Здраво мајки. Имам девојче од 2.5 години кое што оди во градинка веќе 1 година. Дома е доста зборлива меѓутоа денед кога ја земав ид градинка водпитувачката ме праша дали дома детето ни кажува како си поминало во градинка , јас реков да зошто? Бидејќи тука не збори изгледа се срами. Многу била мирна. А ќерка ми сум јс приметила многу збори и а влезе на вратата оф граидинка одма престанува. А на видеа со другата восп. Сум ја видела пее песни со децата игра.. меѓутоа се загржив и пред се ми падна жал . Дома чим дојде кажува како и било убаво таму и што правеле која песна ја пееле. Ама зошто таму не збори скоро па ич?
Па ако можеш да земаш боледување често, тогаш во ред. Ама на ново раб место не верувам баш, не знам дали оди во градинка воопшто ама кога ќр почне, додека сите болести ги помине често ќе е болен, не знам колку за тоа си свесна, ама за жал е така, а нашите фирми ретко трпат да си на боледување. Па како планираш да се снајдеш без помош искрено не знам. Ама знам, дека е многу тешко сам, посебно кога се болни.
Кои лекарства, додатоци за исхрана итн ги имате дома во секое време за децата? Далерон, блокмакс, виранто, експулмо маст, спреј за нос од диво оригано и морска сол имам секогаш.
Ау Ефералган и спреј од диво оригано, д3 и молерс имам само. И first aid kid butter. Мојава е склона да се повреди повеќе отколку да се разболи
последната недела дена обравчињата и се црвени, ама баш црвени. стандард секретче си има. Да не е ид ладново нешто? ама од градинка кога ја зимаме и е вака? да не е алергија нешто? имате искуство?
Здраво, го користи ли некој овој пробиотик да ми каже ова портокаловото што е? Беше внатре во тегленцето
Да не има некаде зипувани или линк да се сметнат детски песнички наеднаш за во кола да ги ставам, а да не ги симнувам една по една сите посебно?
Знам дека е фаза и дека ќе помине ама зошто мора едвај да го соблечеме па едвај да го облечеме. На тоа додај се напил вода се потурил одма соблекување мокро не трпи, па на ново ајде пак борба да се облечеме. И таман си викаш готово спремни сме ајде конечно да тргнеме после пола саат натегање, се искакал. Два чекори назад си од првично. Тодлерски маки, дал да плачам ил да пеам
Не не ни блиску не сме. Се стега максимум се додека не му ставиш пелена. Се надевам во градинка ќе му ја разбудат желбата за нокшир/шоља, дома ко од оган бега од нив.
Ај во врска со ноќно будење. 2.5 годинки е, уште од бебе 3-4 месеци ноќе се буди, ај тогаш цицаше, па ад шишенце и презаспиваше. после годинка откако ја одбив ноќе се буди и не може да презаспие, морам да ја шетам,....ама будење на секој саат. слабо јадеше и препишувам на глад, но ќе и дадев млекце едвај 100 мл ќе испиеше (отсекогаш проблем со јадење имаме и уште е така). веќе некако с естабилизира па ќе си вечера, не е нешто многу ама за нејзините 10.5 кила ваљда доста и е. Сеуште се буди ноќе и бара да ја шетам за да презаспие. сум ја оставала и да преплаче, ама џабе, не може и не може. Живо зомби сум, не можам да функционирам, баша на работа цел ден. До кога ова будење ќе трае?!
За утеха Немам идеи, што и да ти кажам сигурно си пробала. Каде спие во бебешко или во детско креветче, со вас или сама? Ако спие со вас во соба, да и го ставиш креветчето до спална залепено и да ја гушкаш, да ја галиш, да не стануваш кога ќе се разбуди бива? Или полошо да ја ставиш со вас на спална да спие, ама да не испадне чекор напред, два назад, како кај нас... И јас барам совет за нешто слично, се мислам и на доктор гуднајт да и пишам веќе, не знам дали работи со поглеми деца, 2 г и 1 месец е. И како помала се будеше поготово додека цицаше ама тогаш не бев волку очајна, веројатно заморот си го прави своето веќе и не знам што да пробам. Пред неколку месеци ја одвоивме во своја соба, претходно спиеше со нас во спална во бебешко креветче, од таму не можеше да излезе. Додека беше во спална ќе седнев до креветчето, се држевме за раче или јас ќе легнев ќе и пеев и заспиваше и преспиваше, некогаш знаеше да се разбуди и тогаш ќе зборев не ја земав кај нас и презаспиваше, ама поретко. Кога ја префрливме во соба имаше неколку ноќи да се разбуди и нормално станува не бара, ама се погодуваше да сме будни па ќе одиме ќе ја презаспиеме и знаеше да истера до кај 5-6 сабајле, е тогаш веќе ако дојдеше кај нас ја зимавме на спална и продолжувавме уште саа-два. После почна да се разболува и јас од пусти страв, а и маж ми, да ја слушаме како дише, дали кашла, да не качи тт, си ја ставивме пак меѓу нас на спална. Деновиве пак ја вратив во детска. Ама нешто се случи последниве 2-3 месеци, значи од пред да наполни 2 години, станува цело време во некој ист период околу 22:30, секоја вечер. И ај тогаш ќе ја презаспиеме пошто сме будни иако некогаш ни треба по 1 саат, она после пак уште еднаш станува кај 2ч и веќе енергија немаме и си легнува пак со нас. Прво мислев некоја регресија околу 2 год, ама ова веќе како во навика да и преминува, не знам како да ја оправиме. Инаку спие од кај 20:30 до 7, а попладне од 12:30-13:30/14. И попладневните дремки ни се хаос, откако ќе заспие на прво вртење кога ќе се подразбуди ако види нема никој до нејзе станува, па некогаш и попладне ја презаспиваме . И добро кога се болни ги ставате со вас да спијат или ги оставате во соба? Ај па може ако се пожалам ќе се оправи, ми успевало некогаш
бебешко креветче споено со спална. до кај година спиеше во креветече. сега пола тело во креветче а глава на спална, па се врти превртува. такво и е спиењето, како пропелер. постојано се врти превртува, па че се исправи на нозе, ова за ноќе зборувам. нема шанси сама да е на спална, за секунд се врти како видра. Сум пробала да ја галам ама не, плаче, корне дур не ја земам. она се буди и свесно ми вика мама земи. и ме крева.
На мака си богами. Добро секоја вечер без промашај стануваш да ја шеташ? Алал да ти е. Веројатно решението е да не попуштиш и да пробуваш постепено, секоја вечер се пократко шетање и будна дур е да презаспие со гушкање/галење, дур не стигнете само на гушкање, па после тоа други привикнувања. Па поголеми се, треба да разбираат повеќе, полесно да се утешат. Ама јас немам ни време ни енергија ни нерви за тоа и уште чекам да помине само од себе.
Епа и ти свесно да и кажуваш дека ноќта е за спиење, дека надвор е темно.. ќерка ми вчера беше будна од 3 докај 4:40 се што ја прашав ништо нејќеше, и почна да прави глупости. Ми го зема телефонот од под перница и ми се сврте со грб демек не ја гледам Си го собрав телефонот, и кажав ќе се видиме ко ќе ѕвони алармот и не знам кога заспала. Си праеше муабет со играчките низ кревет што ги мкне за спиење, за малку што не и ги фрлив преку врата какви монолози си водеше Па се договоривме да ги гушне и да ќути и јас заспав