Ме полудеа овие тантруми, инат невиден е плус, некад ми доаѓа да вриштам буквално! Јакна нејќе да облече со молење е, патики не тие, не овие, само пребира... Не е застанат 1 секунда, од стол на кревет скока, за завеса како мајмун сакал да се беси, страшно. Веќе не знам како да постапам, ни со лошо ни со добро, секако е пробано. 2г и 10м е.
Еве ме, ми се плачеше сабајле т.е. си поплакав во кола, па го оставив во градинка. Саат и 15мин го спремав, душа ми извади. Сега видов дека во 2-3 темата сум пишала ама нема везе, ти се надоврзав да се пожалам.
Ауу и кај нас иста приказна... не знам што да превземам башка и јас трудна со второ.. немам живци, сите блузи веќе неколку месеци мора да е со сина боја и ништо друго.. се молам да се смени да може да облече сите било какви блузи.. 2 год и 5 месеци е мојот, на периоди е супер и одеднаш со плачки и пребирања, тепање, врискање..
Ауу сестро, со лесно. Кај нас тоа бирање почна на 2 год, мислев дека е фаза, еве го 3г и 8м уште бира. За тоа беше кавгата сабајле, да оди во фармерки. Па уште кажува таа блуза оди со тренерки, таа јакна не оди на тие чизми. Цел плакар алишта, тој оди во 3 блузи, 2 кошули и 2 пара фармерки слим фит, широки не сака
Знае и алишта да бира, ама не му попуштам некогаш. На моменти е добар, на моменти хаос одеднас почнува да вреска, нејќам ова она, сакам тоа.. ужас.
Бебе ко беше полесно ја облекував Барем само рикаше, сега бега гола по цел стан. Сама се соблекува, спушта пантолони, вади чорапи и трча А само што наполни 2 години
Ако не може да мочка, носи го одма на доктор. Даваш витамин д? Недостаток може да предизвика потење. Немам искуство за да кажам повеќе.
Ако ти е утеха некоја имаше период кога не сакаше чорапи да облече бос идеше во градинка па после се убедивме на татко му чорапите да ги носи па после 2 месеци облече негови. Во градинка ме гледаше чудно негователката ама што можев да направам ако сакам мирно да го пднесам а да не биде како семејно насилство
Однеси го на педијатар и ќе ти каже кај некои не мора да се интервенира кај некои се сецнува кожичката али педијатар ќе те упати најубаво. И кај мојот имаше крв малце на 2-3 пати ама му го отворив цело и сега нема гајле.
Не знаев каде да пишам, па ајде тука, во оваа категорија ми е детето. Наскоро ќе почнам нова работа и нема да можам да поминувам време со син ми како до сега. До сега ми беше флексибилно, како јас одредам, а сега не, ќе биде фиксно, едноставно нема да можам да бидам со него долго време. Многу тешко се прилагодувам на помислата, сакам да сум му максимално посветена, а нема да можам, особено не со работење на 2 раб. Места. Дали поминува чувството или се навикнува човек?
Ќе се навикнеш со тек на време и ќе разбереш дека тоа што работиш е за има он. Од друга страна доколку некој друг го чува може да има промени во однесување и револт али и не мора да значи се е тоа до карактер на дете, но да бидеш спремна дека може да има промени.
Работата е што не сакам друг да го чува освен во градинка ама не знам колку ќе биде изводливо, далеку ќе биде да стигнам на време и јас и мм. Не знам дали многу ја мислам работава пред време, на плачење ме тера, се осеќам како најлошата мајка на светот
Чувството е нормално...но не си најлошата. Зависи и како ќе биде во градинка може ќе се разболува кој ќе ја чува тогаш? Нели може маж ти да смени работно време па да го земе од градинка?
Се навикнуваш и се помируваш. Незнаеш колку ми се радува кога си идам дома. Не користев ниту ден породилно отсуство, од 1 недела е дома со баба, душичка, трчам ја дојам и продолжувам да работам. Таа воопшто не е занемарена, дури и секогаш е средена, намирена, наспиена. мислите мои секогаш ќе си се прашувам дали грешам. Но едноставно мора така. Сега кога си одам дури гласно цика по мене како ластовиче, а само 6 ипол месеци е бре, крофне мало. Нема правилни одлуки, едноставно мора некои работи да се вака, како што се.
Може и тоа е планот, но мала е разликата кога ќе смени. Цел центар, карпош ќе треба да го поминуваме во најголемите гужви, а на него работата му е теренска, не во канцеларија, па секогаш е на различно место. Сум станала доста лигава од кога го родив, не можам ниту една одлука трезвено да донесам
@Emotional123 Сите сме поминале низ истото, детето мора да биде некогаш без тебе, да се учи да е посамостален, да биде и со баба и дедо, што има врска ако биде со друг? Не може до тебе да е залепен само, не се секирај подобро да е и без тебе некогаш. Како мајка никој не е, моите ги чуваат бабите, па еве ги ништо не им фали, во градинка се болни секоја недела, тогаш кој ќе го чува? Ти боледување да земаш цело време не можеш. Мислам дека многу овертинк правиш а немаш потреба.