Да, ме утеши пошо не е само мојава И сега е ужасно расположена, не сакаше да дојде со мене до продавница, имаше "мало" тантрумЧЕ Другото се исто, скроз.
На девојчињата со долги густи коси, дали им ја врзувате некако навечер или со пуштена спијат? Немам намера кратко да ја шишам, ај што смета, спие некако, ама уште сега се поти многу во глава, а лето допрва доаѓа.
Големата 6г е на прсти се брои колку пати спиела со пуштена коса. Малава 2г исто со фатена коса спие. Сама си бара да и ја тргнам. Фаќам полабаво репче од горниот дел и над ушите.
Мојава е мала сеуште ама има густа коса. Сеуште не и е доволно долга за собирање ама до лето сигурно ќе е, така да ќе собираме бар дел од косата. Инаку од мое искуство, цел живот сум со долга коса. Како дете, а и сега лабаво репче или плетенка не ми правела проблем за спиење.
И ги врзувам шишките и горниот дел од главата во лабаво репче. Дури и самата бара да и е врзана косата.
Предлог дерматолог за преглед за атопичен дерматит. Лом е како запролети, почнав егземава со полен да ја врзувам. Се мислам кај Андреј Петров во Систина да закажам ама ако имате некој предлог доктор од кој сте задоволни, кажувајте.
Во која смисла лошо? Нестручност или??? Јас го знам зашто градоначалник на Карпош беше, како доктор појма немам каков е
Да се надоврзам, наеднаш почна да го вади стегачот пред спиење Алтернатива? Не дава фризури да и праам за плетенки
А јас одамна се откажав од докажување со тодлер. Нека се препотува. И реков сега ела да ти ја врзам косата, ми рече не и си отиде у кревет. Дури и онака фрц ми напраи со раката во коса.
Прекрасен пристап имал, ама незадоволни од лекувањето, стручноста, не знам кој е соодветен збор оти сепак е извикан меѓу дерматолозите. Конкретно кај нив за витилиго се работеше, ако ти значи нешто.
Јас би си закажала кај Старова, нека седи терминот за во случај моменталните терапии да не и помогнат. Инаку јас мојата сум ја носела кај Лидија Христова во Јане и кај Старова, а јас сум одела и во ремедика. Ама исто, ако е акутно некое кортико, ако не биодерма, роше и тн. Лидија додуша често ја посетувам и ептен ептен кога мора ми давала кортико, а ми давала и упат за тестови кај што има термини. Иначе мене ова ми помага за атопикот не знам што чудо е, ама биодерма не ми делува, со ова во момент ми се смирува чешање и ми регенерира кожа. Нашиве се мали, ама ако дојде до степен рани, јас би ставила.
Ништо не и помага. Сите можни скапи креми хидратантни за 2 ипол год ги имам пробано. Кога ќе реши да севоспали, воспалено е. Павловичева ја средува ама не можам цела да ја мачкам премрсна е. Каде е таа Старова на дерматологија на Клиника?
Не, приватен е во мавровка. Само се чека по неколку месеци. Мене ништо живо не ми помага веќе, а не знам ни од што е и тестови и рестрикции и пак си стои. Оваа ја земав случајно за маж ми дека му беа испукани рацете и го заебавав му викав ти ја купив најевтината крема од стокомак, сега под дрво и камен ја барам и залихи си правам дома. Ама викаш премрсна е, јас цело детство на слики светам од мрсноча, на таква кожа неизбежно е тоа.
Кај Лидија ја носеше малата? Со упат од педијатар? Што ви даде? @Tea SK и кај нас е исто. Постојано има на нозете. Некогаш дури од биодермата и се вцрвенува уште толку
Мајки колку густа коса имаат вашите машки деца? Моево на 2г.3м има уште бебешка коса, не е густа, му се гледа темето што се вика од што е ретка, дали е рано, кога ќе им се згусне косичката? Еве слика