Леле, не знам колку време пребарвам низ форумот за ноќни терори, па после синоќешниот ми излезе твојот коментар. Ќерками ќе прај 5 год во мај, исто имаме скоро 5 мес. бебе. Први ноќни терори се имаат случено при настинки со температура уште пред една, две год ама ајде бладала оф температурата си велиш. Спие во своја соба од пред година и пол. Неколку месеци наназад имаме проблем зошто сестра и да спие во нашата соба а таа сама во детската. Те мм ќе останеше кај неа в’соба, те таа ќе дојдеше по два три сати кај нас на спална. Изгубивме ред, почнав да се плашам да си легнам со тоа дека ќе бидам разбудена од викање, разговарање со ѕидот Таман мислиш таа е излезена од ноќниот терор и разговара со тебе, та уствари сеуште не е и буквално крвта ми ја заледва. Еднаш се има и тепано во сонот. Значи кај нас не се манифестира со многу викотници и плачење. Па бевме на психолог, значи на психологот ќерка ми и кажа дека се плаши од вештерката од Рапанзел, а дома се нема пожалено дека и е страв. Препораката беше, екрани на нула пред спиење, ние цртани не и дозволваме пред спиење, на никаков уред, ама некогаш си пуштаме сите заедно филм со детска содржина, пс психологот рече може и од нешто што не е воопшто страшно да си напрај некој филм во нејзината глава. Дека не е воопшто страшно, не советуваше ако иди на спална да ја враќаме назад, секако ако не дава отпор и ако ноќните терори се во континуитет, кога ќе знаеме дека ќр настапи да ја подразбудиме малку, така би се избегнал теророт. Ама кај нас не се случува никогаш континуирано, туку одвреме навреме.
Ацидосалус колку време прскате? Нас матичната ни кажа дека се користи 5 месеци најмногу и после да прекинеме.
Не го прскам постојано. Наизменично, некој ден оригано, па некој ден ацидосалус. Викенди не прскам. А за времетраење не ми текнало да прашам.
Мене матичната ми кажа 5 месеци да ставам два пати на ден и покрај терапија и покрај се и после да престанам. Јас покрај ацидосалус ако е многу затнат и диво оригано прскам, не смета. Ако ја прашаш матичната за ацидосалусот како, колку да се користи пиши ми што ти кажала.
Јас матичниот кога го прашав за ацидосалусот ми рече не, демек непритоена флора ставарал во носот. Ама па Паскалов и е матичен и за се ми вика не. Јас ја шприцам од септември повремено, коа заборавам, коа не дава и на сила потрошивме едно шишенце.
Јас се уште не сум го потрошила ни првото шише, а може да ставам уште месец два отприлика па сакам да слушнам што викаат другите доктори. Мене матичната ми го предложи, јас не знаев. Не знам дали има некоја разлика од претходно, исто се разболува, исто е затнат ама се прскаме секој ден.
Психолог детски да ми кажите во БТ? Ова веќе е неиздржливо.. Ја караме 24саати во денот.. Не дека нешто не е во ред со детето туку да ми кажи техники за малку од малку да не слуша.. Не сака да се капи, да јади, да се преслекува, да кака да мочка во абе. Не можам да си уживам во детето од што сум нервозна веќе.. Само цртани и се во паметот и се таа ко што сака, мала отстапка то е хорор од вриштење дрецкање тепање.. Ме има сакатено од мавање... Кажувајте чаре.
Не знам психолог ама можам да ти кажам кај нас што успеа да го вратам во нормала. Изгасен телевизор и прошетки надвор. Јас така имав период сама дома со тодлер од 2 ипол години и новороденче. Хаос. Ај ќе му пуштам цртан само да се учиме со бебето да цица, ај само да го избањам, ај само ова, тоа…Кога се освестив, тој веќе имаше агресија во себе од цртаните, кризирање ако не му пуштам, тепање, викање. Полудував во тој период зашто стварно бев сама и беспомошна ама му ставив крај, го издржав лудилото 3 дена и се смени како друго дете. Сега си знае веќе кога и колку смее да гледа, а и поголем е. Се кладам дека агресијата е од таму, од досада итн, пробај. Јас за смирување ја следам Марија Саздева на инстаграм, едукаторка е жената, збори на српски ама македонка е. Можеш и да и пишеш за совет.
