислам дека ќе приметиш ако е нешто сериозно.
Стресно е стварно и многу напорно. Издржи уште малку само не попуштај, биди строга, над 3 години поретко се такви.
Кај два орл доктори го носев и двајцата ми кажаа дека е нормално да има секрет кај мали деца и подолго време. Истото ми го кажа и матичната. Можеш во Аудио бм да ја однесеш да ја видат ако сакаш, мене на форумов ми го кажаа местово и добри се.
Душа немам веќе. Ќе се искрши, по радијатор се пентари. Попуштање никако, ни она ни јас. Она плаче, јас си повторувам тоа не може! и ја тргам и така 100 пати. Не знам шо друго да правам.
Јас најсериозно застанав да се запрашам дали јас до толку не знам да се справам со дете. Уште пена од уста и чад од глава што не ми искача. Проблемот со радијаториве е универзален изгледа, а и во градонката на син ми имаат проблем со тоа, многу лошо се поставени и се пентарат, секој ден ми е страв да не се јават да кажат дека нешто се десило
Женски, среќни празници Девојчето мое само што наполни 2 години и ќе се истепаме за менување на пелени. Вришти, жива се дере. Чаре, причина или период е? Ќе пројде?
Само за пелени се тепате? Што убаво. Јас не можам ништо веќе ни да и облечам ни да и соблечам без драма, ама буквално, некогаш си плачам со нејзе од мака. Ни сабајле, ни навечер, ни преку ден ако се накапе, ако треба надвор да излезе. Денес мислам дека 3 саати во облекување и соблекување изгубив со детево, ај може до денот е или "terrible twos" е сепак вистина .
Не бе, пелени ми е проблемот моментално. Инаку за облекување стандард. 3-4 пати ја вратив од ходник оти не сакаше патики да облече. Еднаш оти не сакаше јакна. Сега не даваше да и сменам пелена и и пропушти и боди требаше да соблечеме, хорор филм. Ко да ја колиме вришти. Ја соблеков гола, иди облечи ја после Се повеќе верувам во terrible twos. Уште да не јадам боксови и клоци во меѓувреме
Исто и ние кога наполнивме 2 години веднаш се смени во тој поглед. Немаше шанси да легне и да се смени памперс, не даваше за нозе да го поткренам веднаш бега. Најдов спас во памперс гаќички, стои исправено и така менуваме. Сега секогаш кога ќе кака, веднаш оди да миеме со вода. Не сака воопшто на нокшир
Среќни празници Ми треба совет, сега случајно кога менувавме памперс ајде да го видам курето и има што да видам. Воопшто не му се отвара, само едно мало дупче. Ајде што и не ми дава да го чепкам, ама не е исто како што беше. Да напоменам скроз воопшто го немам отворено, дали 2-3 пати во текот на овие 2 години и секогаш имаше крв. Читајќи тука по форумот решив да не му го чепкам, ама сега ептен залепено. Ќе мора итно на доктор нели? Не сме во Мк и баш ми е страв некако.
Нормално ли е дете од неполни 3год да се поти под пазуви? Кругови мокри, секојдневно. Нема мирис.. И летото потеше ама ајде жешко,ама сега..ме чуди стварно.