Пие и она од обично со голем отвор, ама за во кола на пат не можам да и го дадам. Баш ми требаше со цевка некапечко. Ќе барам други алтернативи, за малце прееска не го купив од еурофарм
https://zegin.com.mk/mk/canpol-sportska-chasha-so-cevka-12-meseci-270-ml Ова му го имаме купено и не го дава за жива глава Во ранец пуштено е секогаш и не протекло ниеднаш, лесно се влече од цевката и евтинко е
Здраво мајки. Дали некоја мајка се соочила со дете што е премногу гадежливо? 2 ипол годиники сме и не сака ништо од јадење да земе со рака, значи буквално целиот ќе се стресе и неможе прави фаци за бљак Уште кога почна да разбира е таков, надвор кога сме ако паѓа рацете нагоре му се, неможе да стане бидејќи не сака со рацете да пипне ни трева ниту земја. Ако малку му се прљави одма бара да му ги чистам. Порано барем сам ќе јадеше малку чипс и ќе му речев мама после ќе ти ги избрише рачињата и така ги држеше многу смешно. Сега ништо ништо не фаќа. Овошје, зеленчук се мора да го ранам јас и навистина го гледам колку гадно му доаѓа, фацата се кажува. Вчера пример маж ми го ранеше и му падна на земја и ми вели дај влажна да го соберам. Малиот кога виде па кога се стресе колку е гадно хаха. И потоа ќе се откаже не сака да јаде веќе. Устата кога го ранам мора веднаш да се брише ако осети нешто дека е измачкан. Кога ќе му капне нешто на тренерки, блуза веднаш сака други чисти да му се облечат. Има ли надеж дека ќе се смени или тешко? Се мислам кога ќе почне во градинка како ли ќе биде, тука целите одат во скафандери и прљави повеќето време се надвор. Гладен ќе си остане ако не го хранат.
Те паметам мислам дека многу паничеше уште мало кога беше. Премногу внимаваше на храната, а сигурно ни парчиња не си му давала до големо. Извини ако грешам, може да сум те помешала. Некогаш ние мајките плашејќи се да не грешиме правиме огромна грешка и еве го резултатот. Пробајте сега на ново навики да му менувате. Јадете често нешто што се јаде со рака, седнувајте заедно на маса и правејтее ммм демек многу е слатко. Да ве гледа. Би требало да се опушти по некое време. И треба да сме повнимателни какви навики создаваме уште бебиња кога се
На храната внимававме да ама бидејќи има алергија на кравји протеини па и ден денес тоа внимаваме. Овдека зборувам за гадење, не поднесува да пипа со рачињата. Вели мокро е, бљак е и се мршти. Прави фаци и му е неубаво. Парчиња јаде оддамна не е тоа проблемот, ама нели морам јас да го хранам. Заедно јадеме на маса обавезно. Значи претходно кога не разбираше многу му давав во раче, јаболко, банана, краставица сам да држи и јаде, ама и тогаш не му беше сеедно. Сега нема шанси вели ти ми дај, или ако фати малку одма вели миј ме. Мислам детето ми е такво, нас не загледува јас имав рана на устата абе се гадеше. Со таков поглед ме прашуваше што ти е тоа бљак. Или за оние израстоци по врат што ги имам како бемки и детето се згрозува. Почна и кога го бакнуваме се брише, вели ми се гади. Мислев некоја мајка да не се соочила со слично нешто и дали ќе има подобрување или се повеќе чисто дете ќе биде.
Не поминува, барем не кај мојава. Од се се гади, еве ја 3 години јаде јагоди со вилушка. Јас и давав прибор од година и пол и сама јаде така. Лепче не фаќа со рака, и сечам на парчиња д аможе д абоцка, недај боже да и капне некаде нешто, трагедија. Само флеки ми наоѓа по дома, види ова валкано е , види ова што е итн итн. Со смоки и со чипс се прелажува ама после рацете во вис ги држи.
Ќе има подобрување кога ќе мора, на пример кога ќе биде возрасна и ќе мора да направи јадење, измие садови, исчисти. И некои работи дури и тогаш ќе и пречат ама ќе нема избор. Ова е од мое лично искуство Можеби најдобро да се консултираш со специјалист да ти даде некои насоки за надминување на сензорни проблеми, постојат сензорни играчки кои може да се користат да се навикнува детето на различни текстури. Има доста и по нет совети и стратегии, можеш да изгуглаш.
Мајки, заприметив заматена урина во нокширчето кај малиот, дури како со талог (да напоменам дека минатава недела наполни 4 год, ама не најдов соодветна тема во моментов). Секако ќе посетиме лекар, дали сте заприметиле такво нешто и некое искуство околу тоа ако имате да споделите? Не се жали на никакво пецкање или болка.
Имате посебна тема за одвикнување од пелени, ама мојот го одвикнав на 2 години, за кратко научи за мочкање, а за какањето ни требаше повеќе време, околу 1 месец, ама не му ставав пелена откако одлучивме да се учиме, на нокшир или на шоља, само упорностз зборивање, награди, и сл. За да сфати дека нешто добро прави, да го пофалите, да добие награда, итн итн.
Кажете ми, дали знаете некој асален спреј, сличен на Асидосалус, за заштита од бактерии во нос и грло? Знам дека ништо не е релевантно и сосема ќе ги заштити, ама превентивно нешто да прскам.
Јас користам Lysobact P за во грло и оригано за нос. Е сега не ставам Lysobact P , 3 пати дневно по 5 прскања како што е во упатството, туку еднаш дневно по 2 пати прснувам и не секој ден.
Тој со оригано во нос веќе го ставаме оддамна. А овој за во грло го земав, некој со вкус на банана е, тој ли е?
Да. Тоа во упатството пишува дека ако не помине за 5 дена што и да е , значи не помага спрејот и треба да се бара друго решение пример антибиотик. Затоа велам јас ставам по еднаш дневно и не прскам 5 пати туку 2 или преку еден ден колку за превенција. Прашав во аптека ми рекоа кога сакаш и колку сакаш. Прашај си во аптека да си бидеш сигурна или матичен.
Ние го имаме истото шише две години го користиме и на нас ни течеше/тече ,ама ја најдовме финтата што е ,кога ќе пие и пред да го затворете извлечете го со раце цевчето убаво нагоре па затворете и нема да ви тече