Покрај ова, по Инстаграм гледам им ставаат на децата некои креми (гелови) кога им ги врзуваат косите за да не се разлетуваат влакната. Дали има некои без хемикалии што може да го ставам на две годишно дете (кога ќе треба фризура да направиме) ?
Еј да, и капсулите ги заборавив. Еднаш изумив чии алишта перам и со капсула ги исправ и нејзините, немаше реакција А вадат флеки капсулите повеќе од Фрош си мислам
https://zegin.com.mk/mk/schulke-oktenisept-01-2-rastvor-50-ml со ова дезинфицирам, не сум ставала ништо друго
Пааа нема чист алкохол во него и затоа не пече, на себе кога пробав не ме печеше. Ама децава имаат друг праг на толеранција и само да дувнеш на местото ќе плаче
Не пече воопшто, кај син ми нема реакција кога го прскам со ова. Затоа ми се свиѓа, а и ова малечково пакување е баш практично за носење секаде. Едит: вообичаено само дезинфицирам, ама еднаш имаше подлабока гребаница на незгодно место (позади на глуждот, кај што го допираат патичињата), па ставив банеоцин прашоче на два пати за побрзо да зарасне. Не е идеално, ама од тоа му ставав и на папочето кога беше новороденче
Со 3% хидроген дизинфекција, и ако изгледа подлабоко со бетадине дезинфекција. Да прашам,како правите child protection на Youtube за децата?
Колку долго може да стои сируп цетиризин, има месец дена како е отворен не знам дали може да дадам. ?
Не знам во која тема да пишам па ај овде. Со што да извадам фломастер на кожа? Пробав влажни, ацетон, со ништо не излага.. имаме настан вечерва а ќере го направи брат и ко сипацини да има Цели нозе и раце му се со виолетови точки
Технички нема потреба ако нема индикација некоја. Мојата е со осетлива кожа и од раѓање е со биодерма, па после бањање ставам од нејзе и на лице.
Јас на пример не ѝ ставам секојдневно крем на лицето, освен во лето кога е изложена на сонце, тогаш ѝ ставам крем со заштитен фактор.