Искрено подобро е исцело мали се ќе падне ќе ја тегне јакната ќе и отиде испод снег. Така ќе треба да бараш ептен кнап да и бидат дводелни додека целосниот закопчај од горе до доле и гајле нема да не ја мислиш.
Јас скафандер никогаш не би облекла на дете, освен ако не сме некаде на зимување на планина па по цел ден на снег. Не гледам поента да го саклетисувам детето у скафандер, секако на минус температури не го шетам надвор
Исто и јас. Ќерката ми е 5 год, секоја зима имала скафандер кој бил облечен едвај 2 пати, кога на некој посебно ладен и снежен ден сме оделе некаде (село, планина, шетање). За секој ден до градинка, или за шетање низ маало никогаш не сум и го облекувала. Освен првата зима кога имаше година, јас скафандер не сум купила, ама ете секогаш некој ни давал на подарок, а никогаш не бил искористен.
Мислам дека догодина ќе се големи за исцело, јас дури на планина кога ќе пукне сонце знам и јакна да соблечам. И лани и сега ми е во панталони и јакна, за на планина. Не може снег да и влезе, панталоните се како комбинизонки со прерамки, јакните со ластик гумиран внатре залепени на панталоните. Скафандер следно кога ќе биде голема па ако си одбере она некој фраерски за на зимовањеинаку не би зимала.
И тогаш нема да земе Комплицирани се за во вц Мојов машко е, па никогаш не сакаше исцел скафандер баш поради ова.
Ама женските од друга планета сме нели може да и швркне дека е модерно. И јас кога ги гледам убави ми се за возрасни ама неоправдан луксуз ми е
Во Синсеј без попуст се џаба. За син ми зедов само долен дел со трегери (тоа што не го облече воопшто бидејќи ни на врв немаше снег е друго) и беше 800 без попуст. Голем му е и можеби ке е ок за наредна зима. Јакна веќе имаше дебела и само долен дел зедов. За секој ден низ град немаш потреба од комбинезон. Едно што е топло, друго што ако е премногу ладно нема да шетате. Скафандер за снег ти треба само.
фала ви мајки. Сепак утрово земав дводелно, долни 299, абе се пресмеав за цената и јакна плус внатре со ластиче. војна водиме ова зимо за скафандер да облече целосен, а догодина можам да замислам што ќе биде..
Поздрав, ако може пиши ми како успеа да ја надминеш постпородилната ансиозност Не живеам во Мкд, тешко ми е да се разберам да одам на психолог или слично... сопругот ми е огромна поддршка и на моменти ќе се подигнам, но кратко трае... најтешко ми е наутро и навечер, посебно затоа што бебе има скоро месец дена, грчеви, плаче за се и сешто, се заспиваме со вриштење по 2 часа... Имам и помош, мајка ми е со мене, но на секој негов плач баш бурно реагирам и само би плачела...
Здраво, сакам на син ми да му ја удрам мрп, 2 години е. До пред месец дена бевме со бактерија во носе, но последниот брис испадна чист. Вака нема да му тече ама кога ќе издува пак има густ секрет. Дали пак да му направам брис пред да ја удариме или на црп ќе покаже ако има нешто?
Да прашам и тука, во соодветната тема немам сеуште одговор. Направивме обид за тргање пелени минатата недела, точно знае кога му се мочка и кака, не греши и има контрола пример ако треба да задржи некоја минута додека стигнеме дома. Е сега, супер си седнуваше на нокшир, додека во градинка скроз без причина му ставиле пелена и почна и дома да бара пелена, ако не му ставиме, се стиска цел ден. Пробав да ја вратам целосно пелената, во градинка рекол дека не ја сака, му ја тргнале, седи цел ден по гаќи, ама ниту мочка, ниту кака таму. Дома кога ќе дојде, бара пелена и за мочкање и за какање, никако не сака да седне на нокшир, ќе му ставам, за 2 мин е готов, го пресоблекувам и пак гаќи облекуваме. И не знам дали има поента сево ова, значи он само не сака да седне на нокшир. И не знам како понатаму, да враќам пелена или да тераме вака? Не знам ни што правиме, искрено. Имал ли некој вакво искуство? Во април полни 3 год.
Жени колку дена се дава виранто ? Не пишува на упатството а во мислењата на форумот сите различно пишуваат
Син ми е 3 год и веќе не знам како да постапам, се сака да е по негово, се он да е прв, се он прв да направи, не слуша ништо и никого, со арно и добрп па ич! Треба да се скараме за да послуша нешто, итоа пак не со 100% сигурност. Веќе не знам што да правам, ама ми иде да го треснам, до толку го претерува, секако сме пробале, џабе р ништо не го засега..
Мајки како се справувате со тоа ако на пример не ги разберете децата што сакале да кажат и почнаа да се бунтуваат, да плачат и да врескат?? Мене ми падна жал неколку пати што не успеав баш да го разберам еднаш некој збор и почна да се лути, да плаче и да се бунтува ( се нервира што не можев да го разберам ) во тој случај што треба да превземам?? му кажував дека треба полека да се каже со убаво и така ќе се разбереме ама си води инат.. па и синоќа истото ми се случи и затоа цела вечер со плачки беше , кошмари обидувајќи се да го каже зборот ( не ми даваше ни да го гушкам, секогаш кога има кошмари или било што ме бутка, ме тепа.. )
Симни се на негово ниво, гласот да ти е тивок (смирен) и замоли го да повтори. Ќе се смири и ќе каже. Ако повторно не го разбереш, ќе му кажеш да ти покаже, ако не може да покаже, кажи го ти зборот што мислиш дека го кажува, обично повеќе се трудат тогаш. Моето збори, ама понекогаш шушка, уште не му е избистрен говорот и на овој начин се разбираме.
Не верувам дека ќе те разбере со тоа полека да се зборува оти тогаш се толку напнати мислиш светот се руши. Јас кога не можам да ја разберам, пробувам да погодам. Или да ме однесе да ми покаже што сака, па ќе и го кажам зборот полека. Ама колку повеќе му викаш да ти каже што сака, толку помалку ќе ти кажува. Нервозно е многу, замисли тебе да не те разбере некој шо сакаш а ти баш тоа го сакаш Јас така го гледам тоа и сум најсмирената особа тогаш додека мм малку се нервира. "Е како не знае да каже". Епа не знае де, мала е