кажувам, дрндам, ама плаче до зајдување ако не ја земам, па кога ќе се исклучам ќе ја плеснам по газ од што сум преморена и не функционирам.
Многу малку сон ти е тоа за да функционираш. Освен да не попушташ, друг совет немам. И јас прво пробувам со ублажена форма да и објаснам и на крај се караме ама па не може у сред ноќ да стане од кревет и да си игра па шо сака нека е
Имало утеха, не е само мојава во пелени. Значи се кажува ама не седнува на нокшир. Вчера ми вика мама прткам, па ќе какам. Ајде викам на шоља, неееееееее и бега позади врата да стои и да кака. @brm_brm и твојава манекенка е уште со пелени?
И мојот е со пелени , се надевам дека ќе ги откажеме веќе .. за жива глава не сака ни на шоља ни на нокшир, ми вика акоо ( не ми ни кажува кога му се кака или моча ) му викам какаш ли, ми вика ако
Ќерка ми се измочка во нокшир и се шокираше, не знам дали се исплаши. 2 дена се нема соблечено, инаку сама седнуваше на нокшир гола
Може се има исплашено или и паднало чудно од самиот процес. На пријатели детето случајно во туш кабина се покакало и од тогаш неколку месеци за жива глава не сака да слушне за фрлање памперси, па и за менување. Веќе е 3+ години. Не е за утеха муабетов ама може колку што разбира и комуницира да и објасниш дека не е страшно или со кукла што мочка.
Повеќе ми делуваше дека се изненади скроз. Сега седи пак на нокширот дека се прави како столче, и кажува кога ќе кака, после тоа зема пелена и легнува. А во када редовно мочка и ѝ е пресмешно До после пак ќе ја седнам соблечена да видам реакција. И така пие вода од прееска од ко е вратена, ќе има мочање
Абе мочкала и какала на нокшир мојава не дека не. Ама она кога сака, еднаш на 10 дена. И одма иде после тоа муабетот ајде дај поклоооон.
Не ми е за ништо криво колку за тоа што гледам дека го има осетот. Од летоска со сува пелена се буди сабајле, станува па ја полни. Да сака комотно преку ноќ може да ги остави, ама што да си ја мачи душата да кажува, има кој да му мисли.
Вие добри сте, бар имате обиди, ние не сме ни пробале Си викам ај рано е, ај не сеа, ај на пролет и еве го 2 год и 3 месеци ниеден обид за оставање пелени не сме имале.
Дете кое оставило пелена на 2 години не е попаметно од тоа што оставило на 3. Освен мајки да се фалат, леле моево на 9 месеци си какаше во нокшир, друга цел нема. Патем, моето фрли пелени на 2 г и 3 м ама не сметам дека е баш заради тоа препаметен. Други работи, меѓу кои генетика и секојдневна работа со него преку игри за раст и развој, се причина заради која сметам дека е паметен. Плус, фрли пелени па тогаш почна да збори. Кога фрли пелени, со чиш кажуваше дека ке мочка. Прозборе пола година подоцна. И не сметам дека затоа што подоцна почна да збори, дека има проблем. Образувајте се од правилни извори. Дете ке фрли пелени кога е спремно а не кога сакате вие. Под притисок од комшики и форумџики. Поента е да фрли пелени без маки, плачки и притисоци. Ваши и на детето. Кога е спремно процесот ке трае неколку дена. Кога не е спремно цел месец и повеќе ке перете мочки.
Јас перев месец и нешто мочки,а богами и каки. Не оставив сами да почнат да кажуваат, ама штом осетив дека може да соработуваат и не им е стрес фрлив пелените без враќање. И се исплатеше. Двајцата од година ипол ми се без памперс. Малиот е 2год и 8м и го заборавив веќе периодот со памперс. И не го направив тоа за фалба,туку дека така ми кажуваше инстинктот. Инаку и син ми тогаш не збореше,почна да зборува подоцна и тоа го кажувам без проблем. Децата не ми се предмет за фалење и за споредба со други деца. Сметам дека со добра тактика и труд,секое дете може да се научи. Чекање до 3-4 години за мене е ту мач. Ама за мене...
Има 2 години и 4 месеци, во последно време навечер се буди и сама се префрла од креветче во наш кревет, си легнува помеѓу, си се покрива и си продолжува да спие. Стравувам да не се навикне, па да не сака воопшто во нејзино креветче да спие. Или океј е да ја оставам? Можда е период кај што и' треба ваква близина?
Да, ем манекенка ем со пелени . Има периоди седи на шоља и мочка, дури и се напнуваше и да кака. сега не сака за жива глава.
Доктори велат дека делот во мозочето кој го контролира и перцепира мочкањето се развива најрано на 2 години. Ти си стара школа штом на година и пол си ги одвикнала од памперс. Постари генерации тврдат дека од 1 година сме без пелени, а јас немам сретнато мајка од денешно време која успеала тоа да го реализира. Еден месец да переш мочки и каки не е добра тактика.
Јас имам другарка од 6 месеци го ставаше на нокшир по умот на бабите и го научи детево вака или онака не знам како и успеа. Свекрва ми исто често си кажува како сите 3 деца од 6 месеци и биле на нокшир ама ај нив ги разбирам немале еднократни пелени. Ги учеле, сигурно тешко, ама полесно во споредба со перење на пелени.
Не разбирам, искрено. Дете на 6 месеци не седи самостојно. Не знае да голта, џвака, збори. Не знае да лази, а ни да оди. Како правеле, не знам. Пак доаѓам до тоа дека родителите свесно одлучуваат да родат и растат деца. Тоа вклучува посветеност и жртва за на детето му е убаво и погодено. Непреспиени ноќи, нејадење, разболување итн. Тоа значи и менување пелени до кога треба. Нашите баби живееле во друго време, и тоа не значи дека треба и ние денес така да правиме. Ние треба да знаеме подобро.
А по што се приметува дали детето е спремно? Како може да се препознае? Едвај чекам да ги тргнат зашто секое менување пелена ми е стрес и бркање по соба
Пишував сабајлево и во темата за одвикнување, детево седнува на нокшир гола. Ваљда е тоа еден од знаците да почнеме со процесот