Ќе сменела, ќе јадела, немало да пребира, како не. Ама знам дека нема проблем со апетит пошто може да утепа цела кеса смоки. Вие добри со грицките?
Пудинг строго од ванила, смоки никакви, за шмукалчиња да се дави у нив може ама и тие ги пребира какви да бидат
Не завршува, туку како шо расти се повеќе прашува но и повеќе разбира и ќе си прајте ко со голем муабет, ама љубопитни се цело време, прашања милион.
Прашај ја "а ти што мислиш" и ќе го прекинеш кругот на повторувачки прашања . Мојава прашува, не знам, од поодамна, ако немам веќе енергија да одговарам ја прашувам она што мисли и во најголем дел од времето циклусот прашања прекинуваат . А она или ќе даде некој нај бејзик одговор или ќе изненади па да се цепеме од смеење или ќе си преќути мудро.
Женски само моето ли е инает еве не знам. Ви градинка секој саат мочкал во нокшир, ни кажуваат празна пелена цел ден има, а дома кога и да го прашам ми вика "не ми се мочка" а пелената преполна после пола саат, пие многу вода. Многу ми тера инает, за ништо не сака да не слуша.. претходно и играчки собиравме секоја вечер сега ништо. На се одговорот му е нејќам, нејќам, нејќам.... Ќе ме збудале. Инаку е 2 год и 8мес
Јас го искористив инатот на ќерка ми во моја полза. И викав не може ти да мочкаш на адаптерот, јас ќе ти мочкам, и од инат трчаше она мочкаше и така откажавме пелени
Ми треба совет, девојчево ми е 2г и скоро 8м. и не сака да дели играчки, а јас не знам како да реагирам во таква ситуација. Не сакам да и викам дека мора да дели, пошто тоа е нејзино право, а од друга страна деца се па може да се скараат, може да ја одбегнуваат за игра, што знам. Исто знае да се налути ако некое дете и седне на „нејзината“ лулашка или на гости ако ни дојде дете и се заигра со некоја играчка она одма оди да му ја земе. И надвор пример ако носи креди не дава другите деца да и ги земат, а од друга страна она ако начека туѓи креди ги зема и не сака да ги врати. Се мислам да не нешто ние грешно реагираме па се плаши да не и го земат и да не не го добие, ма да не ја казнуваме, може па и многу распуштена е. Инаку сака деца, луѓе, животни, предмети, се сака, љубовна е многу и опуштена е многу и не и е јасно дека не се сите како нејзе, па некогаш знае силно да гушка некое дете или да го тегне за рака да оди со нејзе, било на гости или дома и децава бегаат, ова ми е друг проблем. Ич не сакам да ја карам, некако не прави ништо погрешно, ништо страшно, ама па на другите ако им смета што треба да направам? А, и не слуша.. ако и кажам одиме дома, стани од лулашката, не го стискај детето.. Во вакви ситуации само се надевам дека правилно ќе ја воспитам, ептен ми е страв тоа што ќе го кажам и како ќе изреагирам дали во иднина правилно ќе се одрази.
Затоа одбегнуваме да носиме играчки по надвор, оти кога ќе го пуштам сакам со децата да си игра не да се караат и да плачат заради некоја играчка. И обично му велам само ти ако сакаш да му дајш дај му, ако не сакаш вози си ти или играј си ти. Оти даваме се и после испаѓа моево ништо не поиграло или не се повозило со колата и тоа ќе плачи на крај оти не може да си го земи. А од друга страна ретко некое дете да сподели играчка и општо не даваат. Така да не се замарај.
Здраво мамички,имам ќерќа 2 ипол годинки и никако не знае да се одбрани...и кога сме дома ако ни дојдат гости со деца сите играчки си ги дава и последното да е на друг ќе го даде и таа ќе се повлече..во парк исто така има деца што ја буткаат ја удираат она ништо само се трга настрана и ќе си седне сама во некое ќоше...не знам како да реагирам не сакам да се замерувам сепак тие се деца утре пак ќе си играат ,но од друга страна ми е жал што е многу наивна ...сака на сите да им погоди..
Не оди...и со тоа имам проблем мм сака да ја пуштиме јас не сакам од страв да не се разболи бидејки беше многу болна и неколку пати бевме хоспитализирани и мн стрес добив од тоа ...јасно ми е дека градинка е тоа нормално е има вируси сите го поминале тоа ..ама веќе од септември ја пуштам обавезно мора да научи да си се одбранува . Белким ќе знае да дели играчки и да си го цени своето истовремено ))
Здраво мајки, Две ипол години сме, последната недела заспива многу доцна накај 12, пред тоа докај 10 заспиваше истата рутина ја имаме, ама онака пун енергија сам станува оди чита книги си игра, ние веќе капнати сме. И денски исто многу тешко ни оди успивањето Дали и вашите тој период имаа нешто вака или не Од друга страна во процес сме на одвикнување на пелени веќе неколку дена кажува за мочкање и го фрли и цуцето три дена ама ова неспиењето е од пред тоа и со цуце исто правеше.. не знам што го мачи
Јас одамна го сменив Фрошот, не ми вади никако флеки . Сеуште ги перам посебно алиштата. Перам со ариел подс. Козметика веќе не внимавам толку многу … Имам и бекутан и хип … кога беше бебе само со Биодерма и Веледа ја бањав и мачкав. Сега Еуцерин.
Jас да ти одговорам, некогаш користам омекшивач, некогаш не зависи. За флеки користам Омино бианко, од Кам го земам. Аиштата не ги пеглам, само по потреба ако е мн изгужвано, до 1 година ги пеглав, веќе не.
Каков омекнувач користиш и прашок? Јас му немам ставано омекнувач, се со течен, прво Персил бебешки, па после сменив на фрош кога персилот отиде скоро дупло
Некогаш пеглам некогаш не . Повеќе ги сушам во машина. Не живеам во мк па овде не е толку жешко . Омекнувач не користам. Капсулите мирисаат сами по себе. Инаку за флеки најефикасно ми е кога ставам сјај за машина на самата флека.