Ќе даде некој знак и одма треба да ги скриеш пелените Мојот на пример, сам си ги соблекуваше гаќичките памперс и си ставаше нови. Ако е искакан трчаше сам под туш да се измие. Плус почна да се срами да кака пред нас, така некако во брз период се поклопија некои моменти и си реков штом знаеш да мењаш пелени, знаеш и на шоља да седнеш. И така за 3 дена ги откачивме
Подобро месец дена да перам , отколку уште 2 години да се расправам со памперси и да измивам искакано газе. Зошто реално тогаш јадат се и те како се размачкуваат. Стегнав заби месец дена,ама после раат. Само ќе напоменам дека за среќа и двајцата одлично го прифатија нокширот и немаше трунка стрес кај нив. Да забележав дека не сакаат секако ќе почекав...
Месец дена кога детето кака и мочка во гаќи е стрес. Ти ако си им се запнала на децата по секоја цена да фрлат пелени е едно, а дека е стресно, стресно е. Не се три дена, еден месец е. Како си ги убедила да ги фрлат, а децата ни сами не разбираат што прават, немам поим. И не сакам да имам, искрено. Газе измивам секогаш. И откако фрли пелени, после какање мие газе. Ако не сме дома, пред спиење обавезмжно го мијам. Друго, не знам што си запнала дека децата на 3 години фрлаат пелени. Пелени се оставаат помеѓу 2 и 3 години. И после 3 не е страшно.
Ете ги седнав им објаснив и сфатија Се знае како ги убедив ,низ игра. Смислува игри и награди и ми успеа. Имав среќа што од старт сконтаа за што служи нокширот. И секако не какаа и мочаа цело време по нив. Еднаш во денот ако подзаборават не е воопшто страшно. Големата сконта веднаш и дали една недела траеше таа фаза. Малиот знаеше да се заборави и да се закака во гаќи па да ми каже месец дена,за мочкање брзо сконта . Ни с немаше од стрес. А дали на година ипол или 4, тоа е голема промена за децата и излегување од комфорт зона, па дај да ги оставиме до првачиња со памперс да не им е стрес... Ете целите стресирани се дека не носеле памперс до 4 год. Знам поголеми деца што многу бурно реагираат и го бараат памперсот. Нема правило дека ако чекаш одредена возраст детето подобро ќе прифати. Браво што миеш газе ,честитки. Сите миеме нормално,ама има разлика газето кога какаат во ношир и во памперс, тоа ми беше муабетот. И не реков дека е страшно после 3, туку за моите деца јас не сакав да чекам до 3, туку дадов екстра труд и успеав.
Правите ли пауза со давањето на суплементи? Имам осет дека откако е родено детево 2 ипол години само нешто пие вештачко. Ми заврши молерсот, па се мислам дали да го паузирам. Моменталмо пие и витамин д, киндеримуно и пробиотик. Ќе одиме на зимовање, нема да оди во градинка, паметно ли е да ги стопирам молерс и киндеринуно?
Ништо не давам веќе една година. 3 и пол е мојата, порано и давав нон стоп се нешто и пак се разболуваше, сега како не и давам да чукнам во дрво, поретко се разболува
Мајка мојата откако е родена само д витамин првата година добиваше, од тогаш до сега ништо ама скроз ништо. 2 години и 5 месеца ми е малата. Читам и јас овде дека повеќето даваат нешто па ја прашав докторката на ќерка ми, на што добив зачуден поглед ( во Германија е ова) Инаку ќерка ми оди 11 месеци на градинка ,отсуствувано поради болест има само двапати по неколку дена од градинка, и тоа на почетокот когс беше на привикнување. Ова само мое искуство е, сите правиме најдобро што знаеме.
Јас само д3 и молерс давам. И за тие социјално да ме праша колку ги давам, ќе назначат некој само за витамини да доаѓа. Да паузираш сеа на зимување па да видиш како ќе биде после со разболувања?
Па тоа се мислам. Киндеримуно од јуни без прекин и давам, многу некако ми се гледа. И омегава изгледа кај нас само ја даваат. Си јаде овошје зеленчук манџи. Ми личи од сабајле ко на норма, вит д, молерс, киндеринуно, пробиотик, мед...Ту мач ми се гледа некако...
Здраво, Дали може да ми препорачате добар детски оториноларинголог, без разлика дали е на приватно или државно.
Здраво мајки, да се пријавам и јас со тантруми. 2г и 6 месеци сме. Бега и тој кога треба да се менува пелена(исто нема шанси да му спомнеш нокшир или шолја) или да се пресоблече. Имаме и плус дриг момент, многу се разлутува кога нешто не ми се дава што бара најчесто пред период за спиење. Ај што сака да ме тепа кога е разлутен туку сака да го оставам да мава глава. Не го разбирам овој момент, зашто сака да се повредува? Не бира, мава глава од ѕид, од паркет, од било што. Правело ли некое друго дете така? Пробувам да го смирам и да му зборам, некогаш успевам ама некогаш не допира до него
Мојата мава глава уште пред 2-3 месеци. Точно 2 год е. Ме гледа, легнува на паркет и мава Многу е разлошена, ако не е по нејзино, рика мислиш ја колат. Само што ја слушам, жива вода станувам.
Оф беее. Прелоша е. Преска почна на заебанција да се мота со сијаличките од откитување, ајде и направив ќејф ја сликав. Ко ги тргнав, лелеее А време за спиење, вриштење у пм. Мм излезе од соба, го извади од такт. Вчера јас отидов до веце да се измијам оти ме шекна, баш се препотив. Да ти е... периодов
Абе се имаше научено неколку денови, ме фаќа за рака и ќе ме шета она по собите, да ровари, па ми кажува, рачето, одиме, седи тука И да ја оставиш така, ќе те шета ко бела мечка по собите, да растура и јас само ко ѓубретар по неа собирај. Ај на спалната да скокала ринги јаја, е ај ќе скокаме, ама нема крај, она би скокала цел ден. Не можам да се откачам, се да рипа, јас да ја држам за раце и да пејам Среќа заборави деновиве, ама тие неколку дена беа пекол, кога ќе ја вратев во дневна и ќе затворам вратата, рикаше до бесвест. Командало За спиење, не ми се зборува. Уште нишкам, толкава мома Не во раце, ама лежи до мене и така нишам. Галам, нишам, чешкам, може и по цел саат. Рацете од лактот надолу ми се окапани. Денско преспивање, еднаш во 10 дена, НА СИЛА.
Денес беше врвот мислам. Играше со количе на едно детенце и го вративме назад. Почнаа плачки по пат, да се врател за колата. Период блиску до дремка. Дома ескалира до степен да мава, вришти, не дава да го пресоблечеш, со солзи крокодилски и дури дткање од толку плачење. Едвај се смири и заспа. После дремка друго дете. Мене косата не побелена, ќе ми попладне веќе. Нека поминува побрзо ако е период
Знаеш дека секое попладне уште жртва што не принесувам за да заспие? Ама не, ќе скока, ќе пее, намерно не легнува оти знае дека ќе заспие. А изгорено е за сон, кога ќе и се згреши да заспие, 3 саати ги спие како ништо. Сега па и левата 3ка горе никако да пробие, не јаде, од тоа уште понервозна, аман.