Иста возраст се. Не знам у метри да израчунам ама од градинка до дома ( 5 минути нормално, 15 со неа ), оди. Не се буни за раче веќе, ама кога сака да трча ми кажува и трчаме заедно. Поарно така да и направам ќеф отколку да ја бркам по улица. И така со трчање ја носам дома оти тоа ни е проблем сеуште, не сака да се враќа.
Ti bara meze po pat? Mojata a stigne doma odma na jadenje se frla. I posle u 9 u krevet ti e so tolku pesacenje
Па ја носам во ранец ужинка или успат купуваме во продавница, во пекара бисер или силбо обавезно да си кснеме нешто и двајцата иначе во 8, 8ипол е кома без разлика дали пешачел толку или не
Од каде купувате гаќички освен Синсеј? Кимико се катастрофа квалитет, Стружанка ми понудија обична бела гаќа. Девојчево ми е како шпагета 2ка и паѓаат, па ако знаете некои со помал калап, кажувајте.
Spoiler: Линк https://momandbabe.mk/product-category/облека/ Сега баш ми испадна momandbabe имаат попусти на гаќички. Е сега големини незнам..
Ич не ми текна на Тритекс. Мислам има во Сити Мол, ќе проверам. @lovely91 како е калапот на Ваикики, не сум земала? 2ката од Синсеј и е ок, 2ката од Сара Фешн и е голема.
Јас купив од тритекс помали, мада не е одвикната уште. Да ти ги дадам ако не најдеш, она додека се одвикне може ќе ги порасне. Со етикета се уште
Нема да ги порасне, ич да не се секираш. Мене овие ми се купени од летото, сега се одвикна, уште и се големи. Манекенка еднаш, манекенка засекогаш
H&m имаат 92 ка мал калап се. Јас земав ама мојата манекенка само за какање кажува а за мочкање не. И си кака во нокшир или шоља. За мочкање кажувај како ја одвикна?
Па ја оставив еден ден се мочкаше во гаќи и ја фаќаше паника мокра сум, соблечии. И со муабет праење треба да кажуваш дрн дрн. Чај и дава да пие, и на секој пола саат ја носев во вц. Ама ова еден ден се дешаваше. Дури ми е чудно како толку брзо се научи. Во градинка еднаш само се измочка во гаќи и толку. Ваљда и беше време дојденк, зашто реално ич не ја форсирав . Неколку пати пробував до сега тотално неуспешно беше, сега ко од шала. И многу запали ти си голема дадичка, пелени се за бебиња и кога нејќеше да оди во вц и викав сеа ќе одам јас на адаптерот ќе мочкам и пусти инат трчаше накај вц да моча.
Стружанка имаат убави ама треба да начекаш. Имаат убави комплети маички и гакички да. на правиш сама има и посебно. Тритекс, Ваикики ама и таму брзо се рапродаваат. Имам земено боксерици од Ваикики со маички, можеш и без, одлични се. Едит: Памук Пале исто така знаат да имаат убав избор.
2г 9м е, трета недела е со ноќни терори. Јас не знам шо е ова, хорор е. Го преживува цел ден, вреска дури го држи глас, а очи не отвора, плачи со крокодилски солзи дури спие. Не ме сакаааааш, не те сакааааам тебе, го сакам татоооо, не ве сакаааам одете сииии, не сакам во градинкаааа, не сакам да јадаааам, не сакам тирекс да бидааам, не ми ги земај играчкитее... Поточно не само ноќни и денски. Сѐ нешто е лут на некого, не ми прави муабет со саати оти ми бил скаран, секој втор збор е НЕ и НЕ САКАМ. Скренав луѓе, трпението ми се држи на едно конче. Нормално е ова или има доживеано некоја траума детево? Ако е нормално, колку време ќе трае ова? Искуство со детски психолог на оваа возраст?
Ако имате нов член може така си ги искажува емоциите,кај ќерка ми траеше едно добри 5-6месеци,и тоа кога мм беше на работа имам снимено и му праќано дека кога бев сами со неа и со бебе тогаш се случуваше се.Размислував за доктор и бев исплашена дека нешто не е во ред, а сум испуштила да приметам.Сега е 3 год ,и може да кажам дека повеќе манипулира но нема такви испади со врескање.
2г и 6м сме. Истото го преживуваме а немаме нов член во фамилијата. Знае периодов у сред сон да се разлути, да вреска, да сака да ја удира главата од наслонот на креветот дури некогаш и мене да ми удри глава од нигде никаде. Преку ден има исто испади најчесто ако нешто не е по негово и се случува во периодот кога му доаѓа за преспивање. Вреска, тепа, не можеш да го смириш и најизразено е тоа што сака сам да се повреди, ја удира главата од што стигне и тоа многу ме плаши. Ако имате препорака за доктор и јас би сакала да знам. Се тешам дека е период пролазен ама да не има последици ми е страв
Кај нас може и се има поклопено периодот со бебе,ама ако сите поминуваат фаза ќе е ,сега последниов период ќерка ми е мн посмирена и нема такви испади,3 год е.