До кога трае периодов "мое, мое, не давам"? Со мене нема проблеми, со другарки мои исто, сака да си игра, сака да покажува, заедно да игра и се тоа ок, ама со деца не сака да игра. Вчера бевме на гости, цело време се дереше "мое мое" и на крај станав и си го однесов дома. Ни една секунда не си поигра со детето, се расправаа цел саат за играчките. Дај му една на него, друга на детето, тој од раце ќе му ја земе и ќе го истепа. Веќе не знам како да постапам. Цело време му зборувам, он игнор и пак си тера по негово.
Исто и јас така си направив.. Ај само да јади, ај само да ја преслечам, ај само да завршам нешто.. И си направив голема беља.. Станува на сабајле и почнува. Пушти пушти пушти.. Во последно се научи на спална да заспива а бар со тоа немавме мака си заспиваше сама вкреветче. Јас само попуштам мм е поиздржлив, па нека се дрецни нема по нејзино да биди.. Вградинка не сака да стапни, прв муабет и е не одиме денес вградинка. Значи буквално не си уживам во детето воопшто, колку и сурово да звучи ама одвај чекам да и дојди време за спиење да поќутам малку. Викаме и докажуваме 24/7
Претпоставувам нема 3 години штом си пишала во темава, ако е така и годините им се малце такви. Многу е полесно после 3 години и јас се измачив до тогаш. За градинка почна да протестира точно на 2год, во мај ќе полни 4г и уште трае, значи скоро две години. Еве баш сабајле ми рече Мама ајде уште денеска дома, па утре ќе одам. Ама различно е, сега со муабет се убедуваме, лани беше пекол со тантруми, со урлање пред градинка. Се ежам кога ќе се сетам, многу лоши периоди има од 2 до 3г, само трпение.
Да нема 3 години, 2 и 5 месеци. Си се навикна вградинка се супер ама со празниците со настинки итн и идеше бааѓи да паузира дома и потоа почна тортурата од тантруми.. Грев ми е да ја оставам и еве ја седи дома.. Не знаеш што ми прави, со плачење си бегам дома.. Мама земи ме, мама не ме оставај, дојди мама крени ме...Абе срце ме боли жими се.. Таму е супер од кога ќе и помини тантрумот, си игра,учи,спие. Не е многу дружељубива, има и некои деца што се булиерс и ми се жали често ама и таа знае да биди таква и да ги турка да му зема работи.. Лош период, мислам дека ке пукнам некој ден, ќе почнам како Бритни да се вртам како центрифуга на сториња
Колку често мократ вашите деца? Ние имаме проблем со уринарни инфекции, последно кога испитавме немаше бактерија, но ми изгледа дека често мокри. Не можам цело време да испитувам дали има бактерија. Давам брусница, чаеви и сл. Инаку не носи пелени 2 месеца дали па треба да се регулира тоа мокрењето стварно не знам. Отприка мокри 8-9 пати во денот. А ноќе не станува. Се работи за 2,5 год детенце.
Не ми личи дека е често. Ако си пие и течности повеќе, нормално е. Мојава едвај пола литро пие па моча 7-8 пати.
Некоја мајка искуство со напад на болки на дете во меше кај папакот, Буквално вика и се витка кога ќе го фатат дури и повраќа во моментот, трет пат веќе за 3 недели го фаќа. Го држи неколку саати и после ко ништо да не било. Бевме на ехо нема ништо, кс ок само црп покачено, сега и измет испитуваме но веќе не ми е јасно што може да е
Шинување на папок!?,незнам дали е медицински исправно кажано ако има некој нека ме исправи,како дете памтам постојано имав болки таму,па нешто со мали стаклени чашки ми го местеа,народни лекари. Спомни на лекар, само не сум сигурна дали е точен назив.
Воспаление на слепо црево? Знам од познати детенцето исто така болка во папок, па после почна да шета болката позади, па десно од папок кога веќе беше за вадење.