Иста ситуација. Јас давам б комплекс, мед, пробиотик, цедени сокови.. тоа. Слаби сме со јадење дури ослабната е скоро 2 кг.
Давај б комплекс,кај мене кога била болна и со намален апетит тоа ја разјадува,мада еве сега од јадачка послабо јаде,незнам до периодов ли е што е,исто и цеден сок од портокал секое утро. Јајцата од препелица над две години може по две дневно мислам,ама правиш пауза после десет дена.Јас ги давам варени или пржени,живи не.
Мајки од што може да е ова? Можно ли е да е од промена на прашок? Или да ја носам на кожно? Аман веќе месецов цел по доктори го поминавме
Ова на егземче некое ми личи. Ако беше од прашок ќе имаше по цело тело, вака ако е само овде, може да е нешто полазано, па со чешање да станало вакво.
И мене на пролазено ми личи. Пробај со лоратадин, ако не се смири тогаш на дерматолог. Исто и локално може со синопен да се мачка..
Мајки,еве пет дена сме со Бактрим антибиотик и дете кака два-три пати во ден од кои еднаш обавезно е течна столицата. Од антибиотикот ли е? Пробиотик редовно си пие еднаш во ден.
кај нас линексот помага сега на одмор давав на големата,пиеше и мм и се среди проблемот со стомакот.Изгледа е индивидуално
Па и кај нас веднаш делуваше линексот, ама овој пат еве послабо. Ваљда дека антибиотиков е со појако дејство.
Така ги имам читано мајките по форуми и од неколку другарки. Јас лично не сум давала линекс. Кај син ми неколку пати до сега добар се покажа нормиа и не го менувам. Како што викаш, валда е индивидуално.
Доста пати имал до сега температура, ама како ова чудо не и незнам колку е веќе нормално ова. Цели два дена и више е со 39.5/40, два пати успеа да спушти 37.5 дури по саат време и два часа додека е под сируп има 38 и после веќе третиот саат 38.5/39.. и се чудиме како да го издржиме до сируп, што не пробавме туш, оцет, масажи... Инаку крвна слика ок, црп 28 вчера, грло не е црвено, ушите добри, а на плуќа има спуштено... и најверојатно бактерија. Од вчера пие антибиотик, не требаше да проделува до сега бар малку?? Му изгоре главана веќе... сварен компир е баш
Незнам прв пат спушта на плуќа... 7-10 дена си подкашлуваше но преку ден ич, само навечер.. а мене не ми изгледаше на нешто страшно и еве до кај дојде работата... Инаку Зинат му дадоа, но го повраќаше и му смени Амоксиклав, слаб да не му е мислам...
Мислам дека не е Амоксиклавот за тоа, треба нешто појако. Зинатот не го раствораат ко што треба во аптека, затоа сите го повраќаат. Од утре би требало веќе да е ок, се издолжило поради смената на антибиотикот. Дај Боже Амоксиклавот да заврши работа. Со помин да е!
Многу беше густ, како прашест.. абе малку само што ке му дадев со се храна враќаше назад... пробав и одеднаш во грло, ама не биваше пак се исповрати.. после од што му се згрози и сируп за темп ми повраќаше, среќа чепчиња имав дома, па му ставив... па сега пак вратени на сирупот сме, ама ни блокмакс, ни далерон, ни чеп повеќе од 4ч не до држи... Се надевам дека од утре веќе ке падне конечно и под 37.5, па дај боже и од вечер, жива ненаспана сум... Фала ти, ке се бориме уште вечер и ако утре нема подобрување ке барам чаре..
Како е? Ако знаеш дека има спуштено на плуќа не ти предложива инфузиски да одат со појак антибиотик? Го однесе пак? Јас од последниот пат што лошо поминав со малава па вака те распрашувам да не ме сфатиш погрешно толку висока т не е од ништо, мојава додуше немаше до толку висока ама лошо кашлаше. Пиши како е
Подобро е фала богу, завчера шлајмови еден тон се исповрати... сум се чудела... си олесна изгледа и после повраќањето запре температурата скроз и еве вчера и денес е супер, само течно многу кака најверојатно од антибиотикот.. а пие пробиотик. Слабо и јаде, но ке се разјаде не се грижам толку за тоа... Фала што не мислиш